Хокеј на мраз: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Историја: Јазична исправка, replaced: -та година → година using AWB
с Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат (3) using AWB
Ред 10:
 
Не се знае точното потекло на хокејот на мраз, но се смета дека се развил од игра што се игра со закривена палка и била популарна во Ниските Земји помеѓу средниот век и холандската Златна Доба. Играта се игра со дрвена закривена палка, а топката е направен од дрво или кожа.
Сепак, повеќето веруваат дека хокеј на мраз настанал од игри со палка и топка, кои биле играни на отворено, и прилагодени на ледените услови на Канада во 19 век. Игрите на британски војници и доселеници во Канада, под влијание на игрите со палка и топка на Првите Нации, се развила во игра со лизгалки, што се игра со плочка и со палки кои ги правеле индијанските племиња Микмаки во Нова Шкотска. Не се знае точно од каде потекнува името на хокејот, но прв патпрвпат на Англиски е спомнат зборот „хокеј“ во 1363 година.
 
Игрите со стап и топка се играле уште пред-христијански времиња. Вакви игри се играле и во Европа, како на пример Ирскиот спорт хурлинг, сличниот шкотски спорт шинти, и други видови на хокеј на трева, како на пример бенди во Англија. Европските доселеници во Канада со себе ги донесоа и ваквите игри и ги прилагодија на ладните климатски услови. Овој вид на забава често ја практикуваа британските војници. Според усните преданија, има докази од традиционалните игри со стап и топка која ја играле канадските индијанци Микмак во Источна Канада. Во книгата Микмашки Легенди(1984 година), Сила Ранд опишува игра со топка која се вика Туадиџик. Ранд, исто така опишува игра Волчамадиџик, која се играла после контактот со европската игра хурлинг.
Ред 24:
 
Зборот „хокеј“ беше спомнат во 1363 година, кога Кралот ЕдвардIII од Англија објави листа со забранети игри во кралството : " Понатаму, ви наредуваме да ги забраните со казна затвор сите различни фрлања со железо, камен и дрво; ракомет, фудбал, хокеј; или лов на зајци со пци, борби со петли, или други слични неактивен игри "
Од контекстот, зборот „хокеј“ е изведенка од зборот „hook“ (кука, јадица), што се однесува на обликот на хокеарската палка. Во иститот контекст зборот „hook“ за прв патпрвпат е спомнат во 1527 година во статут регистриран во градот Галвеј во Ирска, но како објаснување за обликот на палката која се користела во играта хурлинг во тоа време.
Според Остин хокеарската асоцијација, зборот плочка е е изведен од шкотско-галскиот збор „ puc", или ирскиот збор „ poc," што значат да бутка, турка или задава удар. Оваа дефиниција е попрецизно објаснета во книга објавена во 1910 година, со наслов: „ Англиски јазик како што го Зборуваат во Ирска" од П. В. Џојс.
 
Ред 37:
Иако не е документирано, се смета дека првиот хокеарски натпревар во Европа е одиграна во 1885 година, во швајцарското зимувалиште [[Санкт Мориц]], помеѓу универзитетските екипи на Оксфорд и Кембриџ. Победник на натпреварот беше Оксфордскиот тим Дарк Блу, кој водеше со 6:0. Првите фотографии и тим листи датираат од 1895 година. Ривалството помеѓу овие две екипи продолжило понатаму, а се смета и за најстаро во историјата на хокеј на мраз. Тоа не е единствената игра во Европа која настанала од игри со стап и топка. Друга популарна игра во Европа е бенди која се игра на мраз, но наместо плочка се користи топка. Во денешно време оваа игра е многу популарна во Шведска, Норвешка, Финска и Русија.
 
Во 1888 година, тогашниот канадски гувернер Лорд Стенли од Престон, чии синови и ќерки станаа љубители на хокеј, присуствувале на турнирот на Зимскиот карневал во Монтреал и беа воодушевени од овој хокеј спектакл. Тогаш приметиле дека пбедничкиот тим во Канда не добива никакво признание и дека заслужува трофеј. Во 1892 година Стенли го направил првиот хокеарски трофеј кој изгледал како обична декоративна чинија.Подоцна овој трофеј стана познат како Стенли куп, а прв патпрвпат бил доделен во 1893 година на победничката екипа ХК Монтреал на АНАС лигата. Истиот трофеј се доделува и денес на победниците на северноамеричкеата НХЛ лига. Синот на Стенли, Артур е еден од основачите на Хокеарската асоцијација Онтарио, а неговата ќерка Изабела станала првото женско кое играло хокеј на мраз.
 
До 1893 година биле основани преку сто аматерски хокеарски екипи само во Монтреал, а биле основани и клубови и натпревари низ цела Канада. Играчите од Винипег во оваа игра воведоа вид на штитници за поголема заштита на колената на голманите. Мрежата на головите станала стандрдна карактеристика на хокеарските терени во 1900 година, потоа биле воведени и термините лев и десен одбрамбен играч.