Утилитаризам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат (2) using AWB
Ред 6:
Корените на утилитаризмот како филозофски правец ги поставил [[Дејвид Хјум]], но понатаму се дообликува со учењата на [[Англија|англиските]] мислители [[Џереми Бентам]] и [[Џон Стјуарт Мил]].
 
Бентам живеел и творел во ера на големи научни и следствено, општествени промени, периодот во кој за прв патпрвпат се јавуваат дебатите околу демократијата. Тој го напишал делото „Принципи на моралот и законодавството“, во кое ги изложил своите етички погледи. Всушност, се работи за три принципи:
1. мотивацијата на луѓето
2. принципот на користа
Ред 12:
Од принципот на користа произлегува дека двата единствени апсолута во светот се болката и среќата.
 
Џон Стјуарт Мил е автор на делото „Утилитаризам“ (прв патпрвпат издадено во [[1861]]). Неговото учење отскокнува и значително се разликува од останатите утилитаристи, бидејќи тој како највисоко добро ја смета културната и духовната среќа на човекот. Исто така, тој вели дека политичкото дејство треба да се води од „принципот на слободата“, односно дека на секој човек мора да му се гарантира тотална слобада, која нема да се коси со слободата на другите, како секој би ја максимизирал сопствената среќа.
 
Класичната утилитаристичка теорија на Бентам и Мил, влијаеше многу во развојот на концептот на консеквенционализмот. Исто така, утилитаризмот во одреден дел е имплементиран во либертаријанската (слободарска) филозофија, како и во одредени домени на [[Социјализам|социјалистичките]] теории.
Ред 24:
[[Субјективност|Субјективниот]] утилитаризам (или утилитаризам на преференците) пак, вели дека секој човек различно ја доживува користа и доброто, но сепак рационализмот и репутацијата ги става пред хедонизмот на листата на задоволства.
 
Утилитаризмот на другите видови, е правец кој [[Животни|животнитеживотни]]те ги смета за еднакви на луѓето од аспект на доброто кое го заслужуваат. Питер Сингер истакнува дека страданието на животните во прехрамбената индустрија е повеќекратно посурово од она во природата. Затоа, ова учење е блиско со [[вегетаријанство]]то и претставува еден вид [[Прагматизам|прагматична]] филозофија.
 
== Утилитаризмот и религијата ==
 
Утилитаризмот и [[Религија|религијатарелигија]]та не се исклучуваат меѓусебно, односно возможно е човек во исто време и да биде верник и притоа да се води од утилитаристички принципи. Според одредени теоретичари, голем број религии се базираат токму на утилитаризмот, со мали отстапки.
 
== Биолошко објаснување на утилитаризмот ==
 
Според одредени тврдења, [[Социобиологија|социобиологијатасоциобиологија]]та, односно погледите за социјалната [[еволуција]] на човештвото, во добар дел кореспондираат токму со утилитаристичките постулати. Според [[Питер Сингер]], човекот, од самиот свој почеток е воден од своите и интересите на групата, бидејќи тој морал да ги запази [[Кохезија|кохезијатакохезија]]та и [[Кооперација|кооперацијатакооперација]]та како есенцијални за сопствениот напредок. Впрочем, во секое донесување одлуки, уште од времето на собирачите и ловците, луѓето морале да ги ценат меѓусебно своите интереси, што е темел на утилитаристичкото размислување. Следствено, утилитаристичкиот начин на размислување и однесување е вроден манир на човекот, и е негово неотуѓива карактеристика.
 
== Надворешни врски ==
Ред 41:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Етика]]