Хосе де Сан Мартин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична исправка, replaced: Родригез → Родригес (5) using AWB
с →‎Ранкагвански акт: Јазична исправка, replaced: -та година → година using AWB
Ред 200:
Како и да е, министерот за војна [[Матијас де Иригојен]] уште еднаш наредил Армијата од Андите да се врати и го назначил [[Франсиско Фернандез де ла Круз]] како водич, заменувајќи го Сан Мартин. Тогаш Сан Мартин пак дал отказ и дал до знаење дека армијата нема да биде во можност да ги премине Андите од Чиле во Буенос Аирес бидејќи патот бил блокиран од снег. Сите водичи на воените единици на Армијата на Андите одбиле да одат во Буенос Аирес. Врховниот директор ја повлекол наредбата поради одбивањето на воените водичи и отказот на Сан Мартин, па така Армијата останала во Чиле. Наскоро на Пуејредон му завршил мандатот како Врховен директор и бил заменет од [[Хосе Рондо]].{{sfn|Galasso|2000|pp=293–299}}
 
Морнарицата била конечно оформена во Чиле и на челото на морнарицата бил назначен [[Томас Кокрејн]]. Сепак, морнарицата не била испратена веднаш во Перу поради гласините дека можно е да има напад врз Чиле и Аргентина од Шпанија, и во таков случај морнарицата би била испратена во Буенос Аирес. Граѓанската војна продолжила и Сан Мартин уште еднаш се обидел да биде медијатор, но без ефекти. Безуспешно Рондо повтроно побарал да се врати во Буенос Аирес Армијата на Андите.{{sfn|Galasso|2000|pp=301–308}} Сан Мартин се вратил во Чиле и се подготвувал за учество во воените морнарички дејствија против Перу (кое сè уште било упориште на Империјата) и со тоа го игнорирал Буенос Аирес. Истото го направила и Армијата од Северот.{{sfn|Abad de Santillán|1965|loc=Vol. II, p. 52}} Без засилување, Рондо бил поразен од страна на федералистите во битката на Кепеда во 1820 година. [[Конгрес од Тукуман|Конгресот од Тукуман]] и позицијата [[Врховен директор на Обединетите Покраини на Рио де ла Плата]] биле распуштени и Обединетите покраини станале конфедерација од 13 покраини без централна сојузна држава. Овој период е познат како ''[[Анархијата од 20 година|Анархијата од 20-та година]]''.{{sfn|Galasso|2000|pp=309–320}} Буната на шпанскиот генерал [[Рафаел дел Риего]] и појавата на жолтата треска во Кадис ставиле крај на опасноста за шпанското повторно освојување на басенот на [[Рио де ла Плата]].{{sfn|Abad de Santillán|1965|loc=Vol. II, p. 44}} Со Ранкагванскот акт Сан Мартин се стекнал со целосна автономија врз Армијата на Андите бидејќи со новата политичка ситуација во Буенос Аирес немало национален авторитет врз армијата.{{sfn|Galasso|2000|pp=321–327}}
 
=== Перу ===