Рудолф Месбауер: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Додадена категорија using AWB
Ред 30:
}}
 
'''Рудолф Лудвиг Месбауер''' ({{lang-de|Rudolf Ludwig Mößbauer}} {{роден на|31|јануари|1929}} — {{починал на|14|септември|2011}}<ref>{{de icon}} [http://www.bild.de/regional/muenchen/muenchen-regional/muenchner-physiknobelpreistraeger-moessbauer-20076024.bild.html Münchner Physik-Nobelpreisträger Mößbauer ist tot – München]. Bild.de (2011-09-21). Retrieved on 2012-06-26.</ref>) бил [[Германија|германски]] [[физичар]] најпознат по неговото откритие на ''неоптоварувачката нуклеарнорезонантна флуоресценција'' во 1957, работа за која бил награден со [[Нобелова награда за физика]] во 1961. Овој ефект, наречен [[Месбауеров ефект|месбауеров ефект]], е основа за [[Месбауерова спектроскопија|месбауеровата спектроскопија]].
 
== Кариера ==
Месбауер се родил во [[Минхен]], на истото место каде изучувал физика во [[Минхенски технички универзитет|Минхенскиот технички универзитет]]. Тој ја подготвил својата дипломска теза во лабораторијата за применета физика на [[Хајнц Маер-Лејбниц]] и дипломирал во 1955. Потоа заминал во Макс планковиот институт за медицинско истражување во [[Хајделберг]]. Овој институт, кој не бил дел од универзитетот, немал право да врачи докторат, па така Месбауер останал под покровителство на Маер-Лејбниц, кој бил негов советник за теза кога докторирал во 1958 во Минхен.
 
За време на неговиот докторат, тој открил ''неоптоварувачката нуклеарна флуоресценција на гама зраци во 191 иридиум'', т.н. [[Месбауеров ефект|месбауеров ефект]]. Неговата слава нагло се зголемила во 1960 кога [[Роберт Пунд]] и [[Глен Ребка]] го употребиле овој ефект за да го докажат [[црвеното поместување]] на гама зрачењето во гравитационото поле на Земјата, а овој Пунд-Ребков експеримент бил еден од првите експериментално прецизни тестови на теоријата на [[Алберт Ајнштајн]] за [[Општа теорија за релативноста|општата теорија за релативноста]]. Долгорочната важност на месбауеровиот ефект се должи на употребата во месбауеровата спектроскопија. Заедно со [[Роберт Хофштатер]], Рудолф Месбауер бил награден со [[Нобеловата награда за физика]] во 1961.
 
Како предлог од страна на [[Ричард Фајнман]], Месбауер во 1960 бил поканет во Калтех, каде драстично напреднал од научен соработник во виш научен соработник, бил назначен за професор по физика во почетокот на 1962. Во 1964, [[Минхенски технички универзитет|Минхенскиот технички универзитет]] го разубедил да се врати како професор. Тој бил на оваа позиција сè додека не станал пензиониран професор, „емеритус“, во 1997. Како услов за неговото враќање, факултетот за физика вовел „одделен“ систем. Овој систем, под значително влијание на американското искуство на Месбауер, бил радикален контраст на традиционалниот, хиерархиски „факултетски“ систем на германските универзитети и Минхенскиот технички универзитет добил еминентна позиција во германската физика.
Ред 65:
[[Категорија:Членови на Националната академија на науките на САД]]
[[Категорија:Спектроскопичари]]
[[Категорија:Добитници на прускиот Орден за заслуги (граѓански)]]