Разлика помеѓу преработките на „Блек сабат“

Одземен 11 бајт ,  пред 8 месеци
с
→‎top: Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат (10), втор пат → вторпат using AWB
(→‎top: clean up, replaced: листа на → список на (3) using AWB)
с (→‎top: Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат (10), втор пат → вторпат using AWB)
Блек сабат беше издаен на петок 13ти во февруари 1970 година. Албумот се искачи на 8мо место на листата на албуми во Британија (UK Albums Chart), и откако се пушти во продажба во САД и Канада во мај 1970 година издаен од Варнер брос рекордс, албумот достигна до 23то место на Билборд 200, каде се задржа повеќе од една година. Иако албумот доживеа комерцијален успех, беше многу критикуван. Во една рецензија во Ролинг стоун Лестер Бенгс го опиша како “нескладна импровизација со бас и гитара брзо испреплетувајќисенад други музички периметри, без никаква синхронизација”. И покрај критиките албумот се продаде во значителни бројки, изложувајќи го бендот на првите комерцијални успеси. Оттогаш албумот е сертифициран платинум и во САД од Здружение на индустријата за снимање на АмерикаRecording Industry Association of America (RIAA),и во Британија од Британската фонографска индустрија (British Phonographic Industry (BPI).
За да профитираат од топ-листите во САД, бендот се врати во студио во јуни 1970 година, оп само четири месеци откако го издадоја “Блек Сабат”. Новиот албум првично требаше да се вика “Свињи на војната” (War Pigs) по песната “Свињи на војната”, која беше критична во однос на војната во Виетнам. Како и да е “Ворнер” го сменаја името во “Параноид”. Синглот со кој албумот започнува,“Параноид”, е напишан во студиото во последен момент. Бил Ворд објаснува: “Немавме доволно песни за албумот, и Тони само го отсвири рифот од “Параноид”на гитарата и тоа беше тоа. Потребни беа дваесет, дваесет и пет минути од почеток до крај на песната”. Синглот беше издаен во септември 1970 година и достигна до четвртото место на топ-листите во Велика Британија, останувајќи единствениот топ десет хит на Блек Сабат. Поттикнат од успехот на синглот “Параноид”, албумот достигна до првото место на топ-листите во Британија во октомври 1970 година.
Издавањето во САД беше одложено за јануари 1971 година, а кога “Параноид” се издаде во Велика Британија, албумот “Блек Сабат”сè уште беше на топ листите. Албумот достигна број 12 во САД март 1971 година,каде и ќе се продаде во четири милиони копии практично без да се пушта на радио. Како и “Блек Сабат”, албумот е остро критикуван од на рок критичаритево тоа време, но современите критичари како Стив Хјуи од “Allmusic”го класифицираат “Параноја” како "еден од најдобрите и највлијателните хеви метал албуми на сите времиња", и албум што го "дефинира звукот и стилот на хеви металот повеќе од било кој друг албум во рок историјата ". Во 2003 година, албумот беше рангиран на 130то место на листата “500 Најдобри албуми на сите времиња” на списанието Rolling Stone. Успехот на топ-листите на “Параноја” му овозможи на бендот за прв патпрвпат да оди на турнеја во САДво октомври 1970 година, што предизвика издавање на вториот сингл од албумот "Железен човек". Иако синглот не успеа да се пласира помеѓу најдобрите 40, "Железен човек" останува една од најпопуларните песни на Black Sabbath, како и највисоко пласиран сингл на бендот во САД се до 1998 година кога го издадоја“Психо човек”.
 
“Господар на реалноста” (Master of Reality) и “4то издание” Volume 4 (1971–1973)
После светската турнеја “Господар на реалноста” Блек Сабат ја направија првата пауза во три години. Бил Ворд појаснува: "Бендот почна да станува поисцрпен и поуморен. Бевме на турнеја нон-стоп, секоја година и постојано снимавме. Мислам дека “Господар на реалноста” беше како на крај на една ера, на првите три албуми, и после него одлучивме да работиме на наредниот албум”.
Во јуни 1972 година, бендот продолжи со работа на нивниот следен албум во Лос Анџелес во “Рекорд Плант” (Record Plant). Процесот на снимање беше преплавен од проблеми, а многу од нив беа резултат од злоупотреба на супстанции. Бил Ворд беше речиси отпуштен од бендот. "Јас ги мразев песната, имаше некои шеми кои беа едноставно ... ужасни" изјави Бил. На крајот ја снимив, но потоа сите беа ладни кон мене:“Па, само оди си дома, не си повеќе корисен во моментов”.Сечувствувавкакодаја имам оплескано работата, за малку ќе ме избркаа од бендот".Првичниот наслов на албумот беше “Снежно слепило” (Snowblind)поистоимената песна, чија тематика езлоупотребанакокаин. Издавачкатакуќавопоследенмомент госменинасловотво“4то Издание на Блек Сабат” (Black Sabbath Vol. 4), а на тоа Ворд одговори “Немаше издание 1,2 и 3, и затоа тоа е навистина глупав наслов”.
“4то Издание на Блек Сабат”беше издадено во септември 1972 година, и додека критичарите гледаја со презир на издавањето на албумот, тој достигна до статус златен албум за помалку од месец и беше четврт по ред албум на бендот што се продаде во милион копии во САД. Со повеќе време во студиото, во 4то издание, се гледа дека бендот почнува да експериментира со нови структури како жици, пијано, оркестрација и песни со повеќе делови.Песната "Утрешен сон"(Tomorrow’s Dream) беше издадена како сингл, првиот сингл на бендот после Paranoid, не успеа да се пласира на топ-листите.По голема турнеја на САД, бендот отпатува во Австралија и Нов Зеланд за прв патпрвпат во 1973 година, а подоцна и во континентална Европа.
 
“Сабат крвав Сабат” (Sabbath Bloody Sabbath) и “Саботажа” (Sabotage) (1973–1976)
 
После светската турнеја “4то Издание” Блек Сабат се вратија во Лос Анџелес за да почнат да работат на нивниот следен албум. Задоволни со албумот “4то Издание”, бендот се обиде да ја рекреира атмосфератана снимање и се врати во студиото “Рекорд Плант” во Лос Анџелес. Со новите музички иновации од тој период, бендот се изненади што откри дека собата на “Рекорд Плант” која ја користеле претходно беше заменета од "џиновски синтисајзер". Бендот изнајми куќа во Бел Ер и почна да пишува песни во летото 1973 година, но поради злоупотреба на супстанции и замор, тие не можеа да ги завршат сите песни.“Не произлегувавме со идеи како на “4то издание” и бевме навистина незадоволни” изјави Ајоми.“Ситеседeјатамуи чекаамене да ми текненешто. Неможевдамисламнаништо.И акомене неми текнеше ништо, никојнебисторилништо”.По еден месец во Лос Анџелес без никаков резултат, бендот реши да се врати во Англија, каде што го изнајми замокот Клирвел во Шумата на Дин. “Вежбавме во занданитеи тоа беше навистина морничаво но имаше некоја атмосфера, од која произлегуваа работи и повторно почнавме да смислуваме нови идеи”.Додека работеа во зандана, Ајоми тетеравеше врз главниот риф на "Сабат крвав Сабат", кој го одреди тонот за новиот материјал. Новите песни,снимениод Мајк Бучер во студијатаМорган во Лондон, и базирајќи се врз стилските промени воведени во“4то Издание”, вклучуваат синтисајзери, жици, и комплицирани аранжмани.
Во ноември 1973 година, Блек Сабат го издаде "Сабат крвав Сабат", кој беше прифатен од јавноста.За прв патпрвпат во својата кариера, бендот почна да добива позитивни критики во трендовските медиуми. Имено,Гордон Флечер од Ролинг Стоун го опишува албумот како "извонредно возбудлива афера" и "ништо помалку од целосен успех".Подоцна рецензентите како Едуардо Ривадавиаод Ол мјузик го оценуваат албумот како "ремек-дело, од суштинско значење за секоја хеви метал колекција", а исто така наведуваат дека прикажува"новооткриената смисла на стил и зрелост". Албумот означен како петти последователен албум на бендот кој се продаде во платинумски тираж во САД, се искачи до 4ѕо место на топ-листите во Велика Британија, а на 11то место во САД.
Бендот започна светска турнеја во јануари 1974 година, која кулминираше со фестивалот Калифорнија Џем во Онтарио, Калифорнија на 6 април 1974 година. Привлекувајќи повеќе од 200.000 фанови, Black Sabbath се појави заедно со рок и поп гиганти на седумдесеттите Дип П’рпл, Иглс, Емерсон, Лејк и Палмер, Рер ‘Рт, Силс и Крофтс, Блек Оук Арканзас, и Земја, ветер и огин (Earth, wind and fire).Делови на шоуто беа емитувани на “Еј Би Си”телевизија во САД, што го изложи бендот пред пошироката американска публика. Во истата година, бендот го смена менаџерот, потпишувајќи со озлогласениот англискиот менаџер Дон Арден.Овој потег предизвика договорен спор со поранешниот менаџерна Блек Сабат, а во меѓувреме на Ози му беше врачен налог за судски процес од времетраење од две години.
Во февруари 1975 година Блек Сабатпочна да работи на својот шести албум, повторно во Англија, воСтудијатаМорган во Вилзден, овој пат со одлучувачка визија да годиференцираат звукот на албумот од "Сабат крвав Сабат". "Можевме да продолжиме се така натаму, да станеме повеќе технички, со користење на оркестри и се друго што ние лично не го сакавме. Се погледнавме себеси и си рековме сакаме да направиме рок албум, што "Сабат крвав Сабат" и не беше. Саботажа беше издаден во јули 1975 година, а продуценти беа Блек Сабат и Мајк Бучер. Како и неговиот претходник, албумот доби позитивни критики, меѓу кои критиката на Ролинг Стоун:"Саботажа не е само најдобар албум наБлек Сабатпосле“Параноја”, туку можеби и најдобар досега".
“Техничка екстаза”(Technical Ecstasy)и “Никогаш не вели умри!” and (Never Say Die!) (1976–1979)
 
Во јуни 1976 годинаБлек Сабатпочнадаработинанивниотследеналбумвостудијата КритеријавоМајами, Флорида. За да ги усоврши својот звук, бендот го додаде клавијатуристот Гери Вудруф, кој исто така гостуваше на“Саботажа”.“Техничка екстаза”, кој беше издаден на 25 септември 1976 година, беше облеан со мешани критики.За прв патпрвпат коментарите не се подобруваа како што одминуваше времето; Дведецениипонеговото издавањеОл мјузик мудадедвеѕвездинаалбумот, и истакнадекабендот е "разоткриендоалармантнастапка”.Албумот содржи помалку од бавниот, застрашувачки звук на претходните песни, а вклучува повеќе синтисајзери и побрзи рок песни.“Техничка екстаза”успеа да се пласира меѓу најобрите 50 во САД, и беше втор албум на бендот по ред што не постигна платинест статус, меѓутоа подоцнаво 1997 годинаму се додели златна плоча. Албумот гисодржи "Валкани жени" (Dirty Women), кој останува главна песна во живо, како и првата песна со Бил Ворд како главен вокал "Тоа е Добро”(That’s Allright). Турнејата за “Техничка екстаза” започна во ноември 1976 година во САД, каде предгрупи беа Бостон и Тед Нуџент, а заврши во Европа во април 1977 година, со Еј-Си Ди-Си (AC DC)како предгрупа.
Во ноември 1977 година, додека бендот правеше проба за нивниот следен албум, само неколку дена пред да влезат во студио, Ози Озборн го напушти бендот."Последната албуми на Сабат беа едноставно премногу депресивни за мене", рече Озборн. "Јас го правев за доброто на она што може да извлечемеод издавачките куќи."На пробите во октомври 1977 година беше донесен поранешниот вокалист на Флитвуд Мек и Савој Браун, Дејв Вокер, и бендот почна да работи на нови песни. Блек Сабатизлегоја на својот прв и единствен настап со Вокер на вокали на телевизиската прграма на Би-Би-Си "Гледај! Слушај!”каде отсвирија рана верзија на песната "Очите на Јуниор” (Junior’s Eyes).
Озборн, започна да формира соло-проект, каде членуваа поранешите членови на Д’рти Трикс (Dirty Tricks) Џон Фрејзер-Бини, Тери Хорбри и Енди Бим. Новиот бенд почна со проби во јануари 1978 година, но Озборн се премисли и се врати во Блек Сабат. “Три дена пред да одиме во студио, Ози реши да се врати во бендот", објаснува Ајоми". Тој не сакаше да пее ниедна од песните кои ги напишавме со другиот, па тоа ја отежна работата. Влеговме во студиото во суштина без песни. Пишувавме рано наутро за да можеме да пробуваме и да снимаме навечер. Тоа беше многу тешко, како подвижна лента, затоа што не можеш да добиеш време да размислуваш за нешто. "Дали е ова точно? Дали она работи правилно? Тоа за мене беше многу тешко, толку набрзо да ми произлезат идеи и да ги составам.
Бендот за време пет месеци во Саундс Интерчејнџ Студијата (Sounds Interchange Studios) во Торонто, Канада, го напишува и сними албумот ”Никогаш не вели умри!” (Never Say Die!)."Тоа е навистина долго време", изјави Ајоми. Многу се дрогиравме, навистина многу. Ќе одевме на сесија и моравме да се завршиме пред време и да си одиме бидејќи бевме премногу издрогирани. Никој не можеше да направи ништо како што треба, бевме расфрлани насекаде, сите свиреја различно. Се враќавме дома, преспивавме и се обидувавме повторно следниот ден".Албумот е издаден во септември 1978 година.Достигна до12то место во Велика Британија, и 69то во САД. Коментарите во весниците беа негативни и не се подобрија. Две децении по издавањето на албумот, Едуардо Ривадавиа од Ол Мјузик нзјави дека“несконцентрираните песни од албумот совршено рефлектираат на личните проблеми и консумирањето дрога на членовите од бендот”.На албумот се најдоја сингловите”Никогаш не вели умри!” (Never Say Die!)и "Тежок пат" (Hard Road), и двете влегоја меѓу најдобрите 40 во Велика Британија, а бендот излезе на нивниот втор настап на “Врвот на популарните” (Top Of The Pops), каде ја отсвирија”Никогаш не вели умри!” (Never Say Die!). За речиси 20 години албумот доби сертификат за златна плоча.
Во мај 1978 започна турнејата за ”Никогаш не вели умри!” (Never Say Die!) со Ван Хален (Van Halen) како предгрупа.Критичарите за изведбата рекоја дека е “уморна и неинспирирана”, целосен контраст на "младешкиот" настап на Ван Хален, коиза прв патпрвпат беа на светска турнеја. Во јуни 1978 година Блек Сабат снимија еден настап на Хамерсмит Одеон, кој подоцна беше издаден на DVD под името ”Никогаш не вели умри!” (Never Say Die!).Последниот настап од турнејата, воедно и последниот настап на Озборн со бендот (до подоцнежното повторно соединување), беше во Албакрки, Њу Мексико на 11 декември.
После турнејата, Блек Сабат се вратија во Лос Анџелес и повторно изнајмија куќа во Бел Ер, каде што поминаа речиси една година работјќи на материјалот за следниот албум.Во 1979 година, по притисок од издавачката куќа, и фрустрациитепоради недостатокотод идеи на Озборн, Тони донесе одлука да го отпушти Ози Озборн од бендот. "Во тоа време, Ози бешепри крај", рече Ајоми. "Сите многу се дрогиравме, многу кокаин, се по многу и Ози во тоа време премногу се пијанеше. Требаше да се проба,а ништо не се случуваше. Тоа изгледаше вака:"Ќе правиме проба денес? Не, утре ќе правиме”. Тоа се влоши премногу што не правевме апсолутно ништо. Едноставно згаснавме”. Тони го избра Тапанарот Бил Ворд, кој беше близок со Озборн, да му ја соопшти веста на пејачот. “Се надевам дека бев професионален, всушност може и да не бев. Ужасен сум кога сум пијан, дури и одбивен”вели Ворд. “Алкохолот дефинитивно беше една најштетните работи заБлек Сабат. Бендот беше отровен, многу отровен”.
 
По завршувањето на турнејата “Повторно роден” во март 1984 година, пејачот Јан Гилан ги напушти Блек Сабат за повторно да се придржи на Дип Парпл, кои се реформираа после долг јаз. Беван си отиде во истото време, а Гилан забележа дека тој и Беван беа направени да се чувствуваат “изнајмена помош“ од Ајоми. Бендот потоа регрутираше еден непознат пејач од Лос Анџелес по име Дејвид Донато. Новата постава пишуваше и вежбаше низ целата 1984 година, и на крај сними демо снимка со продуцентот Боб Езрин во октомври. Несреќни од резултатите, бендот се збогува Донато нешто подоцна. Разочаран со променливоста на поставата басистот Гизер Батлер ги напушти Блек Сабат во ноември 1984 година и формира соло бенд. “Кога Јан Гилан го дојде тоа беше крај за мене“, рече Батлер подоцна. “Јас мислев дека тоа е само шега и јас тотално си отидов. Кога се состанавме со Гилан, тоа не требаше да биде албум на Блек Сабат. Откако го направивме албумот му го дадовме на Варнер Брос, тие рекоа дека ќе го пуштат во продажба како албум на Блек Сабат а ние немавме глас. Јас бев навистина разочаран од него а Гилан многу се налути. Тоа траеше еден албум и една турнеја и тоа беше тоа.“
 
Откако Батлер си замина, единствениот преостанат првобитен член Тони Ајоми ја постави Блек Сабата на јаз, и започна работа на соло албум со клавијатуристот Џеф Николс, кој беше долго време во Блек Сабат. Додека оригиналната постава на Блек Сабат работеше на нов материјал, им беше понуден спот во хуманитарниот концерт Live Aid на Боб Гелдоф; бендот се согласи, и имаше настап во Филаделфија, на 13 Јули 1985 година. На тој настап првобитната постава за прв патпрвпат се појави на сцената после 1978 година, заедно со повторни соедитите Ху и Лед Цепелин. Враќајќи се на својата соло работа Ајоми го ангажира басистот Дејв Шпиц и тапанарот Ерик Сингер, и првобитно имаше намера да користи повеќе пејачи, вкључувајќи го и Роб Халфорд од Џудас Прист, поранешниот пејач на Дип Парпл и Трапез, Глен Хјуз, и поранешниот пејач на Блек сабат, Рони Џејмс Дио, но овај план не излезе како што предвидуваше тој. “Сакавме да користиме различни пејачи на албумот, пејачи гости, но беше толку тешко да се соберат и да се издадат од нивните издавачки куќи. Глен Хјуз дојде да пее на една песна и одлучивме да го користиме на цекиот албум.“
 
Бендот го помина преостанатиот дел од годината во студио, снимајќи го “Седмата ѕвезда”. Ворнер Брос, одби да го издаде албумот како соло издание на Тони Ајоми, наместо тоа инсистираше да се издаде под името Блек Сабат. Под притисок на менаџерот на бендот, Дон Арден, двајцата најдоа компромис и го издадоа албумот како “Блек Сабат со Тони Ајоми“ во јануари 1986 година. “Тоа навистина отвори цела конзерва со црвја“, објасни Ајоми, “бидејќи јас мислам ако го направевме како соло албум, тој ќе беше многу повеќе прифатен“. Седмата ѕвезда, која што малку звучеше како албум на Блек Сабат, содржеше повеќе хард рок елементи популаризирани со хард рок сцена на Sunset strip од 1980те, и беше критикувана тогаш, иако подоцна рецензентите, како на пример Allmusic му дадоа поволни рецензии на албумот, нарекувајќи го “често несфатен и потценет“.
Блек Сабат почна да работи на нов материјал во октомври 1986 година во Еар студијата во Монтсерат со продуцентот Џеф Гликсман. Снимањето беше проследено со проблеми од почетокот, бидејќи Гликсман си замина после почетните сесии, и беше заменет со продуцентот Вик Коперсмит – Хевн. Басистот Дејв Шпиц си замина заради “лични проблеми“, а поранешниот басист на Рејнбоу, Боб Дејсли ги пресними сите бас траки, и текстовите на песните на албумот, но пред албумот да биде завршен, тој го напушти бендот за да му се придружи на придружниот бенд на Гери Мур, и земајќи го со него и тапанарот Ерик Сингер. После проблемите со вториот продуцент Коперсмит-Хевн, бендот се вратил во Морган студијата во Англија во јануари 1987 година за да работи со новиот продуцент Крис Цангаридес. Додека работеле во Велика Британија, новиот пејач Реј Гилен изненадно ги напуштил Блек Сабат за да го формира бендот Blue Murder со Џон Сајкс. Бендот го ангажирал поранешниот пејач на Alliance, Тони Мартин, за да ги пресними песните на Гилен и поранешниот тапанар на Electric Light Orchestra, Бев Беван, за да се завршат неколку дуплирања на перкусиите. Пред издавањео на новиот албум, Блек Сабат прифати понуда да настапат на шест концерти во Сан Сити, Јужна Африка за време на ерата на апартхејдот. Бендот ја навлече критиката од активистите и артистите вклучени во “Обединети уметници против Апартхејдот” (Artists United Against Apartheid), кои ја бојкотираа Јужна Африка уште од 1985 година. Тапанарот Бев Беван одби да свири, и го замени Тери Чајмс од Клеш.
 
После скоро една година продукција, “Вечниот идол” беше пуштен во продажба на 8 декември 1987 година и беше игнориран од современите рецензенти. Директните ревизии на интернет ерата беа измешани. Allmusic рекоа дека “силниот глас на Мартин додал нов оган на бендот“, а албумот содржел “некои од најтешките рифови на Ајоми.“ Блендер му даде на албумот две звезди, изјавувајќи дека албумот бил “Блек сабат само на име“. Албумот достигна на број 66 во Велика Британија, а на 168 место во САД. Бендот имаше турнеја за поддршка на “Вечниот идол” во Германија, Италија и за прв патпрвпат во Грција. За несреќа, делумно поради силната реакција на промотерите за инцидентот во Јужна Африка, другите Европски концерти беа откажани. Басистот Дејв Спиц го напушти бендот пред турнејата, и го замени Џо Барт од Вирџинија Вулф.
 
После слабиот комерцијален успех на “Вечниот идол”, Блек Сабат беа напуштени од Вертиго Рекордс и Ворнер Брос Рекордс, а потпишаа со И.Р.С. Рекордс. Бендот зеде одмор во 1988 година, а се врати во август за да започне со работа на нивниот следен албум. Како резултат на проблемите со снимањето на “Вечниот идол”, Тони Ајоми се одлучи самиот да го продуцира следниот албум на бендот. “Тоа беше комплетно нов почеток“ рекол Ајоми. “Јас морав повторно да размислам за целата работа, и одлучив дека нам ни е потребно повторно да изградиме извесен кредибилитет“. Ајоми го ангажирал поранешниот тапанар на Реинбоу, Кози Пауел, клавијатурист Николс и басистот Лоренс Котл, и изнајмил “многу евтино студио во Англија“.
Блек сабат го издаде “Обезглавен крст” (Headless Cross)во април 1989 година и повторно беа игнорирани од современите рецензенти. На крај Allmusic му даде на албумот четири звезди, нарекувајќи го “Обезглавен крст” (Headless Cross) “најфиниот албум на Блек Сабат без Ози или Дио“. Закотвен на 62 место, албумот “Обезглавен крст” (Headless Cross) достигна до број 31 на листите во Велика Британија, и број 115 во САД. Гитаристот на Квин Брајан Меј, добар пријател на Ајоми, свиреше како соло гостин на песната “Кога Смртта Повикува“ (When Death Calls). По издавањето на албумот, бендот го придодаде турнејскиот басист Нил Мареј, кој порано членувал во Вајтснејк, пратечкиот бенд на Гери Мур, и Вау Уау.
 
Турнејата за “Обезглавен крст” (Headless Cross), со лоша судбина, започна во мај 1989 година со Kingdome Come и Silent Rage како предгрупи, но поради слабата продажба на карти турнејата беше откажана после само осум концерти. Европскиот дел од турнејата започнал во септември, каде бендот доживеа повторен успехот на топ-листите. После низа на концерти во Јапонија, бендот тргна на 23 дневна Руска турнеја со Girlschool. Блек Сабат беше еден од првите бендови кои имале турнеи во Русија, откако во 1989 Михаил Горбачов ја отвори земјата кон западните акти за прв патпрвпат. Бендот се врати во студио во февруари 1990 година за да го сними продолжетокот на “Обезглавен крст”. Иако технички не беше концептуален албум, некои од темите во текстовите на песните од албумот се базирани на Нордиската митологија. “ТИР” (TYR) беше издаден на 6 aвгуст 1990година и достигна место број 24 на листата на албуми во Велика Британија, но беше првото издание на Блек Сабат кое не влегло меѓу најдобрите 200 во САД. Албумот ќе се здобие со мешани рецензии на интернет, како забелешката на Allmusic дека бендот “меша мит со метал во едно тешко изложување на музичката синтеза“, додека Блендер му даде на албумот само една звезда, изјавувајќи дека Ајоми продолжува да го валка името на Блек Сабат со оваа незабележителна колекција“. Бендот направи турнеја за подршка на TYR со Circus of Power во Европа, но последните седум концерти биле откажани заради слабата продажба на карти. За прв патпрвпат во нивната кариера, турнејата не вклучуваше концерти во САД.
 
“Обесчовечувач” (Dehumanizer) (1990 – 1992)
“Мене ми беше речено на средината од турнејата дека ние ќе бидеме предгрупа за Ози Озборн во Лос Анџелес. И јас реков, “Не извинете, Јас имам повеќе гордост од тоа“. Многу лоши работи беа речени од камп до камп, и тоа го создаде оваа ужасна разединетост. Така да со согласувањето [бендот] да свири на концертите во Л.А. со Ози, тоа, за мене, го отфрли повторното обединување. И тоа очигледно значеше пропаст на тој особен проект.
 
Дио ја напушти Блек Сабат после концертот во Оукленд, Калифорнија на 13 ноември 1992 година, една ноќ пред бендот да биде ангажиран да се појави на настапот за пензионирање на Озборн. Во последен момент им се приклучи Роб Халфорд, пејачот на Џудас Прист, настапувајќи два вечери со бендот. Ајоми и Батлер исто така му се придружија на Озборн и поранешниот тапанар Бил Ворд на бината за прв патпрвпат после концертот Live Aid во 1985 година, изведувајќи краток сет од песните на Блек Сабат.
 
“Цели на крстот”(The Cross Purposes) и “Забрането”(Forbidden)(1993 – 1996)
Под притисок на нивната издавачка куќа, бендот го издаде нивниот седумнаесетти студиски албум, “Цели на крстот” (The Cross Purposes), на 8 јануари 1994 година, под името Блек Сабат. Албумот доби мешани рецензии, од кои една беше од Блендер, кој му даде две звезди на албумот и изјави дека албумот на Soundgarden од 1994 година, Superunknown, е многу подобар албум на Сабат отколку овој, кој е направен само за пари. Бредли Тореано од Allmusic го нарече “Цели на крстот” (The Cross Purposes) “првиот албум после “Повторно роден” кој реално звучи како вистински албум на Сабат“. Албумот за малку не стигна на Топ 40 во Велика Британија, стигнувајќи само до 41 место, и исто така стигна на 122 на Билбордот 200 во САД. “Цели на крстот” ја содржеше песната “Зло Око“ (Evil Eye), која што беше напишана во соработка со гитаристот од Ван Хален, Еди Ван Хален, иако не доби заслуга поради рестрикциите на издавачката куќа. Турнејата за подршка на “Цели на крстот” започна во февруари со “Морбиден Ангел” (Morbid Angel) и Моторхед во САД. Бендот сними видео запис во Хамерсмит Аполо на 13 април 1994 година, која што беше издадена на VHS проследен со CD, со наслов “Цели на крстот”. После европската турнеја со Cathedrall и Godspeed во јуни 1994 година, тапанарот Боби Рондинели го напушти бендот и беше заменет со оригиналниот тапанар на Блек Сабат, Бил Ворд за пет настапи во Јужна Африка.
 
После турнејата за “Цели на крстот”, басистот Гизер Батлер го напушта бендот за втор патвторпат. “Јас конечно тотално се разочарав со последниот албум на Сабат, и јас повеќе ги претпочитувам работите кои ги пишував отколку работите кои Сабат ги правеа“. Батлер формираше соло проект наречен GZR, и го издаде “Пластична Планета” (Plastic Planet) во 1995 година. Албумот ја содржеше песната “Giving Up the Ghost”, којашто беше критика за Тони Ајоми за продолжувањето со името на Блек Сабат, со текст: Ти правиш плагијат и пародија/ од магијата на нашето значење/ легенда во твојот сопствен ум/ ги остави зад себе сите твои пријатели/ не можеш да си признаеш дека грешиш/ духот е мртов и заминат.
 
Откако Батлер си замина, нововратениот тапанар Бил Ворд уште еднаш го напушти бендот. Ајоми повторно ги ангажира поранешните членови Нил Мареј на бас и Кози Пауел на тапани, ефективно повторно обединувајќи ја поставата на “ТИР”. Бендот го ангажираше гитаристот на Бади Каунт, Ерни.Ц за да го направат новиот албум, кој беше снимен во Лондон во есента 1994 година. Вокал гостин на песната “Илузии за Моќ“ беше Ајс Ти пејачот на Боди Каунт. Тоа беше албумот “Забрането”, кој е издаден на 8 јуни 1995 година, но не успеа да се пласира на листите во САД или Велика Британија. Албумот беше осудуван од критиката. Бредли Тореано од Allmusic рече “со досадни песни, ужасна продукција, и неинспирирана изведба, ова е лесно да се избегне за сите освен за најентузијастичните обожаватели“, додека списанието Блендер, “Забрането” го нарече “срамота... најлошиот албум на бендот“.