Педагогија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-философ +филозоф)
с Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат (2) using AWB
Ред 4:
Како и секоја друга наука, и педагогијата има свој посебен систем на педагошки закони и своја структура која опфаќа различни правци и дисциплини. Официјално се одделува од [[филозофија]]та со појавата на педагошките класици - педагози, а како посебна академска дисциплина ја воведува познатиот [[Германија|германски]] педагог [[Јохан Фридрих Хербарт]] во [[19 век]]. Денес педагогијата се изучува во многу земји во светот.
 
„[[Педагог]]“ може да се однесува на човек кој специјализирал педагогија, но исто така служи и да се означат [[Наставник|наставниците]],<ref>[http://www.makedonski.info/search/%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B0%D0%B3%D0%BE%D0%B3 Дигитален речник на македонскиот јазик, пребарување на "Педагог"]</ref> кои покрај научните основи на [[Наставен предмет|предметот]] за кој се определиле, се стекнуваат и со педагошка подготовка.
 
== Поим ==
 
Зборот „педагогија“ потекнува од [[Грчки јазик|грчкиот јазик]] и за прв патпрвпат се среќава во времето на античките држави. Се состои од два збора - {{lang|grc|παῖς (''país'', генитив παιδός, ''paidos'')}} што значи дете и {{lang|grc|άγω}} (''ágō'') што значи да води. На почетокот овој поим имал буквално значење — со него се означувал роб кој го водел детето од куќата до местото каде се образувала тогашната младина. Тој роб се нарекувал педагог, односно оној кој го води детето. Меѓутоа, според некои теоретичари, робот не се грижел само за сигурноста на детето на патот од куќата и до неа, туку водел сметка и за неговото однесување. За разлика од момчињата, девојчињата останувале во своите куќи заедно со своите мајки.
 
Во [[Стар Рим|Стариот Рим]] значењето на поимот „педагог“ ([[лат.]] ''paedagogus'') се менува, па сега се однесува на учениот роб (најчесто Грк) кој ги подучува децата. Дури тогаш, како и подоцна, самиот поим „водење“ се менува од буквалното во преносното значење - педагог е оној кој насочува, образува и воспитува.
Ред 20:
== Предмет и задачи на педагогијата ==
 
Педагогијата настанала од потребата за систематизација и воопштување на искуствата и знаењата во врска со воспитанието и [[образование]]то. При одредување на предметот на проучување на педагогијата, како и [[методологија]]та со која таа се служи, се јавуваат одредени потешкотии. Имено, постојат и многу други науки кои се занимаваат со општествените феномени и практиката кои обично се нераскинливо поврзани со воспитанието. Поради тоа постојат несогласувања меѓу различните автори, не само во врска со предметот на проучување и изборот на методологија, туку и недоследност во користењето на стручната терминологија.
 
Основните задачи на педагогијата како наука се:
Ред 27:
* Развивање и подобрување на воспитно-образовната работа;
* Научно вреднување на постигнатите резултати, нормирање и насочување кон посакуваните облици;
* Развој и унапредување на педагошката методологија која се користи во истражувањата.
 
== Педагошки закони ==
Ред 35:
=== Закон на наследување на културата ===
 
Според овој педагошки закон, човекот во процесот на образование ја усвојува човечката [[култура]]. И не само тоа, туку врз основа на усвоеното тој ја развива истата.
 
Од самото раѓање, човекот ја осознава објективната стварност непосредно – тој чувствува и перцепира дразби од животната средина (ноќ – ден; топло – ладно и сл.). Меѓутоа, тие чувства и перцепции се доживуваат и со посредство на културата – човекот научува дека за да му биде топло треба да носи јакна, а кога надвор времето е топло треба да носи полесна облека. Облеката е производ на човечката култура.
Ред 43:
=== Закон на социјализација ===
 
Законот за [[социјализација]] вели дека само во односите со други луѓе човечката единка ја пронаоѓа својата човечка суштина.
 
Како извор на социјализација се јавува педагогот, и тоа не само професионалните педагози, туку и родителите, поширокото семејство, наставниците, пријателите и сите оние со кои дадената единка одржува контакти. Сите тие се фактори на социјализација. Детето најпрво е само потенцијален кандидат за да стане [[личност]]-човек. Тоа може да стане човек само преку [[општење]]то со другите луѓе: најпрво мајката и таткото, браќата, сестрите, потоа наставниците итн. Личноста на човекот не се раѓа; се раѓа само единка (индивидуа), која покрај својата биолошка природа, е и производ на општествената средина во која живее. Значи, личноста се изградува со воспитанието како дел од општеството.
Ред 49:
=== Закон на последователност ===
 
Условот на редовната образовна задача (цел) мора да биде јасен и достапен и да се основа на познатото и порано усвоеното. Со други зборови, според [[Лав Виготски]], „[[Зона на нареден развој|зоната на наредниот развој]]“ ја опфаќа онаа етапа од усвојувањето на животното искуство која логички следува по усвоената; тоа е етапа за чие усвојување и совладување воспитаникот е подготвен со претходното образование. Со ова е искажан законот за последователноста, која може да се движи во насока од попросто кон просто, и од просто кон посложено и најсложено (види [[дидактички принципи]]).
 
=== Закон на самоопределување ===
Ред 55:
Новороденчето слепо ги имитира движењата на возрасните. Но, уште кај детето започнуваат да се забележуваат признаци кои водат до развивање на различни [[способност]]и, се јавува селективност во активностите, со тоа и во воспитните активности (сакам – не сакам, морам – не морам и сл.).
 
Самоопределувањето на единката во поширока смисла е основано на [[Слободна волја|слободната волја]] при изборот на животниот пат, своето место во општеството, начинот на живот (животен стил) и видовите на активности, а исто така и начинот на кој се однесува во проблемски и [[конфликт]]ни ситуации. Самоопределувањето на воспитаникот има најважно значење за образованието на човекот.
 
== Структура на педагогијата ==
Ред 69:
=== Педагошки дисциплини ===
 
Поделбата на научните дисциплини може да биде различна, бидејќи може да се изврши според повеќе критериуми.
 
# Ако како критериум се земе времето, тогаш педагогијата може да се подели на ''современа'' (или ''општа'') ''педагогија'' и ''[[историја на педагогијата]]''. Со смислата и перспективата на воспитанието во иднината се занимава ''[[футуролошка педагогија|футуролошката педагогија]]''.
Ред 76:
# Според местото каде се одвива педагошката дејност, освен на предучилишна и училишна, педагогијата може да биде и ''интернатска'' и ''семејна''.
 
Ниеден критериум за поделба не може во целост да го прикаже системот на педагошки дисциплини, поради сложеноста на самата воспитна дејност, па затоа се прибегнува на комбинирање на овие критериуми. Една важна дисциплина која на ваков начин се издвојува е ''специјалната педагогија'' која се применува во работата со воспитаници со физички и/или психички нарушувања во развојот. Таа понатаму може да се подели на [[сурдопедагогија]], [[тифлопедагогија]], [[олигофренопедагогија]] и [[логопедија]]. Понекогаш овде се вбројува и [[Медицинска педагогија|медицинската педагогија]].
 
Сите овие научни дисциплини не се подеднакво развиени. Така на пример, дидактиката е мошне развиена педагошка дисциплина, додека пенолошката педагогија е значително помалку развиена.
Ред 82:
=== Педагогија и андрагогија ===
 
Името „андрагогија“ доаѓа од грчките зборови {{lang|grc|ἀνήρ}} (''andras'') - маж и {{lang|grc|άγω}} - да води, што би значело „водење на мажот“.{{ref label|А|а|а}} На овој начин, во поглед на етимологијата овој поим е спротивставен на поимот педагогија („водење на детето“). Сепак, иако постојат одредени специфичности во воспитанието на возрасните, тие не се толку големи да побаруваат нужно одвојување од педагогијата. Освен тоа, и воспитанието на [[адолесценција|адолесцентите]] (единките на возраст од [[пубертет]] до телесна и психичка зрелост) во многу нешта се разликува од тоа на децата, но тоа сепак се разгледува во рамките на педагогијата. Затоа, во предметот на педагогијата се вбројува секое воспитание како севкупност од намерните влијанија врз развојот на личноста, независно од нејзината возраст.
 
== Историски развиток ==
{{Главна|Историја на педагогијата}}
Педагошката дејност се поврзува со поимот [[мудрост]] и е нераскинлив дел од развитокот на цивилизацијата. Педагошката мисла се зародува во старогрчката, староисточната и средновековната [[теологија]] и [[филозофија]]. За прв патпрвпат се востановува како наука на почетокот на [[17 век]] од страна на англискиот филозоф [[Френсис Бекон]] и се зацврстува како таква од чешкиот педагог [[Јан Амос Коменски]]. Педагогијата е релативно млада наука и нејзините научни основи и предмет на проучување ги поставува германскиот филозоф и психолог [[Јохан Фридрих Хербарт]] во првата половина на [[19 век]]. Во втората половина од 19 век започнува период на расцут и диференцијација на педагогијата. Постои голема разлика во погледите за педагогија и [[Педологија (дете)|педологија]].
 
До почетокот на [[20 век]], во специјализираниот печат и педагошките кругови, многу жестоко се разговара за тоа дали педагогијата е наука или уметност. Овој спор се разрешува со тоа што педагогијата цврсто се определува за наука, а педагошката практика (воспитанието и образованието) се определуваат како уметност, поради творечкиот карактер кој го содржат.
Ред 96:
* [[Образование]]
* [[Настава]]
* [[Дидактички системи на настава]]
 
== Белешки ==
Ред 111:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Педагогија]]