Радуша: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Надворешни врски: Доволно обемна за да не биде никулец, removed: {{Македонија-гео-никулец}} using AWB
Ред 57:
Според истражувањата од 1948 година, родови се:
 
* '''Доселеници:''' ''Карач (23 к.)'' они се најстар род во селото. Потекнуваат од фисот [[Шаља]] во северна [[Албанија]]. Ја знаат следната генеологија Јакуп (жив на 60 год. во 1948 година) Мемет-Јакуп-Берам-Демир-Сефа, кој се доселил во селото. Родови наречени ''Карач'' има и во скопските села [[Студеничани]], [[Бојане]] и [[Буковиќ]]. Имаат иселеници во [[Турција]] (едно семејство); ''Љамалар (5 к.)'' потекнуваат од фисот [[Бериша]] во северна [[Албанија]]. Имаат иселеници во [[Тетово]] (едно семејство) и во [[Турција]] (едно семејство); ''Зенелар (10 к.)'' исто потекло како и претходниот род. Имаат иселеници во [[Тетово]] (три семејства); ''Стафалар или Тољ (19 к.)'' по потекло се од фисот [[Бериша]]. Имаат иселеници во [[Прошовце]] и во [[Турција]] (едно семејство); ''Кикировци или Кикири (7 к.)'' потекнуваат од фисот [[Бериша]]. Имаат истоимени роднини во селото [[Првце]] на [[Шар Планина]]. Имаат иселеници во [[Тетово]] (едно семејство) и во [[Турција]] (едно семејство); ''Реч (17 к.)'' сами кажуваат дека се од фисот [[Красниќи]] во северна [[Албанија]]. Имаат потемна боја на кожата, па возможно е основачот на родот да бил [[Роми|Ром]]; ''Прџоке (10 к.)'' потекнуваат од фисот [[Красниќи]] во северна [[Албанија]]. Овде се доселиле од некое село кај [[Качаник]] во [[Република Косово|Косово]]; ''Матњан (2 к.)'' доселени се од [[Матија (округ)|Матија]] во северна [[Албанија]]; ''Буљк (3 к.)'' потекнуваат од фисот [[Красниќи]] во северна [[Албанија]]; ''Љок (3 к.)'' доселени се од селото [[Котлина Качаник|Котлина]] кај [[Качаник]]. Таму биле доселени од северна [[Албанија]], и имале истоимени роднини. Припаѓале на фисот [[Красниќи]]; ''Буљица (1 к.)'' доселени се од селото [[Стража Качаник|Стража]] кај [[Качаник]]. Таму имале роднини, ''Ајрединовит''. Право потекло им е од фисот [[Красниќи]] во северна [[Албанија]]; ''Бајрактари (2 к.)'' доселени се од селото [[Орашје]]. Имале роднини во селата [[Првце]] и [[Одри]]. Право потекло од северна [[Албанија]]; ''Калишт (1 к.)'' доселени се од селото [[Калиште]] на [[Шар Планина]]. Подалечно потекло од [[Албанија]]; ''Бресе (5 к.)'' доселени се однекаде; ''Велке (1 к.)'' доселени се од [[Мирдита (округ)|Мирдита]] во северна [[Албанија]]. Имаат иселеници во [[Тетово]]; ''Туши (6 к.)'' старото име им е ''Куљаш (Куланч)''. Доселени се од селото [[Орашје]]. Таму биле староседелци, и имале роднини. Роднини имале и во селото [[Старо Село (Тетовско)|Старо Село]] (''Краговци''); ''Торбеши (1 к.)'' доселени се од селото [[Урвич]] на [[Шар Планина]]. Подалечно потекло од [[Гора (област)|Гора]] во [[Република Косово|Косово]].<ref>{{Наведена книга|title= Полог: антропогеографска проучавања|last=Трифуноски Ф.|first= Јован|publisher=|others=Ф. Трифуноски, Јован (1976) (на српски). Полог: антропогеографска проучавања. Српска академија наука и уметности|others= |year=1976|isbn=|location=|pages=}}</ref>
 
== Личности ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Радуша