Отоманско Царство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Прва светска војна: Јазична исправка, replaced: Германска Империја → Германско Царство using AWB
с Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат (2) using AWB
Ред 195:
==== Прогонство и потомци ====
 
Во [[1947]] година, на потомците на [[Османлиска династија|Османлиската династија]] им било доделено правото да се здобијат со турско државјанство од страна на Големото турско собрание. [[Мехмед Орхан]], син на [[Мехмед Абдил Кадир]] починал во [[1994]] година оставајќи го внукот на османлискиот султан [[Абдулхамид II]], [[Ертугрул Осман]], како најстар преживеан член на сменетата династија. Осман долги години одбивал да го зеде турскиот пасош, нарекувајќи се себе си како граѓанин на Османлиското Царство. Сепак, и покрај тоа што тој не го прифатил турскиот пасош, на прашањето дали тој самиот лично сака да ја обнови империјата, тој одговорил негативно. Тој рекол дека “демократијата работи добро во Турција“. Во [[1992]] година, тој за прв патпрвпат се вратил во [[Турција]], и во [[2002]] година станал турски граѓанин.<ref>{{цитирана веб страница|title=Political Obituaries: Ertugrul Osman|publisher=[[The Daily Telegraph]]|date=2009-09-27|url=http://www.telegraph.co.uk/news/obituaries/politics-obituaries/6237121/Ertugrul-Osman.html|accessdate=2009-10-26}}</ref> На 23 септември 2009 година, Осман починал на својата 97 година од животот, како последниот преживеан наследник на прогонетата османлиска власт. Главно поради ова, тој се нарекува “''последниот Отоманец''“.<ref>{{цитирана веб страница|title='Last Ottoman' dies in Istanbul|publisher=[[BBC]]|date=2009-09-24|url=http://news.bbc.co.uk/2/hi/europe/8273396.stm|accessdate=2009-09-24}}</ref>[[Бајазит Осман]] во моментот е најстариот преживеан член на поранешната владејачка класа.
 
== Економија ==
Ред 346:
Почетокот на [[16 век]] претставува период кога Отоманското Царство била најсилна империја во [[Медитеран]]от и пошироко. Голем број на битки и војни од страна на [[Отоманци]]те биле добиени не само поради [[шеријат]]ската должност кон неверниците, туку и поради турските номади кои биле желни за освојување и ограбување. Тоа најмногу се должело на силниот и голем воен систем.
 
Првата воена единица на Отоманското Царство била војската, која била основана и организирана од стрна на [[Осман I]] од племињата кои живееле во [[западна Анадолија]] во доцниот [[13 век]]. Воениот систем со непосредното проширување на империјата станувал сè посложен. Војската на Османлиското Царство се состоела претежно од платеници и регрутанти. Главните воени единици биле [[Јаничари]]те, [[Спахија|Спахиите]], [[Акиџија|Акинџиите]] и други. Отоманската армија можеби никогаш не користела најнапредни и современи орудија во светот, но сепак била една од првите кои во своите битки и војни користеле [[топ]]ови и [[мускета|мускети]]. Отоманците за прв патпрвпат започнале да користат топ во [[Опсада на Константинопол (1422)|опсадата]] на [[Константинопол]] во [[1422]] година, иако бил со краток дострел. Отоманската коњаница зависела повеќе од самата брзина и мобилност отколку од тешките оклопи. Кавалеријата користела лакови и кратки мечеви. Од нив, најмногу се користеле [[Арапски коњ|арапскиот]] и [[Туркменски коњ|туркменскиот коњ]].<ref>Milner ''The Godolphin Arabian'' pp. 3–6</ref><ref>Wall ''Famous Running Horses'' p. 8</ref> Падот на ефикасноста и силата на отоманската армија се почуствувала во средината на [[17 век]], по [[Голема турска војна|Големата Турска војна]]. Во текот на [[18 век]] следувале неколку успеси против [[Венецијанска република|венецијанската република]], но по овие победи [[Османлии]]те биле поразени во поредните [[Руско-турски војни]]. Модернизацијата на отоманската војска започнала во текот на [[19 век]]. Во [[1826]] година султанот [[Махмуд II]] го укинал [[Јаничари|јаничарскиот корпус]] и основал модерна отоманска војска. Овој нов воен ред бил познат под името [[Низам-и Кедид]]. Во исто време, отоманската војска била првата воена институција која ангажирала странски експерти и испраќала свои офицери за обука во западните европски земји. Следствено, [[Младотурци|движењето на Младотурците]] започнало во времето кога тие студенти се вратиле од [[Западна Европа]].
[[Податотека:Ottoman Navy at the Golden Horn.jpg|thumb|[[Отоманска морнарица]]]]
[[Отоманска морнарица|Отоманската морнарица]] значително придонела за проширување на териториите на империјата на европскиот континент. Таа го иницирала освојувањето на [[Северна Африка]], пред сè [[Алжир]] и [[Египет]] во [[1517]] година. Во почетокот на [[19 век]], Отоманското Царство започнала да ги губи своите територии. Во [[1821]] била изгубена [[Грција]], а во [[1830]] [[Алжир]]. Со тоа започнала да опаѓа и поморската власт и контрола над далечните прекуморски територии на империјата. Султанот [[Абдул Азис]] ([[1861]]-[[1876]]) се обидел да ја обнови некогашната моќна отоманска морнарица, по примерот на флотите на [[Франција]] и [[Велика Британија]]. Во Бароу, [[Обединето Кралство|Обединетото Кралство]] ја изградила првата подморница во [[1886]] година за Отоманското Царство.<ref name="first submarine at shipyard">[http://www.ellesmereportstandard.co.uk/latest-north-west-news/Petition-created-for-submarine-name.4001190.jp Ellesmerereportstandard.co.uk], The standard - Petition created for submarine name</ref> Сепак, слабеењето на отоманската економија не можела да ја одржи моќта на флотата за предолго. По [[Младотурска револуција|Младотурската револуција]] во [[1908]] година, Комитетот се обидел да развие една силна поморска флота. Во [[1910]] година била основана ''Фондација на Отоманската морнарица'', чија цел била да се купат нови бродови преку јавни донации.