Адолф Хитлер: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: Втора Светска војна → Втора светска војна using AWB
с →‎Воздигнување до моќ: Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат using AWB
Ред 52:
За време на присуството на Хитлер во затворот, Нацистичката Партија ослабела како резултат на внатрешни недоразбирања. По излегувањето од затворот, Хитлер се соочил со потешкотии кој не постоеле пред 1923. Економската стабилност била постигната со реформи во финансиите. Се чинело дека републиката станала многу повеќе почитувана. На Хитлер му се забранувало да одржува говори, најприн во [[Баварија]], а подоцна и во многу други Германски држави. Но и покрај ова партијата растела полека, и во 1926 Хитлер успешно ја воспоставил својата позиција против [[Грегор Страсер]], чии следбеници биле од северна Германија.
 
Пристигнувањето на финансиската криза во [[1929]] предвидувало нов период на политичка нестабилност. Во [[1930]] Хитлер влегол во сојуз со националистот [[Алфред Хугенберг]] во кампања против [[Јунг План]], втор преговарач за Германските воени давачки за обештетување. Со помош на Хугенберговиот весник, Хитлер бил во можност за прв патпрвпат да стигне до националната публика. Сојузништвото исто така му овозможило да побара помош од голем број на моќни влијателни индустриски лица кои ги контролирале политичките фондови и сакале да ги искористат за создавање на силна десно-ориентирана антисоцијалистичка влада. Сумата која што Хитлер ја добил од индустријалците ја поставиле неговата партија на сигурна финансиска нога и му овозможиле да ја направи ефективна неговата емоционална појава пред средната класа и невработените, базирана на прокламацијата на неговата судбина дека [[Германија]] ќе се ослободи од нејзините страдања. Конекцијата на Хитлер со Хугенберг и индустријалците ги илустрирала вештините да ги користи оние кои сакале да го искористат него. Но најважно негово достигнување било воспоставувањето на вистинска националистичка партија ( со нејзини гласачи и следбеници од различни класи и религиозни групи).
 
Непопусливата пропаганда, поставена против неуспехот на владата да ги подобри условите за време на финансиската криза, придонела со огромен гласачки одзив во полза на [[нацизам|нацистите]]. Партијата станала втора по големина во земјата. Во 1932 Хитлер бил опозиционер на Хинденбург во претседателските избори, и добил 36,8 проценти од гласовите во вториот круг. Тој бил на силна позиција поради верноста на големата маса народ која го следела, и влегол во серии на интриги со конзервативците како што се [[Франц фон Папен]], [[Ото Меиснер]] и синот на претседателот Хинденбург, Оскар. Стравот од комунизмот и одбивањето на социјалдемократите ги соединиле. Без оглед на падот на гласовите на нацистичката партија во ноември 1932, Хитлер инсистирал дека канцеларството е единствена опција која би ја прифатил. На [[30 јануари]] [[1933]] Хинденбург му ја понудил канцеларската фотелја на Хитлер.