Присутност (роман): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: Косински → Кошињски (2) using AWB
Ред 1:
'''Присутност''' ([[англиски]]: ''Being There'') е [[роман]] од [[САД|американскиот]] писател [[Јиржи КосинскиКошињски]] од [[1972]] година. Романот претставува [[сатира]] за односите во американското [[општество]], каде дури и еден [[идиот]] може да се вивне високо во [[политика]]та, финансиските кругови и [[медиуми]]те. Според романот, во [[1979]] година бил снимен филмот „Добредојдовте господине Чонс“, во [[режија]] на [[Хал Ешби]], со [[Питер Селерс]] во главната улога.
== Содржина ==
Романот се состои од седум дела во кои се опишуваат доживувањата на Ченс (''Chance'') во текот на седум дена. Ченс е ментално заостанат човек, роден од мајка која, исто така, била ментално заостаната, додека неговиот татко не е познат. Уште од мал, за него е грижи еден [[човек]], кого Ченс го вика Стариот. Ченс не знае да чита и да пишува, никогаш не излегол од [[куќа]]та во која живее и никогаш не се сретнал со ниту еден човек, освен собарката која е задолжена да се грижи за него. Целиот [[живот]], Ченс го поминал во средување на градината и во гледање [[телевизија]], од каде потекнуваат сите негови [[информации]] за [[свет]]от и за [[луѓе]]то. Еден ден, Стариот умира и во куќата доаѓа [[адвокат]] кој треба да се погрижи за средување на работите околу наследството. Бидејќи Ченс не постои во ниту еден документ, тој не може да докаже дека целиот живот го поминал заедно со Стариот, така што мора да ја напушти куќата.
Ред 14:
 
[[Категорија:Американски романи]]
[[Категорија: Дела на Јиржи КосинскиКошињски]]
[[Категорија:Луѓе од Лоѓ]]