Расизам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Меѓународен ден за елиминација расната дискриминација: Јазична исправка, replaced: -та година → година using AWB
с →‎Етнички национализам: Јазична исправка, replaced: Германската империја → Германското Царство using AWB
Ред 87:
 
По Наполеонските војни, Европа се соочувала со новото „прашање на националности“, што водело до реконфигурирање на Европската мапа, разграничување на границите на земјите за време на Вестфалискиот мировен договор. Национализмот го направил своето прво појавување со измислувањето на масовното регрутирање од страна на француските револуционери, притоа измислувајќи масовно собирање на војници со цел да бидат способни да ја одбранат ново создадената Република против доминацијата на стариот режим од страна на Европските монархии. Ова довело до Француските револуционерни војни (1792-1802 година) а потоа и до Наполеонските освојувања, и до подоцнежните дебати ширум Европа на концептите и суштините на државите, а особено на националните држави. Вестфалискиот мировен договор ја поделил Европа на неколку империи и кралства (Отоманското Царство, Светото римско царство, Шведската империја, Кралството на Франција, итн.) и со векови се воделе војни помеѓу принцовите (Kabinettskriege на германски јазик).
Модерните национални држави се појавиле во почетокот на Француската револуција, со појавувањето на патриотски чувства за првпат во Шпанија за време на Полуостровската војна (1808-1813 година – позната во Шпанија како Војната за независност). И покрај враќањето на претходниот ред со Виенскиот конгрес, 1815 година, „прашањето за националностите“ станала главен проблем за Европа за време на Индустриската револуција, водејќи особено кон Револуциите од 1848-та, Италијанската унификација завршила за време на Француско-пруската војна, 1871 година, која и самата кулминираше со прогласување на ГерманскатаГерманското империјаЦарство во Версајската палата, па на тој начин постигнувајќи го обединувањето на Германија.
Во меѓувреме, Отоманското Царство, „Европскиот болен човек“ , се соочувала со бескрајни националистички движења, кои, заедно со распуштањето на Австро-Унгарската империја, ќе доведат до создавањето по Првата светска војна на неколку национални држави на Балканот, со „национални малцинства“ во нивните граници. Етничкиот национализам, кој го застапувал верувањето во наследно членство на нацијата, се појавил во историскиот контекст опфаќајќи го создавањето на современите национални држави.
Едно од своите главни влијанија било Рамантичарското националистичко движење на преминот кон 19-от век, претставувано од личности како Јохан Готфрид фон Хердер (1744-1803 година), Јохан Готлиб Фихте (1762-1814 година) во делото „Дискурс до германската нација“ (1808 година), Фридрих Хегел (1770-1831 година), или исто така, во Франција, Јулиј Мишел (1798-1874 година). Етничкиот национализам бил во спротивност со либералниот национализам, кој бил претставувам од автори како Ернест Ренан (1823-1892 година), кој ја гледал нацијата како заедница, која, наместо да се заснова на етничката група „Волк“ и на одреден, заеднички јазик, се создала на субјективната волја да се живее заедно („нацијата е секојдневен плебисцит“ , 1882 година) или Џон Стјуарт Мил (1806-1873 година).
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Расизам