Јоханес Вилхелм Јенсен: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-Философија +Филозофија)
с Додадена категорија using AWB
Ред 1:
'''Јоханес Вилхелм Јенсен''' ({{роден на|20|јануари|1873}} - {{починал на|25|ноемвр|1950}}) — дански автор, честопати сметан за првиот голем дански писател на 20-тиот век. Седумнаесет пати бил номиниран за [[Нобелова награда]] за [[литература]], што се смета за основиден рекорд. [[Нобеловата награда]] за [[литература]] ја добил во [[1944]] година.<ref>Нид„Микена“,Битола,2009</ref>
 
 
==Животен пат и литературно дело==
Роден во Фарсо, село во [[Северен Јутланд]], [[Данска]], како син на ветеринарен хирург, Јенсен израснал во рурално опкружување. Работел како репортер за да си го плати школувањето во медицинско [[училиште]], но го напуштил [[Училиште|училиштетоучилиште]]то за да следи писателска кариера. Најпознат е по својот циклус од шест [[Роман|романироман]]и Долгиот пат (Den Lange Rejse [[1908]]-[[1922]]), којшто бил објавен во двотомно издание во [[1938]] година. Тоа честопати се смета за негово главно прозно дело, кое се протега од почетокот на човековото постоење се до [[откривањето на Америка]], и претставува алтернатива на библиските приказни за Постанокот.
Автор е на над 100 [[есеи]] и приказни од патувања и од [[Природа|природатаприрода]]та, коишто се објавени во единаесет тома, сите со наслов Митови (Myter), и тритомната фиктивна [[биографија]] на еден од данските кралеви Падот на кралот (Kongens Fald). Иако бил малку познат надвор од [[Данска]], го нарекувале „големиот лингвистички иноватор на периодот“. Додека студирал медицина на [[Универзитет|Универзитетот]]от во [[Копенхаген]] работел како [[писател]] за да си го финансира школувањето. По 3 години студирање избрал да е промени кариерата и целосно да и се посвети на [[Литература|литератураталитература]]та. Првата фаза од неговото творештво била под влијание на песимизмот карактеристичен за fin-de-siècle. Неговата кариера почнала со обновување на Приказните од Химерланд (Himerland Stories, 1898-1910), коишто се состојат од низа приказни чие дејство се случува во делот од [[Данска]] кој е неговиот роден крај. Во текот на [[1900]] и [[1901]] година го напишал своето ремекдело. Падот на кралот, модерен историчен [[роман]] чие дејство се врти околу [[Крал|кралоткрал]]от Кристијан II и неговата карактеристично данска неодлучност и неуспех да се преземе акција.
Во [[1906]] година Јенсен создал свое најголемо литературно постигнување: збирката стихови Песни [[1906]] (Digte [[1906]]), којашто ја вовела прозната [[песна]] во данската [[литература]]. Пишувал [[поезија]], неколку [[Драма|драми]] и многу [[есеи]], главно на теми од [[Антропологија|антропологијатаантропологија]]та и [[Филозофија|филозофијатафилозофија]]та на [[еволуција]].
Сите најпопуларни литературни дела на Јенсен биле завршени пред [[1920]] година. Потоа тој главно се концентрирал на амбициозни биолошки и зоолошки проучувања во обид да создаде етички систем кој се темели врз дарвинистичките идеи. Подоцнежните дела на Јенсен ги вклучуваат [[Егзотични новели]] (Eksotistake noveller, [[1907]]-[[1917]]), базирани на неговите патувања низ Далечниот исток, како и Јоргине (Jorgine, [[1926]]), приказна за една измамена селска девојка која си го спасува [[Живот|живототживот]]от со тоа што влегува во [[брак]] без [[љубов]] и станува пожртвувана [[мајка]].
Јенсен бил контроверзна фигура во данскиот културен [[живот]]. Бил упорен полемичар и неговите честопати сомнителни расни теории штетно влијаеле врз неговата репутација. Во [[1904]] година се оженил со Елзе Мари Улрик, со која имал три сина. Починал во [[Копенхаген]], на [[25 ноември]] [[1950]] година.
Денес Јенсен се уште се смета за [[татко]] на данскиот модеризам, особено во областа на модерната [[поезија]] со своето воведување на прозната [[песна]] и употребата на директен и јасен [[јазик]]. Неговото директно влијание се чуствувало се до крајот на ‘60-тите години. Го комбинирал гледиштето на регионален [[писател]] со ставовите на модерен академски научен проследувач. Во [[1999]] година Падот на кралот бил прогласен за најдобар дански [[роман]] на [[20-ти век|20-тиот век]].
Ред 13 ⟶ 12:
{{наводи}}
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Добитници на Нобеловата награда за литература]]