Разлика помеѓу преработките на „Ставрикиј“

Нема измена во големината ,  пред 2 месеци
с
Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат using AWB
(ситна поправка)
с (Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат using AWB)
Синот на царот [[Никифор I]], Ставрикиј бил крунисан како негов помошник во декември 803 година.<ref name="Kazhdan, pg. 1945">Kazhdan, pg. 1945</ref> Хроничарот [[Теофан Исповедник]]от изјавил дека тој бил целосно неспремен да стане негов помошник<ref>''Chronographia'', 480:14-15</ref> и тврдел дека Ставрикиј бил виновен за силување,<ref name="Kazhdan, pg. 1945">Kazhdan, pg. 1945</ref> тврдење можеби под влијание на неговата омраза кон Никифор I.<ref>Whittow, pg. 12</ref> На 20 декември 807 година, Атињанката Теофано, роднина на симнатата царица [[Ирена I Атињанка|Ирена]],<ref>Kazhdan, pg. 1946</ref> била избрана од Никифор за жена на Ставрикиј од друштво на млади девојки, собрани од целото Царство. Двајцата се венчале истиот ден.<ref>Bury, pg. 15</ref> Во текот на владеењето на татко му имал команда со елитната единица Хиканатои.<ref>Whittow, pg. 169</ref>
 
Ставрикиј учествувал во експедицијата на татко му против Крум од Бугарија во 811 година<ref>Norwich, pg. 8</ref> и одвај се спасил од ужасната [[Битка кај Плиска]], каде неговиот татко бил убиен.<ref>Treadgold, pg. 428-9; Vasiliev, pg. 271</ref> Меѓутоа, Ставрикиј бил парализиран од повредата со меч близу неговиот врат,<ref>Treadgold, pg. 429</ref> и бил спасен од царски стражар кој го спасил од битката и го донел во [[Едрене|Адријанопол]].<ref>Kazhdan, pg. 1946; Finlay, pg. 127</ref> Бегајќи со него бил и неговиот шура, [[Михаил I Рангабе|Михаил Рангабе]], командантот Стефан и магистрантот Теоктистос.<ref name="Bury, pg. 16">Bury, pg. 16</ref> Собрани околу кревето на Ставрикиј, тие расправале за наследството. Поради непознатата состојба, бил забрзано прогласен за цар од Стефан, кој ја имал поддршката на војската.<ref>Kazhdan, pg. 1946; Treadgold, pg. 429; Finlay, pg. 127</ref> Ова било прв патпрвпат цар на Источното Царство да биде крунисан надвор од [[Константинопол]].
 
Меѓутоа во исто време, Теоктистос го притискал Михаил Рангабе да го преземе царскиот престол за себе — поради повредите на Ставрикиј и поради тоа што бил зет на Никифор, Теоктистос верувал дека тој бил најдобар избор за справување со бугарската закана. Меѓутоа, Михаил продолжил да го поддржува неговиот шура.<ref name="Bury, pg. 17">Bury, pg. 17</ref> Во меѓувреме, за да го обезбеди своето продолжение на престолот, Ставрикиј се појавил пред остатокот на царската војска во Адријанопол и имал некои критики кон сега починатиот негов татко, што наишло на нивна поддршка.<ref name="Bury, pg. 16">Bury, pg. 16</ref> Ставрикиј бил набрзо пренесен со носилка од Адријанопол во Константинопол.
| PLACE OF DEATH =
}}
 
[[Категорија:Византиски цареви од 9 век]]
[[Категорија:Никифорска династија]]