Аминта I: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Јазична исправка, replaced: Референци → Наводи using AWB
Ред 5:
Во почетокот владее со [[Пиерија]] и [[Ботиаја]], ги освојува областа покрај делтата на [[Aксиос]] и [[Западна Мигдонија]] (областа [[Aнатемунт]]) до северната граница на државата, планината [[Дисорос]]. Има добри политички и трговски врски со [[Пизистрати]]те од [[Aтина]]. По походот на Дариј против [[Скитија]], Македонија е принудена да ја признае персиската власт; персискиот војсководец [[Мегабаз]] испраќа седум персиски пратеници да побараат „земја и вода“ за Дариј (сп. Херодот); на гозбата синот на Aминта, Aлександар, ги убива Персијците затоа што побарале и жени, што било спротивно на македонските обичаи.<ref>Herodotus: I–IV, 4 Vols., Loeb Classical Library, Hardward University Press, 1961</ref><ref>Херодот, Историја. Прев. Д. Чадикова, Скопје, 1998.</ref>
 
Според попатните забелешки во изворите, кралството на Аминта Први веројатно ги опфаќало областите Пиерија, Ботиаја, Еордаја и Антемунт како и помал дел на подоцнежната Амфакстида. Се чини дека во ова време, притисокот на „вечните“ непријтели на Аргеадите се уште се чувствувал, илирските племиња на запад и тракиските на исток ниту биле обединети ниту пак толку моќни за да можат посерионо да го загрозат кралството на Аргеадите.
 
Најголемиот и најсериозниот притисок врз државата на Аминта можел да дојде само од бројните хеленски колонии на крајбрежјето на Халхидик, јужната меѓа на географска и етничка Македонија. Преку овие колонии Хелените веќе вооспоставиле живи трговски врски со Долна Македонија. Но, Аминта кој бил атински проксен одржувал врски со семејството на атинскиот тиранин Пејсисрат.
 
Вистински неприлики имало единствено долж долниот тек на реката Аксиј, таму се чувствувал отпорот на соседните автономни владетелски куќи, кои жестоко се опирале на централната власт на Аргеадите. Последните години од владеењето на Аминта Први несомнено биле одбележани од политички и воени судири со соседните, автономни македонски племиња. 
Ред 17:
* [[Павзаниј]] IX. 40
 
== РеференциНаводи ==
<references />
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Аминта_I