Либерално-демократска партија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Историја: Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат using AWB
Ред 21:
 
==Историја==
На [[Македонски парламентарни избори (1998)|парламентарните избори 1998 година]] ЛДП настапи во коалиција со Демократската партија на Македонија (ДПМ) од Тетово. На овие избори ЛДП освои 79.000 гласови (4 пратенички мандати). За пратеници беа избрани: Петар Гошев, [[Стојан Андов]], Латиф Пајковски и Слободан Даневски. На Првиот конгрес на ЛДП во пролетта [[1999]], а по неуспехот на парламентарните избори 1998, Петар Гошев се повлече од претседателската функција. За нов претседател е избран [[Ристо Пенов]], дотогашен потпретседател на партијата.
 
Во 1999 во текот на [[Косовска војна|Kосовската војна]], ЛДП влезе во [[Влада на Република Македонија|Владата на Република Македонија]]. За член на Владата, како министер без ресор, беше избран Радован Стојкоски. Како помошник министер за развој беше избрана [[Лилјана Поповска]]. По завршувањето на Kосовската војна, ЛДП се повлече од Владата.
Ред 27:
На [[претседателски избори 1999 година|претседателските избори во 1999 година]] ЛДП учествуваше со свој кандидат, Стојан Андов. Тој на овие избори освои 112.000 гласови и не успеа да се пласира во вториот круг.
 
На почетокот на [[2000]] дел од припадниците на поранешната Либерална партија на чело со Стојан Андов (и со пратениците Пајковски и Даневски) ја напушти ЛДП и ја формира [[Либерална партија на Македонија|Либералната партија на Македонија]]. Истата година, на [[Локални избори во Македонија (2000)|Локалните избори 2000 година]] ЛДП настапи како дел од коалицијата [[За Македонија заедно]], во која членуваа и [[СДСМ]], [[Социјалистичка партија на Македонија|СПМ]] и [[Лига за демократија|Лигата за демократија]].
 
Во коалиција со СДСМ, ЛДП учествуваше на [[Македонски парламентарни избори (2002)|парламентарните избори 2002 година]], освојувајќи 13 пратенички места и влегувајќи во [[Влада на Република Македонија од 2002|новата влада]] со 4 министри.
Ред 35:
На [[Македонски парламентарни избори (2006)|парламентарните избори во 2006 година]], ЛДП повторно настапи во коалиција со СДСМ и освои 5 пратенички мандати. Претседателот на партијата, Ристо Пенов, најави повлекување од лидерската позиција, по што, на [[11 февруари]] [[2007]] година за нов претседател на Партијата е избран [[Јован Манасијевски]].
 
Во 2009, партијата за прв патпрвпат настапува самостојно на [[Локални избори во Македонија (2009)|локалните]] и [[Македонски претседателски избори (2009)|претседателските избори]] каде што го кандидира порашниот амбасадор при [[НАТО]], проф. д-р [[Нано Ружин]].
 
==Парламентарни избори 2011==