Разлика помеѓу преработките на „Василиј I Македонецот“

Нема измена во големината ,  пред 4 месеци
с
→‎Односите на Запад: Правописна исправка, replaced: Средоземното море → Средоземното Море using AWB
с (Правописна исправка, replaced: Средоземно море → Средоземно Море using AWB)
с (→‎Односите на Запад: Правописна исправка, replaced: Средоземното море → Средоземното Море using AWB)
[[Источно римско царство|Византиското]] влијание во западниот дел на [[Балкански Полуостров|Балканскиот Полуостров]] ослабело за време на иконокластичката криза. Изгледа дека во првата половина на [[IX век]], [[Далмација|далматинските]] градови и [[Словени|словенските]] племиња во приморјето и внатрешноста ја раскинале врската со Византија. Тогаш настанала [[Рашка|српската држава]] под Властимир. Меѓутоа, на приморските области на [[Јадранско море|Јадранот]] им се заканувала нова опасност од страна на Арабјаните од [[Сицилија]], а оваа опасност можела да ја отстрани само Византија. Кога арабјанската флота, по нападот на [[Будва]] и [[Котор]], во [[867]]г. го опседнала [[Дубровник]], опседнатиот град за помош се обратил во [[Цариград]]. Доаѓањето на силна византиска флота ги принудило Арабјаните да ја дигнат опсадата, која траела цели 15 месеци, и да се повлечат во своите сицијански бази. Тоа го зацврстило византискиот авторитет и придонело за обновување на византискиот суверенитет на источниот дел на Јадранот. Секако наскоро после тоа е организирана темата [[Далмација (тема)|Далмација]], која ги опфаќала далматинските градови и острови. Далматинските градови фактички повеќе зависеле од словенската заштита отколку од Цариград. Тие им плаќале давачки на словенските племиња, додека нивните мошне скромни плаќања на царскиот стратег имале само симболичен карактер. Од друга страна, и самите тие словенски племиња ги признавале византиските врховни права и биле должни на Царството да му даваат воена помош. Византиското влијание на Балканот значително зајакнало, а тоа за последица го имало брзото ширење на [[христијанство]]то. Тогаш Србија и српските приморски земји од Византија го примиле христијанството, па дури и во [[Хрватска]], византиското влијание го потиснало влијанието на [[Франкија]] и на римската црква. Нов и силен поттик, на крајот, добила и византиската мисионерска работа на Балканот, посебно во [[Прво бугарско царство|Бугарија]] и во [[Македонија (регион)|Македонија]], со доаѓањето на [[Св. Методиј Солунски|Методивиевите]] ученици. Со својот словенски проповед и со просветната работа, Методивиевите следбеници цврсто го втемелиле христијанството и византиската култура во јужнословеските земји. Така била воспоставена историски природната положба: додека Моравија и припаднала на [[Папска држава|римската сфера]] на влијание, јужнословенските земји дошле под влијание на Византија.
 
Откако ги одбила арабјанските напади на далматинскиот брег и откако го ослободила Дубровник од арабјанската опсада, Византија ја пренела својата активност во јужна [[Италија]]. Василиј I намерувал против навлегувањето на сицилијанските Арабјани да преземе заедничка акција со [[Источна Франкија|германскиот]] цар и [[папа]]та, што била и главната причина за неговата пријателска политика спрема Рим. Меѓутоа, на Сицилија не било постигнато ништо. Арабјаните, напротив, во [[870]]г. ја зазеле [[Малта]] и со тоа уште повеќе ја зацврстиле својата позиција во [[Средоземно Море|Средоземното мореМоре]]. Навистина, [[Лудвиг II (Источно Франкски крал)|Лудвиг II]] во [[871]]г. го зазел [[Бари]], но за Византија, која останала со празни раце, тоа претставивало само ново разочарување. Односите меѓу византискиот и германскиот цар силно се заостриле: Василиј, кој пред тоа пристанал на брак на својот најстар син со Лудвиговата ќерка, на својот бивш сојузник сега му префрлал за нелојално држење и му го одрекувал правото на носење на титулата на [[римски цар|римскиот цар]].<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 289-290.</ref>
 
===Кампањата на Исток===