Хуни: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Стилска исправка, replaced: Централна Азија → Средна Азија using AWB
с Јазична исправка, replaced: -та година → година (3) using AWB
Ред 5:
== Рана историја ==
 
Кинеските извори ја следат историјата на Хуните на подрачјето на денешна Монголија уште од IV век п.н.е. Според нив овој номадски народ во североисточна [[Кина]] во IV век п.н.е формирал племенски сојуз кој обединувал 24 родови, кој во кинеските пишани извори бил наречен Империја Хуну. Во II век од н.е овој народ станал значаен фактор во историјата на средноазиските и источноевропските области. Под притисокот на нивните источни и јужни непријатели – тунгускиот народ Сиен-Ги од исток и династијата Хан во Кина од југ, еден дел од хунските маси население започнал да се раздвижува на запад кон Аралското и Каспиското море. Во почетокот на III век Хуните продреле во европска Сарматија и Подкавказието, каде до средината на IV век успеале да го потчинат поголемиот дел од сарматското племе Алани, а другиот дел го принудиле да се повлече кон запад, во Средна Европа, помеѓу реките [[Тиса (река)|Тиса]] и [[Дунав]]. На тој начин околу 350-та година на териториите помеѓу реките [[Дон]] и [[Волга]] и планината [[Кавказ]] бил формиран големиот племески воен сојуз на Хуните. Западно од него се наоѓал племенскиот сојуз на Остроготите. Во 375 г. во жестока битка Хуните ги поразиле Остороготите и го ликвидирале нивниот племенски сојуз.
По победата над Остроготскиот сојуз, Хуните продолжиле да се движат кон запад и предизвикале раздвижување на цела низа племиња со што и започнала Големата преселба на народите .
 
Ред 14:
== Атила и хунските пустошења по Балканот ==
 
По смртта на Руа, на чело на власта во Хунскиот племенски сојуз дошле [[Атила]] и Блида, синовите на Мундиох. Во тие тешки времиња со [[Византија]] сè уште владеел царот [[Теодосиј II]], кој војувал на две страни: на запад со Вандалите во [[Африка]] и на исток со Сасанидите кои ја нападнале [[Ерменија]] во 441 година. Оваа зафатеност на византискиот крал им овозможила на Атила и Блида во 441 година да навлезат во Илирик и централните делови на Балканскиот Полуостров. Хунската војска ги опустошила Маргус и Виминацијум, а ги завзела и Сингидунум и Сирмиум пред да го стопираат продорот. Настапило затишје во 442 година, решавајќи да го искористи тоа Теодосиј II ја отповикал својата војска назад од боиштето во Северна Африка и наредил ковање на голем број монети за да можел да ја финансира војната со Хуните. Откако се подготвил, Царот решил повеќе да не преговара со Атила и да ги прекине сите постоечки договори. Атила на тоа одговорил со обнувување на походот во 443-та година. Хуните го опседнале Наисус, а потоа продолжиле долж реката Нишава и ги завземале Сердика, Филипол и Аркадиопол. Византиските војски биле победени пред Костантинопол, но поради недостаток на опсадна опрема не успеал да го заземе градот. Теодосиј II го признал поразот и го испратил својот дворски пратеник Анатолиј да преговара за условите за мир, кои биле пооштри од претходните: царот се сложил да плати 6000 фунти злато поради непочитување на договорот и секоја година да дава данок во изност од 2100 фунти злато. Во 445 година Атила го ликвидирал својот брат Блида и продолжил да владее самостојно.
Во 447-та година Атила повторно тргнал на југ преку [[Мезија|Мизија]]. Римската војска предводена од Арнегисклус се сретнала со Хуните кај реката Вид и била поразена, но им нанесла тешки загуби на Хуните. Немајќи војска пред себе, Хуните успеале да се пробијат до Термопилите. Самиот Константинопол го спасил перфектот Флавије Константин кој ја организирал обновата на Теодосиевиот ѕид, кој претходно бил оштетен од земјотрес, а на некои места биле изградени и нови утврдувања. Атила како услов за мир барал Византијците да продолжат да го плаќаат данокот што тој им го наложил и да ја повлечат византиската војска од пограничните територии со Хунскиот племенски сојуз. Преговорите траеле околу 3 години. На хунскиот двор во 448 година бил испратен византискиот пратеник Прист. Тој повеќе пати со својата дипломатска активност успевал да го разубеди Атила во намерата да ги продолжи своите ограбувања и освојувања на територијата на [[Византија|Источното Римско Царство]]. Но за жал поголемиот број од неговите историски дела се зачувани само во фрагменти.
[[Балкански Полуостров|Балканскиот Полуостров]] бил сосема уништен, а финансиската моќ на [[Византија]] исцрпена кога Атила најпосле тргнал на запад. При навлегувањето во [[Галија]], меѓутоа тој бил поразен од страна на западно римскиот војсководец [[Аециј]] во битката кај [[Каталунските полиња]] (451). Идната година Хуните страотно ја ограбиле [[Италија]], но веќе во 453 година Атила ненадејно умрел, па неговото огромно царство се распаднало.
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Хуни