Разлика помеѓу преработките на „Студена војна“

Одземени 24 бајти ,  пред 2 месеци
с
Стилски и правописни исправки using AWB
с (Стилски и правописни исправки using AWB)
{{Историја на студената војна}}
 
'''Студена војна''' — период на конфликти, тензија и натпревар помеѓу [[САД]] и [[СССР]] и нивните сојузници од времето по [[Втора светска војна|Втората светска војна]] до раните 1990-ти. Во текот на овој период, ривалитетот помеѓу двете [[велесила|велесили]] се одвивал на повеќе полиња: воени сојузи, идеологија, психологија, шпиунажа, технолошка надмоќ, освојување на вселената, огромни трошоци за одбрана, огромни конвенционални и нуклеарни воени потенцијали, и многу посредни војни.
 
Иако никогаш не дошло до непосреден воен судир меѓу двете велесили САД и СССР, во текот на половина век постојано се зголемувале воените сили и политичките борби за поддршка ширум светот, при што и обете страни настојувале да ја обезбедат поддршката од останатите земји. Војната се нарекува „студена“ поради отсуството на вакви непосредни судири, колку и поради „заладеноста“ на односите помеѓу земјите во блоквоите. не Така во еден период, речиси сите земји во светот биле или сојузници, или поддржувачи на една од двете велесили. Неколку пати доаѓало до тензии кои се заканувале да прераснат во нова светска војна: [[Блокадата на Берлин]] во (1948-49.), [[Корејска војна|Корејската војна]] (1950-53.), [[Виетнамска војна|Виетнамската војна]] (1959-75.), [[Кубанска криза|Кубанската криза]] со нуклеарни проектили (1962.) и [[Советско-Авганистанска војна|Советско-Авганистанската војна]] (1979-89.).
 
Студената војна завршила во доцните 1980-ти, кога претседателите [[Михаил Горбачов]] од СССР и [[Роналд Реган]] од САД одржале низа состаноци на кои постигнале договор за меѓусебна толеранција, намалување на воените потенцијали и прекинување на непријателствата.
 
== Почетоци на Студената војна ==
Иако повеќето историчари сметаат дека Студената војна започнала по Втората светска војна, нејзините корени веројатно се наоѓаат во непријателствата помеѓу Советскиот Сојуз и Западот кои започнале уште од времето на Првата светска војна, во текот на [[Октомвриска револуција|Октомвриската револуција]] кога СССР се појавиле како голема комунистичка сила. Идеолошкиот судир помеѓу капитализмот и комунизмот започнал уште тогаш, бидејќи САД ја поддржувале царската опција во Русија, не се согласувале со истапувањето на Русија од војната преку мировниот договор со Германија, и не го признавале СССР до 1933.<ref name = "Gaddis">[[John Lewis Gaddis]], ''Russia, the Soviet Union, and the United States'' An Interpretive History''. 1990, p. 57</ref><ref name = "Halliday">Fred Halliday, "Cold War" ''The Oxford Companion to the Politics of the World'', 2e. Joel Krieger, ed. Oxford University Press Inc. 2001.</ref><ref name = "LaFeber 1991">[[Walter LaFeber]], "Cold War." ''A Reader's Companion to American History'', Eric Foner and John A. Garrraty, eds. Houghton Mifflin Company, 1991.</ref>
 
Во текот на [[Втора светска војна|Втората светска војна]], Советите длабоко се сомневале дека Англо-Американците оставиле на нив да го носат најголемиот товар на војната и да се вклучат само на крајот за да влијаат на мировните договори, и поради тоа ја одложувале [[Инвазија на Нормандија|инвазијата на Нормандија]].<ref>Gaddis 1990, pp. 151-153</ref> Без оглед дали тоа било вистина, меѓусебната недоверба довела до силни струења на тензија и непријателство помеѓу сојузничките сили.
 
Постоело и силно несогласување помеѓу сојузниците како треба да изгледа Европа по војната. Постоеле и несогласувања околу тоа како да се воспостават заеднички системи за безбедност по војната. Американските водачи сметале дека доколку се воспостават влади и пазари по примерот на САД, земјите ќе можат да ги решаваат споровите преку меѓународните организации, додека советските водачи сметале дека безбедноста е поврзана со контрола на просторот. Ова второво делумно било резултат на бројните напади на терироријата СССР во последните 150 години.<ref>Gaddis 1990, p. 156</ref><ref>Gaddis 1990, p. 176</ref><ref>Id.</ref>
 
[[Податотека:Yalta summit 1945 with Churchill, Roosevelt, Stalin.jpg|right|180px|thumb|Винстон Черчил, Франклин Делано Рузвелт и Јосиф Висарионович Сталин (седат, од лево на десно) на конференцијата во Јалта, СССР, 1945.]]
На [[Конференција на Јалта|Конференцијата на Јалта]] во февруари 1945, сојузниците се обиделе да договорат рамка за повоената безбедност, без да постигнат цврст договор. Со крајот на војната, исходот бил дека САД ефективно ја имале освоено Западна Европа, додека СССР - Источна. Во окупираната Германија биле воспоставени окупациони зони.
 
На Конференцијата во Потсдам во јули 1945 се појавиле сериозни разлики околу идниот развој на Германија и Источна Европа.<ref name = "Byrd">Peter Byrd, "Cold War" ''The Concise Oxford Dictionary of Politics''. Ed. Iain McLean and Alistair McMillan. Oxford University Press, 2003.</ref> [[Хари Труман|Труман]] го информирал [[Јосиф Висарионович Сталин|Сталин]] дека САД поседуваат силна бомба каква што до тогаш никогаш не постоела ниту била употребена. Труман не му кажал на Сталин дека станува збор за атомска бомба. Сталин на ова реагирал со смирен тон како да станува збор за само уште едно најобично смртоносно оружје со тоа што рекол дека му е мило за постоењето на таа бомба и се надева дека САД ќе ја искористат, по што Труман им рекол на своите советници дека Сталин се однесувал како да не го разбрал.<ref>http://thoughtsonmilitaryhistory.wordpress.com/2007/11/09/why-did-truman-drop-the-bomb/</ref>
 
Една недела по ова, атомските бомби фрлени на Хирошима и Нагасаки довеле до понатамошен конфликт помеѓу СССР и САД. Кратко по бомбардирањата, Сталин протестирал до американците дека им понудиле мало влијание во Јапонија.<ref>LaFeber 2002, p. 28</ref>
== 1947-1953 ==
[[Податотека:Cold war europe military alliances map en.png|thumb|right|180px|Воените сили во Европа.]]
Во повоениот период, обете суперсили настојувале да завземат што е можно подобри позиции преку помагањето и создавањето сојузи со држави во Европа, Азија и Африка.
 
Во 1947 САД направиле реорганизација на одбранбениот систем: било формирано Министерството за одбрана, Централната Разузнавачка Агенција ([[ЦИА]]) и Националниот Совет за Безбедност. Овие три тела подоцна го понеле главниот товар во Студената војна.
 
На повоена Европа и' била потребна голема помош за обновата, и САД и СССР се натпреварувале да ги придобијат разурнатите земји. САД решиле дека и покрај военото непријателство, мораат да и' помогнат на разурнатата Германија, бидејќи таа била важен индустриски фактор околу кој се вртела економијата на поголемиот дел од Европа<ref>[http://www.usip.org/pubs/peaceworks/pwks49.pdf Ray Salvatore Jennings "The Road Ahead: Lessons in Nation Building from Japan, Germany, and Afghanistan for Postwar Iraq] May 2003, Peaceworks No. 49 pg.15</ref>. САД го развиле и тнр. [[Маршалов план]] како механизам за економска помош. Советите пак, го формирале КОМЕКОН - советот за меѓусебна економска помош.
 
Покрај тоа, САД финансиски ги помогнале демократските сили во Италија на изборите во 1948 за да ја победат силната Комунистичка партија на Италија. Исто така, финансиски, со 400 милиони долари, ги помогнале и Грчките ројалисти во Граѓанската војна во Грција во борбата против комунистите, кои пак ги поддржувала [[СФРЈ|Титова Југославија]] (Ројалистите ова го искористиле за да извршат [[Грчка граѓанска војна|геноцид врз Македонците]] кои биле на страната на комунистите и протерале стотици илјади [[Егејци|Македонци]] од [[Егејска Македонија]]).<ref name = "LaFeber 1991" /> Со помагањето на Грција, САД направиле преседан со кој и подоцна помагале анти-комунистички режими, без оглед колку тие биле репресивни и корумпирани.<ref name = "LaFeber 1991" />
 
Во 1949 Советите извршиле нуклеарна проба, и станале рамноправна воена сила со САД во поглед на нуклеарното вооружување.
 
СССР склучиле сојуз со [[Народна Република Кина]], веднаш откако во 1949 на власт дошле комунистите кои го победиле [[Куоминтанг]]от помаган од САД.
 
Во 1949 САД и нивните сојузници го формирале воениот сојуз [[НАТО]]. Окупационите зони на Франција, Британија и САД во Германија биле обединети во Западна Германија. За возврат, Советите својата окупациона зона ја формирале како држава - [[Германска Демократска Република]].
 
САД склучиле сојуз со [[Јапонија]] во 1950, и договориле поставување на бројни воени бази на подолг период во Пацификот и во Јапонија.
 
Во 1950 започнала [[Корејска војна|Корејската војна]] во која Кина и СССР го помагале Северот, а САД истовариле војници кои го помагале Југот. Војната завршила во 1953 со поделба на територијата на Кореја која трае до денес.
== 1953-1962 ==
 
Во 1953. во САД дошло до смена на власта по изборот на Ајзенхауер за претседател. Истата година, Сталин умрел и за премиер на СССР бил избран [[Никита Хрушчов]]. Со тоа некои од доктрините на Студената војна се промениле, но тензиите и понатаму останале.
 
Во САД, сенаторот [[Џозеф МекКарти]] водел вистински лов на вештерки против осомничените комунисти на високи позиции во САД.
 
Како противтежа на НАТО, Советите и нивните сојузници го формирале [[Варшавски договор|Варшавскиот пакт]] во 1955.
Во 1953. во САД дошло до смена на власта по изборот на Ајзенхауер за претседател. Истата година, Сталин умрел и за премиер на СССР бил избран [[Никита Хрушчов]]. Со тоа некои од доктрините на Студената војна се промениле, но тензиите и понатаму останале.
 
Во текот на 1950-тите голем број поранешни колонии на империјалните сили од Европа (главно Британија, Франција и Холандија) започнале движења за независност, откако нивните колонизатори поради последиците од војната повеќе не биле во можност да ги контролираат. И САД и СССР со најразлични средства настојувале да ги искористат овие движења и да ги насочат кон капитализам односно комунизам, како нпр. во Иран, Гватемала, Индокина и Филипините.<ref name = "Hobsbawm">[[Eric Hobsbawm]], ''The Age of Extremes: A History of the World, 1914-1991''. Vintage Books, 1991</ref> Националистите во многу пост-колонијални земји биле непријателски настроени кон Западот, поради долгогодишното колонијално ропство.<ref>Hobsbawm 1991, p. 227</ref>
Во САД, сенаторот [[Џозеф МекКарти]] водел вистински лов на вештерки против осомничените комунисти на високи позиции во САД.
 
Како резултат на притисокот од велесилите, многу земји од Јужна Америка, Азија и Африка решиле да останат надвор од блоковската поделеност. Со конференциите во Бандунг во 1955. и во Белград во 1961. го формирале [[Движење на неврзаните|Движењето на неврзаните]]. И [[Југославија]] била еден од основачите на Движењето, а претседателот [[Тито]] бил првиот Генерален секретар на Движењето.
Како противтежа на НАТО, Советите и нивните сојузници го формирале [[Варшавски договор|Варшавскиот пакт]] во 1955.
 
Во 1956. рамнотежата помеѓу блоковите ја нарушила [[Унгарија]] кога таму избило демократско движење за истапување од источниот блок, кое било брзо задушено од останатите членки на Варшавскиот пакт со воена интервенција.
Во текот на 1950-тите голем број поранешни колонии на империјалните сили од Европа (главно Британија, Франција и Холандија) започнале движења за независност, откако нивните колонизатори поради последиците од војната повеќе не биле во можност да ги контролираат. И САД и СССР со најразлични средства настојувале да ги искористат овие движења и да ги насочат кон капитализам односно комунизам, како нпр. во Иран, Гватемала, Индокина и Филипините.<ref name = "Hobsbawm">[[Eric Hobsbawm]], ''The Age of Extremes: A History of the World, 1914-1991''. Vintage Books, 1991</ref> Националистите во многу пост-колонијални земји биле непријателски настроени кон Западот, поради долгогодишното колонијално ропство.<ref>Hobsbawm 1991, p. 227</ref>
 
Во 1957. СССР го лансирале [[Спутник]] - првиот вештачки сателит околу Земјата, и со тоа започнала трката за превласт во вселената.
Како резултат на притисокот од велесилите, многу земји од Јужна Америка, Азија и Африка решиле да останат надвор од блоковската поделеност. Со конференциите во Бандунг во 1955. и во Белград во 1961. го формирале [[Движење на неврзаните|Движењето на неврзаните]]. И [[Југославија]] била еден од основачите на Движењето, а претседателот [[Тито]] бил првиот Генерален секретар на Движењето.
 
Во 1961. бил подигнат [[Берлинскиот ѕид]], со кој комунистите сакале да го спречат пребегнувањето на источните германци во Западен Берлин.
Во 1956. рамнотежата помеѓу блоковите ја нарушила [[Унгарија]] кога таму избило демократско движење за истапување од источниот блок, кое било брзо задушено од останатите членки на Варшавскиот пакт со воена интервенција.
 
Во 1957. СССР го лансирале [[Спутник]] - првиот вештачки сателит околу Земјата, и со тоа започнала трката за превласт во вселената.
 
Во 1961. бил подигнат [[Берлинскиот ѕид]], со кој комунистите сакале да го спречат пребегнувањето на источните германци во Западен Берлин.
 
Двете велесили дошле на граница на нуклеарна војна во 1962. Советите, кои го поддржувале [[Фидел Кастро]] на [[Куба]] уште од 1959., започнале со поставување на ракети со нуклеарни боеви глави на Куба. САД преку шпионски снимки дознале за ова, и, поради опасноста од нуклеарна закана во непосредна близина до американското копно, воспоставиле поморска блокада на Куба. Дошло до блиска средба на воените бродови на САД и СССР, но Советите се откажале од намерата и ги повлекле ракетите од Куба.<ref name = "Calhoun">"Cold War," ''Dictionary of the Social Sciences''. Craig Calhoun, ed. Oxford University Press. 2002.</ref> За возврат, САД се согласиле да ги повлечат своите ракети од Турција. Кубанската криза покажала дека ниедна од велесилите не е подготвена да го употреби нуклеарното оружје против другата, поради веројатноста за меѓусебно целосно уништување. Најважната последица од оваа криза биле чекорите кон постепено нуклеарно разоружување и подобрување на односите.<ref name = "Palmowski">Jan Palmowski, "Cold War" ''A Dictionary of Contemporary World History''. Oxford University Press, 2003.</ref>
== 1962-1979 ==
 
[[Виетнамска војна|Виетнамската војна]] го одбележала овој период, во кој САД со непосредно воено присуство од околу 575.000 војници се обиделе да го поддржат Јужен Виетнам во борбата против комунистичкиот Северен Виетнам. САД испратиле војници во 1965, а војната завршила во 1975 со целосно повлекување на САД и освојување на териториите на Јужен Виетнам од страна на комунистите од Демократска Република Виетнам.
 
Во 1968 година демократското движење [[Прашка пролет]] во Чехословачка било уште еден тест за хомогеноста на Источниот блок, кое било задушено со воена интервенција.
 
Поради економските проблеми што обете велесили ги имале во раните 1970-ти - САД од војната во Виетнам, а СССР од внатрешниот економски систем, дошло до преговори за опуштање на меѓусебните односи (детант) и ограничување на вооружувањето, што било крунисано во 1975 со потпишувањето на Хелсиншките договори. Кон релаксацијата придонесувала и појавата на повеќе нови центри на влијание: Западна Европа и Јапонија полека ги достигнале по економската моќ САД, а Неврзаните и [[ОПЕК]] станале значајни политички фактори.
 
Но, оваа релаксација на односите се покажала краткотрајна: со Арапско-Израелската војна од 1973, превратот во Чиле од 1973, војната во Ангола од 1975, Иранската револуција и Никарагванската револуција од 1979, како и [[Советско-Авганистанска војна|инвазијата на СССР во Авганистан во 1979]], повторно на сцена стапиле спротивставените интереси.
== 1979-1985 ==
 
Во периодот на власта на [[Роналд Реган]] во САД и [[Маргарет Тачер]] во Велика Британија од 1980, на сцена повторно стапило целосно заладување на односите. Реган потрошил 2,2 трилиони долари за одбрана во осумте години владеење. Воената потрошувачка, комбинирана со наследените структурни економски проблеми од 1970-тите, ги преобразиле САД од најголем заемодавач во најголем должник во светот.<ref name = "LaFeber 1991" /> Реган поставил и крстосувачки ракети во Европа, како и експериментален систем од проектили за уривање на Советски ракети во лет наречен „војна на ѕвездите“. Во 1981. Реган воспоставил и економски санкции како протест за задушувањето на движењето „Солидарност“ во Полска.
 
Во 1983 Реган се вмешал во [[Израелско-либанска војна од 1982 година|Либанската граѓанска војна]], извршил инвазија на Гранада, ја бомбардирал Либија и ги поддржал бунтовниците против комунистичкиот режим во Никарагва.<ref name = "Reagan">"Ronald Reagan," ''A Reader's Companion to American History'' Houghton Mifflin Company, 1991.</ref>
 
Во меѓувреме, Советите, кои имале испратено преку 100.000 војници во Авганистан, трпеле огромни воени и економски загуби од војната во Авганистан, кајшто САД ги поддржувале муслиманските герилци (кои подоцна прераснале во [[Ал Каеда]]).
== Крајот на Студената војна ==
 
До раните 1980-ти Советските вооружени сили биле најголеми во светот по бројот на војници, по бројот и видовите на оружје, како и по големината на воено-индустриската база.<ref name = "Odom">William E. Odom, ''The Collapse of the Soviet Military'', Yale University Press, 1998, p. 1.</ref> Потрошувачката во одбраната изнесувала 25% од БДП, на штета на вложувањата во инфраструктурата и потрошувачките добра.<ref name="LaFeber 2002, 332">LaFeber 2002, 332</ref>.
 
[[Податотека:Reagan and Gorbachev signing.jpg|thumb|300px|right|Реган и Горбачов во [[Белата куќа]] го потпишуваат Договорот за елиминација на ракетите од краток и среден дострел, 1987.]]
Кога [[Михаил Горбачов]] дошол на власт во 1985, стапката на економски пораст во СССР била близу 0%, најмногу како резултат на падот на цената на нафтата, која правела 60% од вкупните приходи на земјата од извоз.<ref>LaFaber name="LaFeber 2002, 331-333<332"/ref><ref>LaFeberLaFaber 2002, 332331-333</ref> За да ја спаси економијата од колапс, Горбачов објавил агенда за брзи промени, наречена „Перестројка“. Покрај тоа, приморан да ја намали потрошувачката во трката во вооружување со Западот, започнал преговори со САД за намалување на воените потенцијали и направил низа отстапки кон Западот.
 
Во 1989. Советите се повлекле од [[Авганистан]]. Во декември 1989 Горбачов и Џорџ Буш постариот на самитот на [[Малта]] објавиле крај на Студената војна.<ref>"Cold War," ''A Dictionary of World History''. Oxford University Press, 2000. Oxford Reference Online. Oxford University Press.</ref>
 
До тогаш веќе и сојузниците на СССР слабееле - комунистичките режими во Источна Европа биле на заминување, а новите демократски власти биле повеќе заинтересирани за сојузништво со Западот отколку со СССР. И во самиот СССР, најпрво комунистичката власт била принудена да го напушти монополот на власта по 73 години во 1990, а потоа се распаднал веќе во следната 1991 на 15 независни држави.
 
И покрај брзиот и релативно мирен крај, Студената војна била водена по огромна глобална цена во период од преку 4 децении. Ја чинеле САД околу 8 трилиони долари во воени трошоци, и животот на близу 100.000 американски војници загинати во [[Корејска војна|Кореја]] и [[Виетнамска војна|Виетнам]].<ref>LaFeber 2002, p. 1</ref> Советите платиле уште повеќе во воени трошоци. Војните во југоисточна Азија, како и другите поттикнувани граѓански и герилски војни ширум светот, однеле милиони животи на локалното население.
 
Крајот на Студената војна им овозможил на обете страни да ги намалат трошоците за одбраната, но и тоа не било без економски последици: во СССР, на пример, барем 20% од работната сила била вработена во воената индустрија.<ref name = "Aslund">Anders Åslund, "How small is the Soviet National Income?" in Henry S. Rowen and Charles Wolf, Jr., eds., ''The Impoverished Superpower: Perestroika and the Soviet Military Burden'' (San Francisco: Institute for Contemporary Studies, 1990), p. 49.</ref> Нејзиното згаснување значело милиони невработени и огромни структурни економски проблеми, поголеми и од они на САД и Германија во [[Големата криза од 1929]].<ref name = "Nolan">Peter Nolan, ''China's Rise, Russia's Fall''. Macmillan Press, 1995. pp. 17–18.</ref>
 
Наследството од Студената војна и понатаму ги обликува светските односи. Победата во Студената војна ја зацврсти улогата на САД како повоена глобална економска, политичка и воена сила. Веќе до 1989, САД биле во воени сојузи со 50 земји, а 1,5 милиони војници на САД биле распоредени во 117 земји.<ref name = "Calhoun" /> Студената војна исто така ја зацврсти потребата од огромен воено-индустриски комплекс во САД.<ref name = "Calhoun" />
 
Во некои од земјите од третиот свет кои биле под контрола на СССР се појавиле силни етнички, политички и социјални тензии кои резултирале и со конфликти, војни и бегалци.<ref name = "Marshall"> Monty G. Marshall and Ted Gurr, ''Peace and Conflict 2005'' (Center for Systemic Peace: 2006, online at [http://www.cidcm.umd.edu/inscr/PC05print.pdf]</ref>
 
== Македонија во Студената војна ==
=== Македонија и Неврзаните ===
 
Во подоцнежниот период на Студената војна, Македонија профитирала од неутралната позиција на Југославија помеѓу блоковите и од лидерската позиција на Југославија помеѓу [[Движење на неврзаните|Неврзаните]]. Во 1960-тите и 1970-тите години пазарите на Западот, Истокот и на Неврзаните биле отворени за фирмите и професионалците од Македонија. Многу наши фирми и граѓани работеле во странство, особено во Источно-Европските и Неврзаните земји{{Fact|date=Март 2008}}.
 
=== Македонија по крајот на Студената војна ===
 
== Наводи ==
 
{{reflist}}
== Надворешни врски ==
{{sisterlinks|Cold War}}
* [http://www.cwihp.org Проекти за меѓународната историја на стуидената војна]
* [http://coldwarfiles.org Документи за студената војна]
* [http://www.cnn.com/SPECIALS/cold.war/ CNN за Студената војна]
 
;Библиографија
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Студена војна|*]]
[[Категорија:Војни на САД]]