Џенифер Лопес: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Јазична исправка, replaced: Родригез → Родригес (2) using AWB
Ред 3:
{{Викифицирање}}
[[Податотека:TIFF 2019 jlo (1 of 1)-2 (48696671561) (cropped).jpg|мини|десно|250п|Џенифер Лопез на Филсмкиот фестивал во Торонто во 2019 година]]
'''Џенифер Лин Лопез''' е позната [[америка]]нска актерка , поп пејачка и танчерка. Родена е на {{ родена на|24|јули|1969}} во {{родена во|Бронкс|Њујорк}}, од родители со [[Порторико|порториканско]] потекло: Гвадалупе РодригезРодригес и Дејвид Лопез. Има две сестри, Линда и Лесли. Посетувала католичко средно училиште каде што почнала да се занимава со [[спорт]], а од 16 години започнала да посетува часови по [[танц]]ување и [[пеење]]. Го напуштила школувањето после еден семестар на [[колеџ]] и целосно се посветила на танцувањето.
 
Нејзин прв позначаен настап како танчерка бил во популарното телевизиско шоу „Во живи бои“ (In Living Color), а нејзин прв познат филмски настап е во филмот „Воз со пари“ (Money Train). Како пејачка се проби во врвот на популарната музика со деби албумот „На 6-ка“ (''[[On the 6]]'') објавен на [[1 јуни]], [[1999]], како и со вториот албум „Џеј Ло“ (''[[J.Lo]]'').
Ред 9:
== '''Почетоци''' ==
 
Џенифер Лопез е родена и израсна во Касл Хил, кварт во [[Бронкс]], [[Њујорк]]. Таа е ќерка на Гвадалупе (мом. РодригезРодригес), воспитувачка во градинка и Дејвид Лопез, информатичар, и двајцата родени во [[Понсе]], Порторико. Лопез израснала како припадник на Римокатоличката црква. Има две сестри, Линда и Лесли. Целото свое образование го помина во Католички училишта, завршувајќи го Preston средното училиште во Бронкс. Потоа, таа сама се грижеше за плаќањето на нејзините часови по пеење и танцување на возраст од 19 години. По запишувањето на Baruch колеџот, таа го распредели нејзиното време помеѓу работа во правна канцеларија, часови по танцување, и танцови изведби во ноќните клубови на Менхетен. Лопез имаше мала улога во филмот од 1987 година, My little girl. По неколку месечни аудиции за танцови улоги Лопез беше избрана како танчерка на различни рап музички спотови во 1990 година, за Yo!МТВ RAPS, како и бекап танчерка на New kids on the block во нивната изведба на песната "Games" за настапот на Американските музички награди во 1991 година. Таа доби своја прва постојана работа како "Fly Girl", танчарка на телевизиската комедија In Living Color во 1990 година. Набргу потоа, Лопез стана бекап танчерка на Janet Jackson и се појави во нејзиниот спот од 1993 година, "That's the Way Love Goes".
 
== '''Филм и телевизија''' ==
 
Првото телевизиско деби на Лопез како актерка беше во серија на Fox, South Central. Таа, исто така гостуваше во Second Chances и Hotel Malibu. Потоа се појави во филмот Nurses on the Line: The Crash of Flight 7. Првата сериозна улога на Лопез беше во 1995 година во драмата на Gregory Nava, My family, играјќи ја улогата на младата Марија во 1920-тите. По играњето заедно со Jimmy Smits и Edward James Olmos во My Family, Лопез се појави во акциониот филм Money Train, заедно со Wesley Snipes и Woody Harrelson. Во 1996 година, таа пред другите кандидати (Ashley Judd и Lauren Holly) ја доби споредната улога во комедијата на Francis Ford Coppola, Jack, глумејќи заедно со Робин Вилијамс. Потоа, заедно со Џек Николсон, се појави и во трилерот на Bob Rafelson, Blood and wine.
 
Првиот голем успех за Лопез дојде во 1997 година, кога беше избрана да ја игра главната улога во Selena, биографски филм за поп пејачката Selena. И покрај тоа што претходно работеше со Nava на филмот Mi Familia, Лопез беше подложена на поригорозен аудициски процес за да ја добие таа улога. За нејзината глума во филмот доби многубројни награди и пофалби, вклучувајќи ја и номинацијата за Најдобра актерка во мјузикл или комедија на доделувањата на наградите „Златен глобус". Подоцна таа година, Лопез се појави во два значајни филмови. Глумеше во филмот Anaconda заедно со Ice Cube и Jon Voight, играјќи ја улогата на Teri Flores, режисерка која снима документарен филм, додека патува по реката Амазон. И покрај тоа што скромно помина на кино благајните, за учеството и глумата во филмот доби добри оцени од критичарите. Потоа ја доби главната улога во филмот U Turn, која е базирана на книгата Stray dogs, во кој се појавува со Sean Penn и Billy Bob Thornton.
Ред 44:
 
За време на нејзината бременост во 2007 Лопез го пишуваше нејзиниот седми студиски албум, Love? со цел да биде издаден во летото 2010 година. Има соработки со Danja, Jim Jonsin, Darkchild, Chris n Teeb (од Dropzone), Tricky Stewart, The-Dream, D'Mile Mike Caren, Jean Baptiste и The Neptunes. Песната со наслов "Fresh Out The Oven" во кој учествуваше раперот од Мајами, PitBull се појави онлајн во октомври 2009 година, но нејзината издавачка куќа рече дека едноставно тоа е сингл со кој сака да се привлече внимание. Од тогаш го зазеде врвот на Hot Dance Club табелата. Официјалниот сингл на овој проект, "Louboutins", имаше свое радио деби на 23 ноември 2009 година, по премиерата на песната и изведбата на Американските музички награди. Песната само успеа да влезе во Hot Dance Club Play листата шест недели по пуштањето и да стигне до првото место, сепак, не успеа да влезе на било која листа, вклучувајќи ги и Billboard Hot 100. Кон крајот на февруари 2010 година, беше потврдено дека Лопез и Epic Records ја прекинаа соработката. Менаџерот на Лопез, Benny Medina ја потврди веста велејќи: „Џенифер имаше прекрасен однос со Sony Music Group и тие споделија многу успеси заедно, но време беше да се направи промена која најдобро ќе служи на правецот на нејзината кариера како актерка и артист кој снима музика, таа е многу благодарна кон сите во Sony за сè што остварија заедно."
Подоцна Лопез објави соопштение до медиумите, каде што рече дека таа веќе ги исполни договорните обврски со Sony Music Entertainment и Epic Records и одлучи дека е најдобро да се стави крај на партнерството на срдечен и пријателски начин. Таа додаде дека пронашле нов „дом" (издавачка куќа) за албумот "Love?” и тој ќе излезе летото 2010 година. Набрзо откако беше забележано како разговараат со претседателот на Island Def Jam Music Group и извршен директор на LA Reid, беше потврдено (на 19 Март 2010 година) дека Лопез потпиша договор со Def Jam Recordings и дека веќе работат на новиот материјал за Love? со RedZone Entertainment (Kuk Harrell, The-Dream и Tricky Stewart).
 
== '''Други проекти''' ==
Ред 62:
 
Беше објавено дека на крајот од 2006 година Џенифер Лопез и Марк Ентони посетуваа професионални деловни часови во Church of Scientology Celebrity Centre во Холивуд, Калифорнија. Исто така имаше гласини дека Лопез и Ентони станаа сциентологисти во тој период, со помош на Angelo Pagan, сопругот на актерката и сциентолог Leah Remini. Пред да се рашират тие гласини Лопез имаше изјавено на NBC: „Јас не сум сциентолог, јас бев израсната како католик. Но, чуден е начинот на кој луѓето доаѓаат во сциентологијата. За мене тоа е толку чудно. Тоа се некои од најдобрите луѓе што сум ги сретнала во мојот живот." Таа додава: „Татко ми е сциентолог веќе 20 години. Тој е најдобриот човек што го знам во мојот живот и затоа чудно е за мене што луѓето сакаат да говорам за сциентолозите во негативна конотација.”
На 7 ноември 2007 година, последната ноќ од нејзината турнеја "En Concierto", Лопез потврди дека таа и нејзиниот сопруг Марк го очекуваат своето прво дете. Со соопштението завршија месеци и месеци на шпекулации кои ја пратеа во текот на бременоста. Нејзиниот татко подоцна потврди (на 5 февруари 2008 година) дека таа очекува близнаци. Лопез, на 22 февруари 2008 година донесе на свет близнаци, девојче и момче, Emme Maribel Muñiz, и Maximilian "Max" David Muñiz. Близнаците беа претставени пред јавноста на 11 март 2008 во изданието на магазинот People, за што магазинот ѝ исплати на Џенифер 6.000.000 долари.
 
== '''Врски''' ==
Ред 90:
* [http://www.lyrics.az/jennifer-lopez/ Текстови од песните]
* [http://www.myspace.com/jenniferlopez Џенифер Лопез на МајСпејс]
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Лопез}}
 
{{Нормативна контрола}}
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Лопез}}
[[Категорија:Американски музичари|Лопез, Џенифер]]
[[Категорија:Американски глумци|Лопез, Џенифер]]