Демократски сојуз: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
с Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат, Трет пат → Третпат using AWB
Ред 25:
 
== Цели на партијата ==
Поттикнување и развој на демократските процеси и владеење на правото, заштита и унапредување на основните [[човекови права]] и слободи, заштита на националните и државните интереси, [[суверенитет]]от територијалниот интегритет на Република Македонија, остварување на економски, социјални, политички, културни и други права и уверувања на граѓаните, ефикасна борба против [[организиран криминал|организираниот криминал]], [[корупција]]та и [[наркоманија]]та, вклучување на граѓаните во креирањето и решавањето на актуелните животни прашања, слобода на информирањето и воспоставување на јавноста како коректор на извршната, законодавната и судската власт и учество во постапката за избор на претставници во органите. <ref>[http://www.demokratskisojuz.org.mk/platforma.nspx Платформа за дејствување на Демократскиот сојуз, demokratskisojuz.org.mk]</ref>
 
== Политичка активност ==
Партијата за прв патпрвпат учествувала самостојно на [[Македонски парламентарни избори (2002)|парламентарните избори во 2002 година]] на кои освоила 1,2% од гласовите и не успеала да освои мандат. Во декември [[2003]] година стапи во коалиција „Трет пат“„Третпат“, заедно со [[Демократска алтернатива|Демократската алтернатива]] и со [[Социјалистичка партија на Македонија|Социјалистичката партија на Македонија]]. По повлекувањето на партијата од коалицијата пред [[Локални избори во Македонија (2005)|локалните избори 2005 година]], партијата останала во коалиција со [[Социјалистичка партија на Македонија|СПМ]], а подоцна овие две партии се приклучиле во изборна коалиција предводен од [[ВМРО-ДПМНЕ]], во чиј состав настапиле и на [[Македонски парламентарни избори (2006)|парламентарните избори 2006 година]]. На овие избори за пратеник во [[Собрание на Република Македонија|Собранието на Република Македонија]] бил избран претседателот на партијата, [[Павле Трајанов]]. Партијата останала во коалицијата предводена од [[ВМРО-ДПМНЕ]] и на трите последователни [[Македонски парламентарни избори (2008)|парламентарни избори во 2008]], [[Македонски парламентарни избори (2011)|2011]] и [[Македонски парламентарни избори (2014)|2014]].
 
На [[Македонски парламентарни избори (2016)|парламентарните избори во 2016 година]], Демократскиот сојуз учествувал во коалицијата „Коалиција за промени и правда“ составена од партиите [[Фронт за демократска Македонија|ФроДеМ]], [[МОРО-Работничка партија|МОРО-РП]] и [[ДЕМОС - Нова подобра Македонија|ДЕМОС]]. Коалицијата освоила 10.028 гласови или 0,84% од вкупниот број на гласови и не успеала да освои пратеничко место.