Лондонски договор (1913): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична исправка, replaced: Отоманска империја → Отоманско Царство using AWB
с →‎top: Јазична исправка, replaced: Руска империја → Руска Империја using AWB
Ред 13:
Тоа било причина на [[1 јуни]] [[1913]] година Србија и Грција да склучат договор за пријателство и одбранбен сојуз против Бугарија. Покрај тоа, Србија добила право на слободно користење на пристаништето во Солун во траење од 50 години. Истиот ден била потпишана и [[Воена конвенција|Воената конвенција]], во која биле регулирани меѓусебните воени обврски и соработката меѓу Србија и Грција во случај на напад од Бугарија или на некоја друга држава.
 
По тие настани, големите сили, со оглед на сопствените интереси кон Балканот, развиле широка дипломатска активност. [[Руска империјаИмперија|Русија]] настојувала да го зачува [[Балкански сојуз|Балканскиот сојуз]] како пречка на австро-германското продирање на [[Балкан]]от, а [[Австро-Унгарија]] тежнеела да се разбие овој сојуз и ја поддржувала Бугарија да не попушта во своите барања.
 
За да го спречи избувнувањето на нова, меѓусојузничка војна, Русија ги повикала сојузниците да го решат спорот по мирен пат и ги предупредила Србија и Бугарија на руската [[арбитража]] предвидена со [[Српско-бугарска спогодба|Српско-бугарскиот договор]]. На рускиот апел двете страни одговориле условно: српската влада дека ја прифаќа арбитражата на Русија, доколку се прифати нејзиното барање за ревизија на договорот, а бугарската влада арбитражата ја прифаќала доколку се почитува договорот, односно воспоставената поделба на територијата. Со оглед на тоа дека двете влади не отстапувале од своите барања, Русија се откажала од натамошна арбитража. Со тоа го забрзала почетокот на [[Втората балканска војна]], новата поделба на [[Македонија]] и воспоставување нови граници по пат на сила.