Габриела Конеска Трајковска: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Додадена категорија using AWB
Ред 2:
 
== Биографија ==
Коневска Трајковска е родена на [[29 мај]] [[1971]] во [[Скопје]]. Дипломирала право на Правниот факултет во Скопје при [[Универзитетот Св. Кирил и Методиј]], каде и завршила постдипломски студии. Имала и специјализација по [[право на Европска унија]], како и по меѓународно право на [[ОН]].
 
Била претседател во невладината организација за борба против корупција [[Транспарентност Македонија]].
 
Претходно работела како личен политички советник на специјалниот координатор на [[Пактот за стабилност]] и координатор на СЕКИ иницијативата [[Ерхард Бусек]]. Конеска беше предавач на Њујорк Универзитетот во Скопје во областа на правото на Европската унија, како и шеф на меѓународната мисија во [[Букурешт]], при Пактот за стабилност - Секретаријат за борба против организираниот криминал, како и директор на Регионалниот центар за борба против организираниот криминал во Букурешт, при СЕКИ иницијативата.
 
Габриела Конеска-Трајковска имала добиено повеќе признанија, од [[Стејт департмент]]от на [[САД]] за посебен и истакнат ангажман при формирање на Регионалниот центар за борба против организираниот криминал во Букурешт, при СЕКИ иницијативата, од [[Тајна служба|Тајната служба]] на САД за резултати при сузбивање на финансискиот криминал, како и од Интерпол за имплементација на меѓународни правни норми при размена на податоци и информации за сузбивање на организираниот криминал. Полицијата на [[Романија]] и има доделено диплома на честа. Била мажена е и имала едно дете.
 
Конеска-Трајковска се служела со [[англиски]]от, [[француски]]от и [[романски]]от јазик, а имала познавања и од [[германски]]от и од [[грчки]]от јазик.
Ред 22:
[[Категорија:Луѓе од Скопје]]
[[Категорија:Политичари од ВМРО-ДПМНЕ]]
[[Категорија:Апсолвенти на универзитетот Св. Кирил и Методиј]]