Разлика помеѓу преработките на „Денес над Македонија“

с
Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат (3) using AWB
с (Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат (3) using AWB)
}}
 
'''Денес над Македонија''' — [[државна химна]] на [[Македонија]]. Автор на текстот е [[Владо Малески]], а автор на музиката [[Тодор Скаловски]]. Напишана е во [[1941]] година. По завршувањето на [[Втората светска војна]] е усвоена како химна на [[СР Македонија]] во рамките на поранешна [[СФРЈ|Југославија]], а по осамостојувањето на Република Македонија, на [[11 август]] [[1992]] година со закон е прогласена и за химна на независна [[Македонија]].<ref>[http://www.slvesnik.com.mk/Issues/0E00D81461B0480F99954FAB2F2F9481.pdf Закон за химната на Република Македонија, Службен весник на РМ 50/92].</ref> <ref>[https://www.akt.mk/%d0%b7%d0%b0%d0%ba%d0%be%d0%bd-%d0%b7%d0%b0-%d1%85%d0%b8%d0%bc%d0%bd%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d1%80%d0%b5%d0%bf%d1%83%d0%b1%d0%bb%d0%b8%d0%ba%d0%b0-%d0%bc%d0%b0%d0%ba%d0%b5%d0%b4%d0%be%d0%bd/ Закон за химната на Република Македонија].</ref>
 
Со текот на времето текстот на химната претрпел разни промени, при што денес се познати три нејзини верзии — денешната верзија, првичната химна и првата официјална изведена химна која се разликува од првата во само еден ред. Во однос на првичниот текст од 1941 година се изоставени имињата на [[Никола Карев]] и [[Димитар Влахов]], а е додадено името на [[Даме Груев]]<ref name="dnevnik.com.mk">[http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=8D4E2A2A3F64A5479BE1236EF940FF2E&arc=1 „По Републиката, Карев ја загуби и химната“]</ref>.
 
== Историја на химната ==
[[Податотека:Macedonian Anthem Monument, Struga.JPG|мини|лево|Спомен плоча во [[Струга]] со натпис:</br />
„Во ноќта спроти Новата 1942 година</br />
струшката младина организирана од</br />
КПЈ и СКОЈ во градот Струга</br />
првпат ја испеа песната</br />
„Денес над Македонија се раѓа</br />
ново сонце на слободата.“</br />
Од таа ноќ песната се носеше од</br />
уста на уста низ цела окупирана</br />
но непокорена Македонија.</br />
Граѓаните на град Струга“]]
[[Податотека:Закон за химната на РМ.tif|мини|десно|Законот за Химната на Македонија]]
Химната на [[Македонија]] е напишана од македонскиот автор [[Владо Малески]], во [[1941]] г. а за прв патпрвпат се изведува на пречекот на новата [[1942]] година во [[Струга]] во куќата на [[Сотир Шута]]. Химната била изведена за прв патпрвпат таа вечер каде присуствувале активисти на ослободителното движење на Македонија од Струга и струшкиот регион.<ref name="Културно наследство на Струга">[http://www.org.mk/struga-heritage/tekst.asp-lang=mac&tekst=5.htm Културно наследство на Струга]</ref>
 
За овој настан Малески ќе рече:
 
{{Quotation|„Со оглед на приликите, тоа секаде се прави да не падне во очи пречекот на новата година имаше за цел да се собере младината и под оваа форма да се разговара за претстојниот вооружен отпор против фашизмот. Тогаш се информирав и за нападот на полицискиот участок во Прилеп и нападите во Куманово. Што се однесува на програмата за дочек на нова година јас, Боро Путе и Димче Кошарко, ја подготвивме песната "Денес над Македонија" која набрзо потоа ќе стане најпопуларна песна во цела Македонија и која до ден денеска се одржува како еден вид македонска химна.“|Владо Малески<ref name="Културно наследство на Струга">[http://www.org.mk/struga-heritage/tekst.asp-lang=mac&tekst=5.htm Културно наследство на Струга]</ref>}}
 
Меѓу присутните активисти на народно-ослободителното движење на Македонија бил и блискиот пријател на Малески, [[Никола Кочоски]] кој за песната изјавил:
 
{{Quotation|„Бев поканет од мојот другар Јосиф Миса да присуствувам на новогодишната игранка во домот на Сотир Шута. Кога влегов во горните одаи на куќата пријатно бев изненаден од амбиентот во кој се пееше песната ,Денес над Македонија’ за чие име дознав во текот на вечерта. На гитара свиреше и пееше Владо Малески. Песната ја пееше со восхит, а присутните со смиреност го следеа и потпевнуваа. За песната беа изречени многу убави зборови потенцирајќи дека во нејзината содржина е сета македонска историја и иднина. Таквата пријатна атмосфера овозможи и сериозен разговор кога за првпат бевме информирани за успесите во војната што се води против фашизмот, како и за првата вооружена акција на македонските борци со нападите во Прилеп и Куманово“|Никола Кочоски<ref name="Културно наследство на Струга">[http://www.org.mk/struga-heritage/tekst.asp-lang=mac&tekst=5.htm Културно наследство на Струга]</ref>}}
 
Денес сè уште нема официјално објаснение за промените што ги претрпела химната. Имено, првиот текст на химната изведена во Струга во [[1941]] година имала малку поразличен текст од денешниот особено во имињата на македонските револуционери и еден подоле ред. Така од првичните „... Гоце Делчев, Питу Гули, Карев, Влахов, Сандански“, денес во химната се спомнуваат „... Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански“. Нема објаснение ни за заменетиот ред од страна на [[Кочо Рацин]] „Од гроб станаа славните ѕидари...“ со „Одново сега знаме се веје...“ до која доаѓа при првото објавување на оваа песна во „Македонските народно-ослободителни песни“ во јуни [[1943]] година.
Во „Македонските народно-ослободителни песни“ се спомнуваат имињата на Делчев, Груев, Гули, Сандански и Влахов,<ref>Блаже Ристовски (уредник) „Рациновите македонски народно-ослободителни песни“, „Матица македонска“, Скопје, 1993, 40 стр.</ref> односно е избришано името на Никола Карев, а е додадено името на Даме Груев.
 
Кога се официјализирала химната во [[1992]] година, меѓу предлозите ја немало изворната химна и поради тоа комисијата не била запозната со тоа.<ref>[http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=8D4E2A2A3F64A5479BE1236EF940FF2E&arc=1 По Републиката, Карев ја загуби и химната]</ref> За прв патпрвпат химната, официјално, била испеана од триото: [[Никола Бадев]], [[Васка Илиева]] и [[Александар Сариевски]].
 
{{Quotation|„Малески рече дека таа строфа гласи: „Од гроб станаа славните ѕидари на Крушовската Република, Гоце Делчев, Питу Гули, Карев, Влахов, Сандански“. Интересно е што тука го нема името на Даме Груев“.|Симо Младеновски<ref name="dnevnik.com.mk">[http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=8D4E2A2A3F64A5479BE1236EF940FF2E&arc=1 „По Републиката, Карев ја загуби и химната“]</ref>}}
 
== Текст ==