Разлика помеѓу преработките на „Бахами“

Нема измена во големината ,  пред 5 месеци
с
Јазична исправка, replaced: Британската империја → Британската Империја using AWB
с
с (Јазична исправка, replaced: Британската империја → Британската Империја using AWB)
По Американската независност, околу 7,300 Лојалисти и нивните робови се преселиле на Бахамите од [[Њујорк]], [[Флорида]] и [[Каролина]]. Овие Лојалисти создале плантажи на неколку острови и станале политичка сила во главниот град. Оттогаш малото население било составено од најмногу Африканци.
 
Британците ја укинале трговијата со робови во [[1807]] што довело до присилно населување на Бахамските острови од илјадници Африканци ослободени од бродовите со робови од Кралската морнарица. Ропството конечно било укинато во Британската империјаИмперија на 1 Август 1834 година.
 
=== 20 век ===
[[Податотека:BahamasOMC.png|left|200px|thumb|Карта на Бахамите.]]
 
Бахамите се островска група составена од 29 поголеми острови, 661 песочни мали острови и 2.387 мали, воглавно карпести, острови. Бахамите се наоѓаат во [[Атлантскиот Океан]], северно од [[Куба]] и [[Хиспаниола]] ([[Хаити]] и [[Доминиканската Република]]), северозападно од островите [[Туркс и Кајкос]] и југоисточно од [[САД]]. Вкупната површина на Бахамите е 13.939 километри квадратни со вкупно население од околу 330.000 жители. Најблиски острови до САД се Бимини, кои се познати како портата на Бахами. Најисточен остров од Гранд Бахама е Абако, додека најјугоисточен е островот Инагва. Најголем остров на Бахамите е островот Андрос. Покрај Андрос, останати населени острови се Елеутера, Кет, Лонг Ајланд, Сан Салвадор, Крукед, Ексума и Мајагвана. Главниот град на државата, Насау, се наоѓа на островот Њу Провиденс. Сите бахамски острови се ниски и рамни, со висини не повисоки од 15 до 20 метри. Највисока точка на Бахамите е Алвернија со висина од 63 метри и се наоѓа на островот Кет.
 
Климата на Бахамите е [[Суптропска клима|суптропска]] и [[Тропска клима|тропска]] и воглавно зависи од [[Голфска струја|Голфската струја]], која има влијание особено во зимскиот период.<ref>[http://www.eoearth.org/article/Bahamian_dry_forests Location and General Description] Bahamian dry forests, The Encyclopedia of Earth</ref> Исто така, струјата има значителен удел на климата во летниот, есенскиот и пролетниот период кога има појави на урагани. До денес нема запис и нема пријавено многу ладни температури и најмногу може температурата да падне до 2 или 3 степени. Во јануари [[1977]] година бил забележан пад на [[снег]] помешан со [[дожд]],<ref>[http://www.islandnet.com/~see/weather/almanac/arc2002/alm02jan.htm The Weather Doctor]</ref> кога температурата била од 4 до 5 степени.<ref>[http://www.esl.lsu.edu/quicklinks/publications/pdfs/thermalhistory.pdf Walker, N.D., Roberts, H.H., Rouse, L.J. and Huh, O.K. (1981, November 5). ''Thermal History of Reef-Associated Environments During A Record Cold-Air Outbreak Event''. Coral Reefs (1982) 1:83-87]</ref>
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Бахами| ]]