Разлика помеѓу преработките на „Британска Империја“

с
→‎Суетскиот Канал и неговите понатамошни поделби: Правописна исправка, replaced: Иан → Ијан using AWB
с (Стилска исправка, replaced: Централна Азија → Средна Азија (2) using AWB)
с (→‎Суетскиот Канал и неговите понатамошни поделби: Правописна исправка, replaced: Иан → Ијан using AWB)
Махмилан одржал говор во Кептаун, Јужна Африка во февруари 1960 годин а каде што тој зборувал за промените кои се случувале на континентот. Махмилан сакал да се избегне колониска војна која Франција ја водела во Алгерија, и под негово водство деколонизацијата забрзано продолжила. Десет пати повеќе колонии, во 1960-тите години, му се додале на бројот на колонии на кои им била доделена независност во 1950-тите години- [[Судан]], Златниот Брег и Малаја.
 
Освен Јужна Родезија, сите други британски колонии во Африка добиле независност до 1968 година(видете ја картата). Британското повлекување од јужните и источните делови на Африка се искомплицирало од страна на белото население во регионот, особено во Родезија, каде што расистичките тензии го натерале ИанИјан Смит, премиерот, да ја потпише Унилатералната декларација за независност од Британската Империја во 1965 година. Родезија останала во граѓанска војна која се водела помеѓу нејзиното бело и црно население се до Договорот на Ланкастер Хаус во 1979 година. Овој договор привремено и ја вратил Родезија на Британката колониска власт се додека да може да се одржат избори под британски надзор. Изборите се одржале наредната година и на нив победил Роберт Мугабе кој станал премиер на новата независна држава Зимбамве.
 
Во Средоземјето, се водела војна која ја започнало населението на грчкиот Кипар и завршила во 1960 година со осамостојување на Кипар под услов Обединетото Краластво да ги задржи воените бази на Акротири и декелија. Средоземните острови [[Малта]] и [[Гоцо]] добиле независност од Обединетото Кралство во 1964 година, иако уште во 1955 година се појавила идеја за интеграција кон Британија.