ФК Базел: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с правописна исправка, replaced: сеуште → сè уште using AWB
с Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат (4), втор пат → вторпат using AWB
Ред 66:
Во [[1895]] била основана "швајцарската фудбалска асоцијација", иако сè уште без ФК Базел. Две години подоцна, Базел имал 100 члена. Во сезоната [[Швајцарија фудбалска лига 1897-1898|1897-1898]] се одржало првото издание на [[Фудбалски куп на Швајцарија|швајцарскиот куп]], но дури и тогаш без учество на Базел.
 
Во сезоната [[Серија А (Швајцарија) 1898-1899|1898-1899]] Базел учествуваше за прв патпрвпат во шампионатот. Таканаречената Серија А, која претставувала највисоката лига по ранг во Швајцарија, се играла во три регионални групи, каде соодветните победници се квалификувале за финалето на групата. Базел испаднал после два натпревари против [[ФК Олд Бојс|Олд Бојс]]. Во купот 1899 година, загубиле од [[Англо-американски клуб Цирих|Англо-американски Цирих]]. Во [[Серија А (Швајцарија) 1902-1903|сезоната 1902-1903]], клубот ја прославил својата 10-годишнина. Во првенството, Базел завршил на третото место во "Централната Група", што пак не е доволно за пласман во финалето. Победник била екипата на [[ФК Јанг Бојс|Јанг Бојс]].
 
Една година подоцна, Базел го дал првиот играч од клубот во националниот тим. Тоа бил голманот.
 
Во [[Серија А (Швајцарија) 1906-1907|сезоната 1906-1907]], клубот за прв патпрвпат бил победник во својата првенствена група во Серија А. На тој начин стигнале до финалето, но таму загубиле од подоцнежниот шампион [[ФК Сервет|Сервет]] (1:5) и [[ФК Јанг Фелоус Јувентус|Јанг Фелоус Цирих]] (2:3), завршувајќи на последното место во финалната група (од три клуба). [[Серија А (Швајцарија) 1912-1913|Сезоната 1912-1913]] е посветена на управувањето на клубот од страна на [[Англичани|англичанецот]] [[Перси Хемфрис]], првиот тренер во историјата на клубот
 
===Време во текот на Првата светска војна===
Ред 81:
 
===Периодот околу Втората светска војна ===
Исто како и за време на Првата светска војна, така и за време на [[Втора светска војна|Втората светска војна]], натпреварите од шампионатот на Швајцарија биле изиграни. Базел се вратил во Серија А во [[1942]] година, и успел да избегне повторно испаѓање завршувајќи на 13. место во конкуренција на 14 клубови во својата повратничка сезона. Меѓутоа испаѓањето било неизбежно во сезоната 1944-1945. Тие се вратиле во највисоката конкуренција само една година подоцна, а во [[1947]] година, за втор патвторпат во историјата Базел го освоил швајцарскиот куп. Од [[1949]] година, Стадионот Ландхофт бил повторно граден. Во [[1950]] година, Базел бил вицешампион со два бода зад [[ФК Сервет|Сервет]]. Откако завршиле со реновирање на стадионот, бил оргенизиран меѓународен турнир.
 
=== 1953: Првата титула шампион на Швајцарија ===
Во [[1953]] година, Базел го освоил швајцарското првенство за прв патпрвпат во историјата на клубот. Со само еден пораз во 26 натпревари тимот под водство на тренерот Рене Бадер го освоил првото место во лигата со четири бода предност во однос на Јанг Бојс. Сепак, овој успех не му се повторил на клубот во текот на следните години, но тие речиси редовно завршувале во средината на табелата.
 
=== Подеми и паѓање ===
Базел го освоил својот прв трофеј во новата деценија во [[1963]] година; под водство на [[Чехословачка|чехословачкиот]] тренер [[Јиржи Соботка]], тие триумфирале во Купот на Швајцарија по победата од 2-0 над Грасхопер во финалето. Но, Базел започнал да игра важна улога во швајцарскиот фудбал во доцните [[1960-ти]] под раководството на германскиот тренер [[Хелмут Бентхаус]]. Тој на располагање имал неколку квалитетни играчи како што се [[Рене Хаслер]], [[Отмар Хицфелд]] и [[Карл Одермат]]. Првата лигашка титула под водство на Бентхаус како тренер на Базел, дошла во сезоната [[Национална лига А (Швајцарија) 1966-1967|1966-1967]], завршувајќи со еден бод пред [[ФК Цирих|Цирих]]. Истата сезона Базел го освоил и купот со победа над Лозана во финалето. Благодарение на одличните резултати на домашната сцена, Базел играл во квалификациите за [[Лига на шампиони|Европскиот куп]], за прв патпрвпат во историјата на клубот, [[Куп на шампиони 1967/68|во 1968 година]], но биле елиминирани во првиот круг од турнирот, од [[Данска|дански]] [[ФК Видовре|Видовре]]. Следната првенствена титула на Базел дошла во [[Национална лига А (Швајцарија) 1968-1969|сезоната 1968-1969]], кога тие уште еднаш завршиле со само еден поен над првиот следач, кој овојпат била екипата на Лозана. Ова значеше дека Базел ќе има нова европска авантура, но тие уште еднаш не успеале да ја надминат првата пречка, откако биле поразени од [[Шкотска Премиер лига|шкотскиот]] [[ФК Селтик|Селтик]].
 
Во [[Национална лига А (Швајцарија) 1969-1970|сезоната 1969-70]], уште еднаш, Базел ја освоил лигата со бод повеќе од Лозана. Во своето трето учество во Европскиот куп во [[Куп на шампиони 1970/71|сезоната 1970-71]], тие конечно ја минале првата фаза (елиминирајќи го [[ФК Спартак Москва|Спартак Москва]]) и стигнал до вториот круг, каде загубиле од подоцнежниот шампион [[ФК Ајакс|Ајакс]] со вкупен резултат 5-1. Базел не ја задржат својата титула [[Национална лига А (Швајцарија) 1969-1970|следната сезона]] и покрај тоа што завршиле со ист број на бодови како шампионите, Грасхопер, кој биле подобри во меѓусебниот дуел за титулата со 4-3. Откако ја загубиле титулата во оваа сезона, Базел потоа освоил две титули во лигата по ред, во сезоните [[Национална лига А (Швајцарија) 1971-1972|1971-1972]] и [[Национална лига А (Швајцарија) 1972-1973|1972-1973]]. Тие, исто така, го освоиле и [[Лига куп на Швајцарија во фудбал|Лига купот]] во 1972 година. Во Европа, Базел не успеал да импресионира, испаѓајќи во првата фаза од [[Унгарија|унгарскиот]] [[ФК Ујпешт|Ујпешт]] во [[Куп на шампиони 1972/73|сезоната 1972-73]], но во [[Куп на шампиони 1973/74|сезоната 1973/74]] тие се истакнале со перуанската легенда [[Теофило Кубиљас]] во своите редови, стигнале до четврт-финалето елиминирајќи ги [[ФК Фрам|Фрам од Рејкјавик]] и [[ФК Клуб Брухе|Клуб Брухе]], пред тесно да загубат од Селтик со вкупен резултат 5-6. И покрај подобрувањето на Базел на европската сцена, тие не успеале да ја освојат лигата во следните четири години, но го освоиле Купот на Швајцарија во [[1975]] година, победувајќи го [[ФК Винтертур|Винтертур]] со 2-1 [[Продолжетоци (фудбал)|по продолженија]].
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/ФК_Базел