Гален: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Подоцнежни години (162 – 217 година): Јазична исправка, replaced: римскиот император → римскиот цар using AWB
с →‎Младост (129 – 161 година): Јазична исправка, replaced: -та година → година using AWB
Ред 11:
Името на Гален, {{Јаз|grc|Γαληνός}}, ''Galēnos,'' е изведено од придавката „{{Јаз|grc|γαληνός}}“, што значи „смирен“.<ref>{{Наведена мрежна страница|url=http://www.perseus.tufts.edu/hopper/text?doc=Perseus:text:1999.04.0057:entry=galhno/s|title=Henry George Liddell, Robert Scott, A Greek-English Lexicon, γαληνός|work=www.perseus.tufts.edu|accessdate=2019-03-05}}</ref>
 
Самиот Гален своето детство го опишал во делото „''За афекциите на умот''“. Тој бил роден во септември 129 година во Пергам (денешна [[Бергама]], [[Турција]]). Неговиот татко, Елиј Никон, бил богат [[Патриции|патрициј]], архитект и градител, со широки познавања од филозофијата, математиката, логиката, астрономијата, земјоделството и литературата. Гален го опишал својот татко како пријателски настроен, праведен и добродушен човек. Во тоа време Пергам бил важен културен и интелектуален центар, познат по својата библиотека која била втора веднаш по познатата Александриска библиотека.<ref>{{Наведена книга|url=https://books.google.mk/books?id=NrEeAAAAIAAJ&redir_esc=y|title=New Testament Studies: Philological, Versional, and Patristic|last=Metzger|first=Bruce Manning|date=1980-01-01|publisher=BRILL|isbn=9789004061637|language=en}}</ref> Во Пергам се собирале познати филозофи од [[Стоицизам|стоичката]] и [[Платонизам|платонската]] школа, со кои Гален бил запознаен од својата 14-та година. Во неговите студии биле опфатени и принципите на филозофските учења од тоа време, како што се учењата на [[Аристотел]] и [[Епикур]]. Татко му сакал да продолжи со традиционално школување по филозофија и политика, па затоа го насочувал кон филозофијата и литературата. Но, според кажувањата на самиот Гален, околу 145-тата година, во сон на татко му се јавил богот [[Асклепиј]] (богот на медицината) и му наредил на Никон да го прати сина си на студии по медицина. На 16 години Гален почнал да изучува медицина во престижното локално светилиште, или [[Асклепион]], посветено на богот Асклепиј. Во текот на учењето, кое траело 4 години, тој имал познати ментори, лекари од тоа време: Есхарион од Пергам, Стратоникус, Сатирус и други. Светилиштето тогаш функционирало и како бања или санаториум, каде болните барале помош од свештенството. Римјаните често оделе во храмот во Пергам да бараат медицинска помош за нивните заболувања. Храмот бил често посетуван и од видни луѓе како, на пример, познатиот старогрчки оратор [[Елиј Аристид]], софистот [[Полемон|Антониј Полемон]], конзулот Каспиј Руфин и историчарот Клавдиј Харакс.
 
Во 148 година, кога Гален имал 19 години, татко му починал, оставајќи му богато наследство. Поучен од Хипократовото учење, тој почнал многу да патува и студирал во тогаш познатите места како, на пример, [[Смирна]], [[Крит]], [[Коринт]], за да конечно дојде и до [[Александрија]], во големото медицинско училиште, каде се практикувале разни медицински учења и пракси. Во 157 година, на своја 28 годишна возраст, Гален се вратил во Пергам, каде работел како лекар на гладијаторите, кај првосвештеникот од Азија, еден од најбогатите и највлијателни луѓе во тоа време. Таму поминал четири години и ја научил важноста на исхраната и вежбањето, хигиенските и превентивните мерки, третманите на фрактури и тешки повреди, заклучувајќи дека раните се „прозорци на телото“. За време на неговата лекарска пракса биле евидентирани само пет смртни случаи на гладијатори, во споредба со 60 смртни случаи во времето на неговиот претходник, што се објаснува со посебното внимание кое тој го посветил на лечењето на повредите и здобиените рани. Заедно со праксата, тој се занимавал и со студии по теоретска медицина и филозофија.<ref>{{Наведена книга|url=https://books.google.mk/books?id=tyip3Kf68TYC&pg=PP9&redir_esc=y#v=onepage&q&f=false|title=Galen on Food and Diet|last=Galenus|last2=Galen|last3=Grant|first3=Mark|date=2000|publisher=Psychology Press|isbn=9780415232333|language=en}}</ref><ref>{{Наведена книга|title=Making Men: Sophists and Self-Presentation in Ancient Rome|last=Gleason|first=Maud W.|publisher=Princeton University Press|year=2008|isbn=069113734X|location=|pages=}}</ref>
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Гален