Јулијан Отпадникот: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична Исправка, replaced: Римската империја → Римското Царство (2) using AWB
с Правописна исправка, replaced: втор пат → вторпат, трет пат → третпат, Прв пат → Првпат using AWB
Ред 23:
=== Војни во Германија ===
 
Иако без воено образование Јулијан се покажал како одличен војсководец. Тој веднаш тргнал кон Галија, ја поминал зимата во [[Виена]] вежбајки се упорно. Живеел доволно просто, јадел храната на обичниот војник, спиел завиткан во овчо крзно, а ноќе работел административна работа и пишувал филозофски дела. Летото на [[356]] година навлегол во Германија. Дел од [[Алемани]]те ги уплашил со самото свое појавување, а други победил во битката кај Бротомаг. Вратил под римска власт [[Келн|Колонија Агрипина]]. Барбарите биле победени но не и покорени. Тие наново се собирале за судир со римјаните. Јулијан се вратил назад, за да ја помине зимата во [[Сенона]], каде дури бил опсаден од нив неколку месеци. Есента на [[357]] настапил против [[Германци]]те, дошол кај бреговите на реката [[Рајна]] и подигнал старата римска тврдина Три Таберни, наскоро заземена и уништена од Алеманите. Главниот судир со нив се одржал кај градот [[Стразбур|Аргенторатум]], каде со 13000 војска ги поразил [[Алемани]]те ([[Битка кај Стразбур]]). Јулијан решил дека тоа не е доволно и ги бркал на другиот брег на Рајна, палејќи и уништувајќи ги нивните села. Гледајќи го страшното пустошење алеманските цареви понудиле мир. Тој се согласил на десетмесечно примирје и се вратил во Галија. Во [[358]] година ги нападнал и победил и [[Франки]]те, форсирал реката [[Рајна]], опустошил германските земи и востановил тврдините од времето на [[Трајан]]. Франките биле натерани да питаат мир. Им доделил римско поданство и ги населил во [[Токсандрија]]. Следни на удир биле [[Хамави]]те. Многу од нив биле убиени а останатите избркани надвор од границите на империјата, назад во [[Хамаланд]]. На сето ова Константиј II гледал со сомнеж и завист. Тогаш по втор патвторпат се обатил против Алеманите, ја минал [[Рајна]] и навлегол длабоко во [[Германија]]. Разбеснетите војници убивале луѓе и стока, палеле без поштеда. Уплашени алеманските цареви еден врз друг молеле за мир. Јулијан ги задолжил да дадат заробеници и да обезбедат градежен материјал за тврдини. Во [[359]] биле изградени наново сите римски гранични градови. Истата година за трет паттретпат ја преминал [[Рајна]] и победил останатите цареви, коишто не се биле предале и биле присилени да се согласат на мир. Така за четири години војни ја зацврстил западната граница на империјата и добил толку успехи, колку што никој не очекувал од него.
 
=== Прогласување ===
Ред 31:
== Управување ==
[[Податотека:EPMA-10401-CILIII459-Julian letter-3.JPG|thumb|right|180px|Писмо-указ на Јулијан до Секунд, префект на Истокот за ситни судски дела. Копија на латински, најдена во Аморгос.(Епиграфски музеј на Атина)]]
Прв патПрвпат Јулијан администрирал во [[Галија]]. Негов главен приоритет бил да ги избрка барбарите надвор од римската територија. За да успее му била потребна помошта на локалното население. Сметал дека е неопходно да обезбеди сигурен мир во опустошените подрачја. Поради таа причина се појавиле недоразбирања меѓу него и префектот [[Флорентиј]], чиј намери за покачување на даноците ги сметал за штетни, како и корупцијата и бирократијата, што владееле секаде. Дури го презел лично управувањето на провинција '''Belgica Secunda''' (Втора Белгија), за да има контрола над корумпираните даночници.
 
Кога седнал на императорскиот престол се зафатил со низа административни реформи. Неговиот личен аскетизам нашол одраз и во живот во дворецот. Најпрвин формирал трибунал за истрага и казнување на корумпираните службеници на [[Константиј II]]. Некои од нив биле осудени на смрт, други фрлени во затвор,а најповеќе биле избркани од дворецот, така што според современиците личел на пустиаа. Биле исфрлени илјадници слуги, евнуси, готвачи итн., т.е. сите непотребни луѓе. Тоа бил неговиот напад врз стариот систем, неефективен, корумпиран, скап и расипнички. Биле разрешени стотици тајни агенти и административни службеници. Неговата трпеза често била само од обично овошје и бил неуморен во работата. За време на денот решавал управнички прашања, давал аудиенции, диктирал писма, а вечер во библиотеката работел на други дела. Како што самиот пишувал често бил со несечени нокти и црни прсти, не носел диадема. Во обраќането бил прост и сакал да имитира добродетелта на првите принцепси. Кога биле бирани нови консули ги пресретнувал стоејќи, а по тоа ги придружувал одејќи пеш. Често посетувал константинополскиот сенат и одржувал говори, со што таа пројава на стара републичка традиција ги воодушевувала современиците.