Европска Унија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиени последните 2 промени (од 89.205.124.117 и Bjankuloski06) и ја поврати преработката 3952851 на 77.29.158.132
с Јазична исправка, replaced: е официјален → е службен using AWB
Ред 37:
== Држави членки и проширување ==
===Преговори за членство во ЕУ===
Процесот на пристапување кон ЕУ бара секоја нова земја-членка да ги усвои бројните закони и прописи на ЕУ содржани во законодавството на ЕУ (''acquis communautaire''). Со критериумите за членство ([[Копенхаген|Копенхагенски]]ски критериуми од [[1993]] и [[Мадрид|Мадридски]]ски критериум од [[1995]]) што треба да ги исполнат земјите-кандидати, Европската Унија поттикнува промена и прилагодување на законодавството, политиките и институциите во земјата-кандидат, со цел да се достигнат и да се заштитат вредностите и нормите кои ги има поставено ЕУ.
 
На состанокот на [[Европски совет|Европскиот совет]] во [[Копенхаген]] било заклучено дека: „Придружните земји во Средна и Источна Европа, кои би сакале, ќе бидат членки на ЕУ. До пристапувањето ќе дојде штом одредени држави ќе станат способни да ги прифатат условите за членство (правен услов) со истовремено исполнување на економските и политичките услови.“<ref>Bekx, P. (1998), “The implications of the Introduction of the Euro for non-EU countries”, Euro Papers, 26, European Commission, Bruxselles.</ref> Критериумите за прием на нови земји во ЕУ, кои ги утврдил [[Европски совет|Европскиот совет]] на самитот во Копенхаген во [[јуни]] 1993 година, се однесуваат на политичките и економските услови што ги налага Договорот за функционирање на ЕУ (Член 49 и принципите наведени во член 6(1) од Консолидираната верзија на Договорот за функционирање на ЕУ (OJ. EU C83/102, 30.03.2010), како и на обврската за транспонирање на европското во националното право на земјата за да може таа да ги преземе обврските што произлегуваат од членството. Овие критериуми што земјата со кандидатски статус треба да ги исполни за време на пристапните преговори за прием во ЕУ, се познати уште и како „Копенхагенски критериуми“, поради самитот каде што за првпат се утврдени. Напредокот на земјата-кандидат во исполнувањето на критериумите за прием го следи [[Европска комисија|Европската комисија]], за што доставува годишен извештај до Советот.
 
За да стане членка на ЕУ, земјата-кандидат мора да исполни три критериуми:
* политички критериуми: стабилност на институциите кои гарантираат [[демократија]], владеење на [[Право|правотоправо]]то, [[човекови права]] и почитување и заштита на малцинствата.
* економски критериуми: постоење функционална [[пазарна економија]], како и капацитет за справување со притисокот на [[Конкуренција|конкуренцијатаконкуренција]]та и пазарните сили кои владеат во Европската Унија;
* институционални критериуми: земјите-кандидати мора да го усвојат, применуваат и да го спроведуваат целокупниот пакет на политики и мерки од [[Законодавство на Европската Унија|законодавството]] на ЕУ (acquis communautaire). Тоа значи способност за преземање на обврските од членството, вклучувајќи придржување кон целите на политичката, економска и монетарна унија. Ова бара и доволен административен капацитет на земјата-кандидат за транспонирање на европското во националното законодавство, за негова примена, и за ефикасно спроведување преку соодветни административни и судски структури.
 
Подоцна сите критриуми (политички, економски и правни) за пристапување кон ЕУ станале познати како копенхашки критериуми. Малку подоцна, во 1995 година, кон нив биле додадени и мадридските критериуми, кои поставила дополнителна обврска кон државите-кандидати, да создадат услови за интеграција со прилагодување на своите административни структури. Со други зборови, на политичките, економските и правните критериуми од Копенхаген, додадени се и административните критериуми од Мадрид, со што бил заокружен целокупниот пакет на критериуми за влез во Европската унија.<ref>Fontaine, P. (2004), “Europe in twelve lessons”, European Commission, Bruxelles</ref> Мадридскиот критериум од 1995 (Совет на ЕУ, Мадрид, 1995) укажува дека усогласувањето на националното законодавство со европското законодавство само по себе не е доволно, туку неопходно е земјите-кандидати да изградат административни капацитети кои ќе бидат доволни за спроведување на законодавството. Уште повеќе, во случајот на [[Централна банка|централната банка]], постоењето силен административен капацитет е важна претпоставка во остварувањето целосна независност и капацитет на централната банка, што претставува основно барање на европското законодавство во делот на Економската и монетарна унија. Од земјата-кандидат најпрво се бара во националното право да го транспонира целокупното множество на политики и мерки од законодавството на ЕУ (acquis communautaire). Бидејќи усвојувањето на законодавството на ЕУ (acquis communautaire) не е цел сама за себе, за исполнување на институционалните критериуми од земјата-кандидат се бара да создаде и услови за негова примена и спроведување преку соодветно прилагодување на административните и судските капацитети.
 
 
Конечната одлука за отворање на преговорите ја донесува Советот на ЕУ со едногласност на сите земји-членки. Процесот на преговори се состои од неколку фази:<ref>НБРМ, „Информација за институционалните предизвици на НБРМ во процесот на приближување кон ЕУ и ЕМУ“, Скопје, февруари, 2008.</ref>
* процесот на скрининг (screening), како прва фаза од процесот на преговори, во којшто Европската Комисија го презентира целокупното законодавство што земјата треба да го транспонира во националното [[законодавство]] за секое поглавје одделно. Истовремено, земјата-кандидат ги презентира постигнувањата во делот на усогласувањето со законодавството во секое поединечно поглавје од европското законодавство;
* подготовка на „ Извештај за завршен скрининг (''Screening Report'')“ од страна на [[Европска комисија|Европската комисија]], согласно со наодите од извршениот скрининг, во кој се содржани сите недостатоци во однос на законодавството и административниот капацитет, а кои ќе треба да се пополнат во текот на преговорите;
* Отворање на поглавјата за преговори, по донесена одлука од страна на Советот на ЕУ, при што се повикува земјата-пристапничка да ги претстави преговарачките позиции за секое поглавје одделно. Во текот на преговорите, земјата се обврзува на временски рокови во кои целосно ќе се изврши преостанатото усогласување со европското законодавство. Исто така, постои и лимитирана можност за користење на т.н. транзициски периоди - за определени области може да се побара целосното прилагодување и усогласување да заврши во определен период по зачленувањето во ЕУ (обично се работи за прашања што имаат големи фискални импликации во делот на [[Животна средина|животната средина]]). Исто така, отворањето и затворањето на преговорите во одредени поглавја може да бидат условени со поставување на т.н. одредници (benchmarks) кои треба да бидат исполнети.
 
По завршувањето на преговорите, се определува датум на кој земјата станува полноправна членка на ЕУ. Со зачленувањето во ЕУ, централната банка по автоматизам станува дел од [[Европски систем на централни банки|Европскиот систем на централни банки]] (ЕСЦБ). Влегувањето во третата фаза на [[ЕМУ]], односно воведувањето на [[Евро|евротоевро]]то, е задолжително и за тоа не постојат можности за opt-out како во случаите на [[Велика Британија]], [[Данска]] и [[Шведска]]. Сепак, според европското законодавство не е дефиниран временски рок за влез на земјата во третата фаза од ЕМУ, па така новите земји може влезот во еврозоната да го одлагаат по нивен избор. Влезот во ЕМУ е условен со исполнување на критериумите за конвергенција (односно критериумите од [[Мастрихт]]) од страна на одделната земја.
 
====Преговори на Македонија за членство во ЕУ====
Ред 67 ⟶ 66:
Освен исполнувањето на критериумите од Копенхаген, во текот на претпристапната фаза, земјите-кандидати мора да ги исполнат и следниве услови поврзани со влезот во ЕМУ:
* целосна независност на националната [[централна банка]] и монетарните власти;
* забрана за директно [[Кредит|кредитирањекредит]]ирање на [[Држава|државатадржава]]та од страна на централната банка;
* забрана за привилегиран пристап на државните органи и други јавни институции
* и тела до финансиските институции; и
* либерализација на движењето на [[Капитал|капиталоткапитал]]от.
 
Откако ќе влезат во Европската Унија, новите земји-членки воедно стануваат и членки на [[Економска и монетарна унија|Економската и монетарна унија]] како „земји членки со дерогација“. Меѓутоа, како земји-членки со дерогација, тие остануваат надвор од еврозоната сè додека не ги исполнат критериумите за конвергенција, подобро познати како Критериуми од Мастрихт.
 
Монетарната интеграција се состои од три поединечни фази: прво, влез во ЕУ, потоа учество во ЕРМ II, и на крајот - влез во ЕМУ.
Првиот чекор во монетарното интегрирање на новите земји-членки во [[Евросистем|Евросистемот]]от е добивањето статус на членки на Економската и монетарна унија со дерогација, којшто настапува веднаш совлегувањето во ЕУ. Притоа, за новите земји-членки не постои опција делумно да ги прифатат политиките на ЕУ (т.н. „opt-out“ политика), каков што е случајот со некои од постарите земји-членки (на пример, Велика Британија и Данска за прифаќањето на еврото). Иако, во оваа фаза, новите земји-членки сè уште не се во целост дел од ЕМУ и не може веднаш да се приклучат во еврозоната, од нив се бара да исполнуваат бројни обврски кои се дел од ЕМУ, односно: треба да ги прилагодат своите економски и монетарни политики во линија со основните цели на ЕМУ, па така, во принцип тие се обврзани да се стремат кон усвојување на еврото, како основна цел на нивните политики. Како основен предизвик на нивната политика се смета дизајнирањето на соодветна брзина со која ќе се движи овој процес. Сепак, во овој процес на воведување на еврото, квалитетот не смее да биде компромитиран за да се оствари поголема брзина.
 
Вториот чекор во монетарната интеграција на новите земји-членки е учеството во [[Механизам на девизни курсеви|Механизмот на девизни курсеви]] II (ЕРМ II). Учеството во ЕРМ II е на доброволна основа и затоа не мора да следува веднаш по влезот во ЕУ, туку може и подоцна. Откако една земј-членка ќе одлучи да се приклучи во овој Механизам, од неа се очекува да учествува во него најмалку две години, при што најпрво се фиксира вредноста на националната валута во однос на еврото, а потоа се дозволуваат флуктуации над или под договорената вредност најмногу до 15%, пред да се воведе единствената валута.
Последниот чекор кон монетарната интеграција е влез во еврозоната, односно воведување на еврото како сопствена валута и исполнување на сите критериуми за конвергенција (Критериуми од Мастрихт). Тие се дефинирани во Договорот за Европската Унија од [[1992]] година, познат како [[Договорот од Мастрихт]], па оттаму и нивното име. Критериумите од Мастрихт најпрво се дефинирани во текстот на Договорот (член 121), а потоа попрецизно се дефинирани во Протоколите кон Договорот.
 
Критериумите од Мастрихт се:
* Годишната стапка на [[инфлација]] не треба да ја надминува референтната вредност која е дефинирана од просечната стапка на инфлација на трите земји-членки на ЕУ со најниска стапка на инфлација, за повеќе од 1,5 процентни поени.
* Долгорочната [[каматна стапка]] не треба да ја надминува за повеќе од 2 процентни поени референтната вредност која е дефинирана од просечните долгорочни каматни стапки на трите земји-членки на ЕУ со најниска инфлација. Долгорочната каматна стапка се пресметува врз основа на просечниот принос на десетгодишните државни [[Обврзница|обврзници]], кои имаат значаен удел во тргувањето на [[пазар на капитал|пазарот на капитал]].
* Националната валута мора да учествува најмалку две години во Европскиот механизам на [[Девизен курс|девизниот курс]] ЕРМ II, и да се почитуваат нормалните маргини на флуктуација на овој механизам (+/-15%, од паритетот на девизниот курс), а при тоа да нема остри тензии на [[Девизен пазар|девизниот пазар]] и да не изврши девалвација во однос на која било ЕУ валута по сопствена инцијатива.
* [[Буџет|Буџетскиот]]скиот дефицит не треба да надминува 3% од [[Бруто-домашен производ|бруто-домашниот производ]] (БДП) на крајот на претходната фискална година (освен во вонредни околности).
* [[Јавен долг|Јавниот долг]] не треба да надминува 60% од [[БДП]] на крајот на претходната фискална година (или, ако е повисок, треба да се приближува кон оваа референтна вредност со задоволителна брзина).
 
 
[[ЕЦБ]], во интервал од најмалку две години, објавува „Извештај за конвергенција“, за да се провери до кој степен земјите-членки на ЕУ кои имаат аспирации за воведување на еврото се во согласност со критериумите. Првиот Извештај за конвергенција бил објавен во [[ноември]] [[1996]] година, и покажа дека само 3 од, во тоа време, 15-те земји-членки на ЕУ (Данска, [[Луксембург]] и [[Ирска]]) во целост ги исполнуваат критериумите. Последователните извештаи за конвергенција резултираа со дополнителни 6 земји-членки на ЕУ кои беа усогласени со сите критериуми и го воведоа еврото (Грција, Словенија, Кипар, [[Малта]], [[Словачка]] и [[Естонија]]). Последниот Извештај за конвергенција бил објавен во [[мај]] [[2012]] година, со кој се утврдило дека ниту една од тогашните седум земји-апликанти нема постигнато целосна усогласеност со критериумите. Бидејќи референтните вредности за инфлацијата и за долгорочните каматни стапки во основа се менуваат на месечна основа, секоја земја-членка што не е членка на еврозоната има право да побара од ЕЦБ повторна проверка на усогласеноста секогаш кога верува дека постои веројатност таа да ги исполнува сите критериуми.
Ред 320 ⟶ 318:
 
=== Идно проширување и блиски односи ===
* [[Турција]] е официјаленслужбен кандидат за членство во ЕУ. Европските амбиции на Турција датираат од Договорите од [[Анкара]] од [[1963]]. Откако добила статус на кандидат за членство, Турција го подобрила почитувањето на човековите права, ја укинала [[Смртна казна|смртната казна]], му дала културни права на своето големо [[Курди|курдско]] малцинство и презела позитивни чекори да го реши [[Кипарско прашање|кипарското]] прашање. Сепак, поради својата верска и културна различност, Турција се соочува со силно противење од страна на конзервативните влади, во прв ред на [[Франција]], [[Австрија]], [[Кипар]] и [[Словенија]].
* [[Македонија]] е официјално кандидат за членство во Европската Унија без датум за преговори во моментов. Датумот за преговори и нивното започнување се одложиле поради политички причини, односно поради противењето на една од членките - Грција.
* [[Исланд]] е потенцијална земја кандидат за членство во ЕУ која поднела апликација за истото. Голем дел од реформите кои треба една земја кандидат да ги усвои, Исланд ги има имплементирано и набрзо се очекува и официјално да го добие статусот земја-кандидат.
Ред 364 ⟶ 362:
** Седиште на состаноците на комитетите и на мини-сесиите на Европскиот парламент.
** Домаќин на сите самити на Европскиот совет (од 2004).
 
* [[Стразбур]], [[Франција]]
** Седиште на Европскиот парламент и на неговиот 12-неделни пленарни сесии секоја година.
 
* [[Луксембург (град)|Луксембург]], [[Луксембург]]
** Седиште на Европскиот суд на правдата и на Секретаријатот на Европскиот парламент.
** Седиште на Европската инвестициска банка.
 
* [[Франкфурт]], [[Германија]]
** Седиште на Европската централна банка.
 
* [[Хаг]], [[Холандија]]
** Седиште на [[Европол]].
Ред 602 ⟶ 596:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Европска Унија| ]]
[[Категорија:Политички системи]]
[[Категорија:Меѓународни организации]]
[[Категорија:Меѓународни организации]]