Хераклеја Синтика: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична исправка, replaced: византискиот император → византискиот цар using AWB
с Правописна исправка, replaced: Прв пат → Првпат (2) using AWB
Ред 3:
 
== Истражувања ==
Прв патПрвпат се спомнува во списание „Пирин“ (1930-1931) а го идентификувале со античкиот град Петра. Тоа гледиште е подржано од [[Димитар Дечев]] и [[Атанас Милчев]], кој и прв организира истражувања во 1958 година. [[Борис Геров]], [[Георги Михајлов]] и [[Фанула Папазоглу]] сметале дека тоа е друг антички град - [[Ортополис]] или [[Тристолос]]. Истражуван е делумно и во 1979-1980 година. Спорот за името на градот е решен во 2002 година од [[Георги Митрев]] (Пловдивски универзитет), кога е пронајдена мермерна стела од 308 г.н.е. со натпис на латински јазик, кој докажува дека тука е токму '''Хераклеја Синтика'''. Бргу по тоа е пронајден и обjавен од Георги Митрев и втор натпис, кој конечно и го решава прашањето [http://aim.sofianet.net/contentFiles/Arh_2005_14_summary_21.pdf].
 
== Историја ==
Прв патПрвпат градот се спомнува од [[Тит Ливиј]] како „Heraclea ex Sintis“. Предпоставува се дека е основан во последната четвртина на IV век пр. н.е. од кралот [[Касандар]]. Исто така се предпоставува дека пред тоа бил центар на [[Синти]]те. По завладувањата на [[Филип II Македонски]], во реонот се изградени повеќе градови. Македонската колонизација е продолжена од [[Александар III Македонски]] и [[Касандар]]. Ова подрачје станува дел од македонската држава а пајонските племиња од македонскиот народ. Популарно е како „Македонската Парорбелија“, слично на денешното „Подгорје“ за северното подножје на планината [[Беласица]]. Подоцна тука ќе биде прва област на Македонија под Рим со центар [[Амфипол]], а од 148 г.пр.н.е. провинција Македонија.
 
Пак [[Тит Ливиј]] раскажува за убиството на Деметриј, син на [[Филип V Македонски]]. Извршено е од македонскиот управител на [[Пајонија]] - Дида, а организирано од [[Персеј]]. Филип го испратил Деметриј заедно со Дида (со заповед да го убие) во [[Астајон]], а Персеј во [[Амфипол]]. Персеј извршил жртвување во градот Хераклеја, на кое бил повикан и Деметриј. Отпрвин бил отруен, а потоа и удушен во неговата соба додека се мачел од Тирзис от [[Стибера]] и Александар от [[Бероја]]. Досега се сметаше дека тоа е извршено во [[Хераклеја Врскаестис]], но податоците на Ливиј укажуваат на „Хераклеја Стримонска“. Истиот управител на [[Пајонија]] е спомнат и на собранието во [[Китион]], организирано од [[Персеј]] пред почетокот на [[Трета Македонска војна]], каде бил командант на 3000 пеони, „траки“ и агриани од областите Парорија и Парастримонија. Се смета дека тие имиња одговараат на областа Парорбелија, спомната од [[Страбон]] (63 г.пр.н.е. – 19 г.н.е.) и дури со Орбелија по [[Клавдиј Птоломеј]]. На истото собрание учествувал и Асклепиодот од Хераклеја од областа Синтика, кој раководел со 2000 „гали“.