Ноќ на вештерките: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Наводи: clean up, replaced: Листа на → Список на using AWB
с →‎Наводи: Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат (6) using AWB
Ред 40:
Фенери од тиква (Jack-o'-lantern) со страшен
изглед, високи 3 стапки (91,44 cm)
Зборот Ноќ на вештерките (Halloween) за прв патпрвпат е употребен во 16-тиот век и претставува шкотска варијанта на целосниот назив Ноќта на Сите Свети (All Hallows' Even ('evening')), односно, ноќта пред Денот на Сите Свети. Иако фразата Сите Свети (All Hallows') се среќава и во Стариот англиски (ealra hālgena mæssedæg, ден на миса за сите светци), изразот Ноќта на Сите Свети се споменува дури во 1556 година.
<br>'''<big>Историја</big>'''<br />
'''Келтски влијанија'''
Ред 72:
Прелажи-или-почести во Шведска
Прелажи-или-почести е вообичаена прослава за децата на Ноќта на вештерките. Децата преоблечени во костуми/маски одат од куќа до куќа, барајќи да им се дадат колачиња, а понекогаш и пари, со прашањето, "Прелажи или чести?" Зборот "прелажи" се однесува на (воглавно празна) "закана" дека ќе се изведе некоја шега/палавост/ на сопственикот на куќата или на неговиот имот доколку не бидат почестени.
Во Шкотска и Ирска, преоблекувањето - деца преоблечени/маскирани во разни костуми одат од врата до врата барајќи храна или парички - е традиционален обичај за Ноќта на вештерките, забележан во Шкотска во 1895 год. на Ноќта на вештерките каде маскираните носеле фенери од репка и ги посетувале домовите барајќи да бидат наградени со колачи, овошје и пари. Обичајот да се маскираат на Ноќта на вештерките, во Северна Америка, за прв патпрвпат е забележан во 1911 год., кога еден весник во Kingston, Ontario известил за тоа дека маскирани деца кружеле низ соседството.
Американскиот историчар и автор Ruth Edna Kelley од Massachusetts ја напишала првата книга за историјата на Ноќта на вештерките во САД; Книга за Ноќта на вештерките/The Book of Hallowe'en (1919 год.), каде во главата "Ноќта на вештерките во Америка" пишува за коледарење/souling/ (одење од куќа до куќа, при што се пее песничка и се собираат пари, храна, пијалоци, нешто слично како нашите коледари):
Вкусовите во однос на забавите на Ноќта на вештерките денес подразбираат проучување на старите традиции, и одржување шкотски забави, користејќи ја поемата на Burn's Ноќта на вештерките како водич; или да се оди од куќа до куќа (коледарење) како што тоа го правеле Англичаните. На кратко, ниту еден поранешен обичај од Ноќта на вештерките не се смета за застарен денес.
Во нејзината книга, Kelley зборува и за обичаите кои дошле од другата страна на Атлантикот; "Американците ги усвоија и се трудат ова да биде настан кој ќе личи на она што мора да се случувало во најдобрите времиња. Сите маски/костуми за Ноќта на вештерките во Соединетите Држави се позајмуваат или прилагодуваат директно од оние од другите земји". Додека "преоблекувањето/маскирањето" во Северна Америка за прв патпрвпат е забележано во 1911 год., друг запис за ритуалното питачење на Ноќта на вештерките се јавува, местото е непознато, во 1915 год., а третото во Чикаго во 1920 год.
Првиот печатен запис на терминот "прелажи или почести" се појавува во 1927 год., од Блеки, Алберта, Канада:
Ноќта на вештерките даде можност за навистина напорна забава. Не е направена никаква вистинска штета освен на расположението на некои кои мораа да бараат тркала од запрежни коли, врати, запрежни коли, буриња и т.н., а повеќето од овие ја украсија главната улица. Младите мачители беа на предната и задната врата барајќи плен во храна со зборовите “прелажи или почести” на што домаќините со задоволство одговараа и ги испраќаа разбојниците со радост.
Илјадници разгледници со мотиви од Ноќта на вештерките произведени на преминот во 20-тиот век и 1920-тите обично прикажуваат деца но не и прелажи-или-почести. Издавачот на една колекција од преку 3.000 традиционални разгледници за Ноќта на вештерките, пишува, "Има разгледници кои го споменуваат обичајот [прелажи-или-почести] или прикажуваат деца облечени во костими како стојат на врата, но колку што нѝ е познато тие се печатени после 1920-тите, а повеќе од веројатно е дека се дури од 1930-тите. На раните разгледници се прикажани измамници од различен вид, но не и начините и средствата со кои истите се смируваат ". По сè изгледа дека обичајот прелажи-или-почести не станал широко распространет сè до 1930-тите; терминот во САД за прв патпрвпат се јавува во 1934 год., а прв патпрвпат е употребен во државна публикација во 1939 год.
Луѓе облечени во костуми за Ноќта на вештерките во Даблин, Ирска.
Ред 106:
Хумористични надгробни плочи пред една куќа во северна Калифорнија.
Опседнатите атракции се забавни места замислени да ги возбудат и заплашат фановите. Повеќето атракции претставуваат сезонски бизниси за Ноќта на вештерките. Потеклото на овие застрашувачки места, за чија посета се наплаќа, е тешко да се одреди, но генерално е прифатено дека за прв патпрвпат ја користеле невладината младинска организација Junior Chamber International (Jaycees) за собирање средства. Тука спаѓаат куќи со духови, пченкарен лавиринт, и возење во камион, запрежна кола или санка украсена со сено, а со напредокот на индустријата се подигнало и нивото на софистицираност на ефектите. Опседнатите атракции во Соединетите Држави се проценува дека носат околу 300–500 милиони долари годишно и привлекуваат околу 400,000 посетители, иако според извори од печатот од 2005 се шпекулира дека индустријата во тој период го достигнала својот врв. Развојот и напредокот на индустријата довел до технички понапредни специјални ефекти и костими, кои можат да се споредуваат со оние од холивудските филмови.
Храна