Пела: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Историја: Правописна исправка, replaced: Виа Игнација → Вија Егнација using AWB
с Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат (2) using AWB
Ред 9:
Kаменот-темелник на градот го удрил македонскиот кралот [[Архелај I]] (413 - 399 п.н.е.) со намена да биде главен град на кралството, да ја замени старата престолнина ([[Ајга]]). По ова, Пела била седиште на [[Филип II Македонски]] и [[Александар Македонски]], неговиот син. Во [[168 п.н.е.]] Пела била ограбена од Римјаните, а нејзиното богатство било пренесено во Рим. Подоцна градот го руши земјотрес и одново почнува да се гради врз рушевините. Веќе во [[180]] [[Луцијан]] поминувајќи го опишал местото како ''„денес незначајно, со многу малку жители“''.
 
Пела за прв патпрвпат се спомнува од [[Херодот]] (VII, 123) во врска со походот на [[Ксеркс]] како и од [[Тукидид]] (II, 99,4 и 100,4) во врска со македонската експанзија и војната против [[Ситакле]], кралот на [[Тракија|тракиабните]]. Според [[Ксенофонт]], на почетокот на [[IV век п.н.е.]] Пела бил најголемиот македонски град. Постои теза дека основачот на градот не бил [[Архелај I]], туку [[Аминта III]]. Градот привлекувал уметници како [[Зевкиј и Пархасиј|Зевкиј]], поетот [[Тимотеј од Милет]] и [[Грчка трагедија|трагичарот]] [[Еврипид]] кој живеел таму сè до неговата смрт пишувајќи и работејќи на продукцијата на неговата драма ''Архелај''.
 
Градот го доживел своето златно доба за време на карлот [[Антигон II Гонат]] и овој период ни дава највеќе археолошки наоди (видете подолу).
Ред 62:
Во антиката, Пела бил пристанишен град поврзан со [[Солунски залив|Солунскиот залив]] со пловно заливче, но пристаништето во меѓувреме станало кал и одтогаш местото нема пристап кон морето.
 
Од 1957, па наваму ископувањата имаат октриено мал дел од градот, кој се збогатил со Александар и неговите наследници. Откриени се големата [[агора]] или пазар, која била окружена со [[стоа|стои]], и улици со куќи од затворен тип со ѕидови со фрески во соби распоредени околу внатрешни дворови. Првите мурали со ''[[оптичка мамка|оптички мамки]]'' кои имитирале перспективи за прв патпрвпат се појавиле во Пела. Најдени се храмовите на [[Афродита]], [[Деметра]] и [[Кибела]], како и мозаици, кои датират од времето по Александар и уживаат светска слава: некои се репродукции на грчки слики.
 
Славниот поет [[Арат]] умрел во пела ц. [[240 п.н.е.]]. Пела била ограбена од римјаните во [[168 п.н.е.]], и нејзиното градско богатство пренесено во Рим. Потоа во [[I век п.н.е.]] градот го руши земјотрес; пронајдени се продавници и занаетчиски работилници од тоа време заедно со остатоците од нивната стока. Подоцна градот бил одново изграден врз рушевините, што всушност ги заштитило, но во ''ц'' 180 [[Луцијан]] на поминување го опишал местото како „денес незначајно, со многу малку жители“. [http://www.tertullian.org/rpearse/lucian/lucian_alexander.htm Александар].
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Пела