Отон I (Грција): Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
с →Самостојно управување: Јазична исправка, replaced: Отоманска Империја → Отоманско Царство using AWB |
с →Крал на Грција: Јазична исправка, replaced: официјален јазик → службен јазик using AWB |
||
Ред 26:
Кога бил избран за [[крал на Грција]], Отон бил на 17 години, поради што според Лондонскиот договор, со земјата требало да управува регентство, назначено од неговиот татко. Како еден од основните услови за избирањето на Отон за крал на Грција пред баварскиот крал било престанување на воените дејствија врз Отоманското Царство. Тоа означувало дека Отон би ја имал титулата ''Крал на Грција'', наместо ''Крал на Грците''.
Отон I пристигнал во [[Грција]] во почетокот на [[февруари]] [[1833]] година заедно со назначено од неговиот татко регентство и со армија од 3.500 баварски војници и офицери, кои според протоколот на силите Грција требала да ги прифати на свој терет. На чело на регентскиот совет на малолетниот Отон застанал грофот [[Јозеф Лудвиг фон Армансберг]]. Регентството го вовел германскиот јазик како
Во почетната фаза од управувањето си Отон I и неговото [[регентство]] требало да се справат со големата криза која владеела во земјата. На прво место била ситуацијата со илјадниците бегалци од [[Турција]], кои немале сопствена земја и немале со што да се прехрануваат. Грција била задолжена со исплата на огромен заем од 60 милиони франци кој и бил даден од страна на големите сили. Затоа регентството вовело бројни даноци. Грците многу бргу се нашле во ситуација полоша и од онаа кога биле под власта на Отоманите. Истовремено, Грција била зафатена и од внатрешни конфликти. Покрај тоа, Ото, католик по раѓање, одбивал да го прифати Православието, што го направило еретик во очите на неговите поданици. Незадоволството од ''Баварократијата'' довело до обид за државен удар на чело со Колокотронис, кој бил уапсен и осуден на смрт, но подоцна пресудата му била заменета со 20-годишен затвор. На Пелопонез избувнало востание, кое било задушено од страна на властите.
|