Атом: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Атомска орбитала: Правописна исправка, replaced: честици → честички using AWB
с →‎Атомска орбитала: Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат using AWB
Ред 72:
 
Електронски атомски и молекулски орбитали. Табелата со орбитали (на лево) е одредена со зголемувањето на енергијата (види Маделунгово правило). Забележи дека атомските орбитали се функции од три варијабли (два агли и растојанието од атомското јадро, r). Овие илустрации ја претставуваат аголната компонента на орбиталата, а не целосната орбитала.
Идејата за орбитоидното движење на електроните внатре во атомот била за прв патпрвпат објавена во 1904 година. Од 1913, па до 1926 година, за електроните се мислело дека орбитираат околу атомското јадро на сличен начин како планетите околу Сонцето. Објаснувањето на природата на електронските "орбити" било една од главните причини за развојот на квантната механика. Во квантната механика, атомските орбитали се дефинираат како бранови функции над просторот, индексирани со квантните броеви n, l и m на орбиталата, или со имињата користени при електронските конфигурации, како што е покажано на десно. Бидејќи електроните неможат да се опишат како цврсти честички (како што е планетата), посоодветна аналогија за дефинирање на електронот е онаа која вели дека тој претставува чудно обликувана атмосфера (облак) која кружи околу релативно мала планета (атомското јадро). Поради разликите кои постојат со класично-механичките орбити, терминот „орбита“ (која го опишува движењето на електроните околу атомот) е заменет со орбитала.
Имињата на орбиталите (s, p, d, f, g, h,...) се изведени од карактеристиките на нивните спектроскопски линии: sharp (остра), principal (главна), diffuse (дифузна) и fundamental (основна), а останатите се именуваат по азбучен ред.
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Атом