Остроготи: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Владеењето на Теодорих: Јазична исправка, replaced: римскиот император → римскиот цар using AWB
с Јазична исправка, replaced: -та година → година (2) using AWB
Ред 6:
По распаѓањето на хунскиот племенски сојуз со [[битката кај Недао]] во 454 година, Остроготите во [[Панонија]] се ослободиле од власта на Хуните и, откако излегле од сојузот со [[Гепиди]]те, станале федерати на [[Византија|Источното Римско Царство]]. Остроготските воени одреди биле користени како наемници во византиската армија. Кон крајот на 5-от век на чело на Остроготите застанал [[Теодорих Велики|Теодорих]] од познатиот род Амал. Тој бил воспитуван во [[Константинопол]], каде што извесно време престојувал како дипломатски заложник. На дворот на императорот [[Зенон (владетел)|Зенон]] (474-491) заземал висока положба, а добил и патрицијска и конзулска титула. Тоа не му пречело неколку пати да се крева против Императорот и да го загрозува главниот град на [[Византија]]. За да ги упати Остроготите подалеку од престолнината Зенон го упатил Теодорих во [[Италија]], наложувајќи му да ја ликвидира власта на Одоакар.[[Слика: Ostrogothic_Kingdom.png|мини|300п|Остроготското кралство]]
=== Освојувањето на Италија ===
Во Италија веќе постоела државата на [[Одоакар]]. Имено тој, во 476-та година заедно со група на наемници во римска служба, кренал востание и го симнал од престолот императорот [[Ромул Августул]], последниот западно-римски император. На неговото место не бил поставен нов император, туку Одоакар (476-493) ја зел власта во свои раце и формирал свое кралство со центар во Равена, кое ги опфаќало териториите на Италија, [[Далмација]] и [[Сицилија]], а ја признавало врховната власт на источно-римскиот цар Зенон. Притоа, Одоакар ги испратил во Константинопол царските инсигнии, што им припаѓале на западно-римските цареви, а за возврат, од Константинопол бил признат за намесник на Царството и ја добил престижната титула патрициј. Но Одоакар водел самостојна политика и владеел независно од цариградскиот двор, што предизвикало силна опозиција во Италија и незадоволство во престолнината на Византија. За да стави крај на независната политика на Одоакар и да се ослободи од притисокот на Остроготите кои ги населувале византиските територии (вклучително и територијата на Македонија), императорот Зенон ги насочил воените сили на Остроготите во Италија.
==== Походот на Теодорих кон Италија и создавањето на Остроготското кралство ====
Кон крајот на 488-та година, Остроготите, на чело со Теодорих, се упатиле кон Италија. Се смета дека броеле околу 100.000 луѓе, од кои 20.000 биле војници. Во неколку битки Теодорих успеал да ги победи војските на Одоакар, а потоа со него склучил мировен договор за поделба на Италија. Но овој договор не траел долго. Теодорих со измама успеал да го ликвидира Одоакар кога му дошол на посета и потоа навлегол со својот народ во Италија. Во 493 година било формирано Остроготското кралство, на чело со кралот Теодорих (493-526). Покрај Италија, новата држава ги зафаќала и териториите северно од неа, до [[Дунав]], денешен [[Тирол]], Швајцарија, дел од Баварија, Австрија, Панонија, Илирија на источниот брег на Јадранското Море, како и Сицилија. Престолнина на кралството станал градот [[Равена]].<ref name="ReferenceA">Скаскин Д. и други (1970). Историја на средниот век, том 1, Скопје, стр 94</ref><ref>Аџиевски К., - Петровски Б. (2009). Историја на Европа во раниот среден век, Скопје. стр. 32</ref>
 
=== Државна организација ===