Јоанис Метаксас: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
clean up, replaced: листа на → список на using AWB
с →‎Воена кариера: Јазична исправка, replaced: Германската Империја → Германското Царство using AWB
Ред 29:
==Воена кариера==
[[Податотека:Ioannis Metaxas with parents.jpg|мини|лево|160px|Јоанис Метаксас како дете со родителите]]
Роден е во [[Итака]]. Била по професија воен офицер кој најпрво се истакнал во Грчко-турската војна од 1897 година. Во 1902 година, по завршувањето на студиите во ГерманскатаГерманското ИмперијаЦарство, се враќа во Грција каде станува член на Генералштабот на армијата. Бил задолжен за процесот на модернизација на грчката армија пред балканските војни (1912-1913), во кои активно учествувал. Тој бил назначен за началник на Генералштабот на грчката армија во 1913 година. Во 1916 година унапреден бил во генерал-полковник.
 
Тој e одговорен за подготовката на воените планови и дипломатските чекори во Првата и Втората Балканска Војна, што довело до припојување на [[Епир]], [[Егејска Македонија]] и [[Тракија]] кон грчката држава. За оваа намена во 1922 година, непосредно пред започнување на Првата балканска војна, Венизелос и Метаксас отишле во Софија за да склучат пакт помеѓу Бугарија и Грција. Пактот бил потпишан на 5 октомври. После потпишувањето на пактот со Бугарија заминал за Белград. Потоа, на 17 октомври во Лариса се сретнува со Генералштабот на грчката армија. Метаксас бил четврти во хиерархијата на генералштабот. Учествувал во сите битки во Првата балканска војна и бил еден од учесниците во преговорите за предавањето на Солун од страна на Хасан Паша. Во декември 1912 година Метаксас заминува за Лондон како воен советник на премиерот Елефтерос Венизелос во преговорите кои имале за цел воспоставување на мир со Турција. Во јануари следната година, во текот на преговорите бил испратен во Грција каде војската почнала да се соочува со проблеми.