Опсада на Пшемишл: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Опсада: ситна поправка
с Правописна исправка, replaced: Тарнов → Тарнув (2) using AWB
Ред 1:
'''Битка кај Пшемишл''', позната и како '''Опсада на Пшемишл''' била најдолга опсада во [[Прва светска војна|Првата светска војна]], на [[Источен фронт (Прва светска војна)|Источниот фронт]],<ref> A War in Words, стр.69, Svetlana Palmer & Sarah Wallis, Simon & Schuster 2003</ref> во која Австроунгарската војска доживеала тежок пораз. Опсадата започнала во септембври [[1914]] година, а накусо била запрена на [[11 октомври]] 1914 година. Опсадата е продолжена на [[9 ноември]] 1914 година. Гарнизонот со 110.000 австроунгарски војници им се предал на Русите на [[22 март]] [[1915]] година по опсадата која траела 194 денови.
 
== Причини ==
Ред 6:
 
== Опсада ==
Командант на рускеата Трета армија Радко Дмитриев на[[24 септември]] [[1914]] година ја започнал опсадата на Пшемишл. Дмитриев немал доволно потребна воена опрема, пред сè опсадна артилерија. Без да почека од главната команда да ги добие потребните артилериски средства, Димитриев наредил да се започне глем напад на тврдината, сметајќи дека така ќе ги оневозможи Австроунгарците да побараат и добијат помош. За три дена безуспешни, силни напади на тврдината Русите имале 40.000 жртви. Додека опсадата траела [[Паул фон Хинденбург]] започнал офанзива против Варшава на север. Во исто време [[Светозар Боројевиќ|Светозар Боројевич од Бојна]] ги предводел силите за ослободување на Пшемишл. Дмитриев на 11 октомври ја преместил линијата на опсада и се повлекол преку реката [[Сан]]. [[Конрад фон Хецендорф]] тогаш поверувал дека со заеднички напад со силите на армијата на Боројевиќ и гарнизонот од Пшемишла ќе можат да им нанесат тежок удар на Русите и да ја одбијат опсадата.
 
 
[[Паул фон Хинденбург]] до 31 октомври бил поразен во [[Битка на Висла|битката на Висла]] и го запрел нападот кон Варшава. Поради тоа и Боројевић се повлекол од реката Сан и се откажал од замислената офанзива што ја предлагал Конрад фон Хецендорф. На [[9 ноември]] [[1914]] година, Русите повторно превзеле опсада на [[Пшемишл]]. Руската Единаесетата армија под команда на [[Андреј Николајевич Селиванов]] ја превзела задачата за опсадата и конечната битка, наместо армијата на Радко Дмитриев. Селиванов не наредувал фронтални напади на Пшемишл, туку одлучил австроунгарскиот гарнизон да го изгладни и принуди на предавање. Во февруари Боројевиќ се обидел да организира нов напад за ослободување на Пшемишл од опсадата, но до крајот на февруари пропаднале сите обиди да се достави каква било помош за опседнатата тврдина. Конрад фон Хецендорф донел одлука и го информирал командантит на одбраната на Пшемишл, Херман Кузманек дека веќе нема да испраќа војска како помош за да се издржи опсадата. Рускиот командант Селиванов добил доволно тешка артиљерија подобна за освајување на утврдените објекти и на [[13 март]] [[1915]] година руските сили се пробиле низ северната одбрана на Пшемишл. Импровизирана линија на одбраната помогла гарнизонот да се одржи доволно долго, за во градот да уништат сè што на Русите можело да им биде од полза кога ќе го заземат градот. Војската под опсадата се обидела да изврши пробив на [[19 март]], потоа се предале, Херман Кузманек на [[22 март]] го предао гарнизонот од 110.000 војници на Русите.<ref>Cornish, Nik (2006). The Russian Army and the First World War. Stroud: Tempus.</ref>
 
== Резултат ==
Освојување на Пшемишл предизвикал општо мислење дека Русија ќе започне офанзива за заземање на Унгарија. До таа офанзива никогаш не дошло, но падот на Пшемишл представувал тежок удар за моралот на австроунгарските сили. Русите го држале Пшемишл до летото 1915 година, кога бил освоен во [[Офанзива на Горлиц-ТарновТарнув|офанзивата на Горлиц-ТарновТарнув]].
 
==Наводи==
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Пшемишл, Опсада на }}
[[Категорија:Битки на Австро-Унгарија во Првата светска војна]]
Ред 23:
[[Категорија:Пшемишл]]
[[Категорија:Опсади во Првата светска војна]]
[[Категорија:Луѓе од Лоѓ]]