Џошуа Рејнолдс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с Додадена категорија using AWB
Ред 21:
== Биографија ==
Џошуа Рејнолдс е роден во [[Плимптон]], [[Девон]], на [[16 јули]] [[1723]]. Бил едно од единаесетте деца на селскиот училишен управник, и неговото образование го стекнал кај татко му. Но и покрај ова, Рејнолдс се покажал како љубопитно момче и тогаш бил запознаен со [[Захариј Маџ]], чија [[платонизам|платонистичка филозофија]] останала во него цел живот.
 
Од мали нозе покажал интерес за уметноста, па во 1740 станал чирак кај популарниот портретист [[Томас Хадсон]], кај кого останал да работи до 1743. Периодот од 1749 до 1752 год. го провел во [[Италија]], каде ги изучувал Старите мајстори и го засакал т.н. „Велик стил“. нажалост додека бил во [[Рим]], Рејнолдс имал лоша настинка, од која останал делумно глув, и како резултат на неа морал да носи [[слушен апарат|ушна труба]], со кој е често прикажан. Од 1753, па до крајот на животот живеел во [[Лондон]], и наскоро по преселувањето таму неговите способности се здобиле со широко признание.
 
Рејнолдс во своето студио работел долги часови, ретко одејќи на одмор. И покрај ова бил друштвен и мошне интелектуален, со голем број пријатели од Лондонската интелигенција, меѓу кои [[Семјуел Џонсон|Д-р Семјуел Џонсон]], [[Оливер Голдсмит]], [[Едмунд Берк]], [[Хентри Трејл]], [[Дејвид Герик]] и уметникот [[Анџелика Кауфман]]. Заради неговата популарност како протретист, Рејнолдс уживал постојана дружба со богатите и славните, и бил првиот кој ги состанал славните ликови во „[[Клубот]]“.
 
Заедно со неговиот соперник [[Томас Гејнсборо]], Рејнолдс бил доминантниот англиски портретист во 'Џонсоновото доба'. Се смета дека низ неговиот долг живот тој насликал дури 3000 портрети<!-- http://www.gutenberg.org/files/19009/19009-h/19009-h.htm -->. Во 1789 го изгубил видот на левото око, што го натерало да се пензионира, па на [[23 февруари]] [[1792]] умрел во негов“ата куќа на [[Лестерски плоштад|Лестерскиот плоштад]], Лондон. Бил погребан во [[Катедрала Св. Павле (Лондон)|катедралата „Св. Павле]].
 
== Статус и реноме ==
Професионално, Рејнолдсовата кариера никогаш не го достигнала својот врв. Бил еден од првите членови на [[Кралско уметничко друштво|Кралското уметничко друштво]], и заедно со Гејнсборо ја основале [[Кралска академија|Кралската академија на уметностите]] како споредна организација. Во 1768 станал нејзин прв претседател, накоја фукнција останал сѐ до неговата смрт. Како предавач, неговите ''Говорења'' на тема уметност (одржани помеѓу 1769 и 1790 год.) се паметат по нивната сензитивност и перцепција. Во една од овие предавања тој го искажал своето мсилење дека: ''„новините, во потесна смисла, се само нова комбинација на сликите претходно собрани и зачувани во помнењето.“''
 
Историски, Рејнолдс и Кралската Академија добивале мешовити критики. Негови критичари биле многу од [[Предрафаелити]]те, како и [[Вилијам Блејк]], кој подоцна ги издал неговите ''Прибелешки кон Говорењата на Сер Џошуа Рејнолдс'' во 1808. Спротивно на ова, и [[Џ. М. В. Тарнер]] и [[Џејмс Норткоут]] биле негови жестоки поддржувачи: Тарнер побарал да биде погребан веднаш до Рејнолдс, а Норткоут (кој четири години бил Рејнолдсов ученик) во една прилика му пишал на сејеството ''„Го познавам темелно, сигурен сум, заедно со сите негови мани, но сепак речиси го обожувам.“''
Ред 63:
</gallery>
</center>
 
 
{{s-start}}
Ред 78 ⟶ 77:
{{end}}
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Рејнолдс, Џошуа}}
{{Нормативна контрола}}
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Рејнолдс, Џошуа}}
[[Категорија:Англиски сликари]]
[[Категорија:Портретисти]]
Ред 88:
[[Категорија:Родени во 1723 година]]
[[Категорија:Починати во 1792 година]]
[[Категорија:Витези-бакалауреати]]