Ференц Казинци: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
He died on 23 Aug, according to seven Hungarian encyclopaedia: Magyar nagylexikon, Magyar életrajzi lexikon, Új magyar életrajzi lexikon etc.
с Јазична исправка, replaced: официјален јазик → службен јазик using AWB
Ред 2:
[[Податотека:Kazinczy.jpg|thumb|right|200px|Ференц Казинци]]
 
'''Ференц Казинци''' ([[унгарски]]: ''Kazinczy Ferenc'', {{роден на|27|октомври|1759}} - {{починал на|23|август|1831}}) е [[Унгарија|унгарски]] [[поет]], најнеуморниот агитатор на регенерацијата на [[унгарски|унгарскиот јазик]] и литература на крајот од 18-ти и почетокот на 19-ти век. Неговото име денес е поврзано со Големата Јазична Реформа на 19-тиот век, кога се исковуваат и возобновуваат илјадници зборови, кои му овозможуваат на унгарскиот јазик враќање на патот на индустриско-технолошкиот напредок и негово прогласување за официјаленслужбен јазик во [[Унгарија]] во [[1844]].
 
== Биографија ==
Ред 8:
Роден е во [[Ерсемлјен]], Унгарија. студира право во [[Кошице|Каша]] и [[Прешов|Еперјеш]], како и во [[Будимпешта|Пешта]], каде исто така се здобива и со темелно знаење за [[француска литература|француската]] и [[германска литература|германската литература]], а се запознава и со [[Гидеон Радај]], кој пак му ја отстапува својата библиотека. Во 1784 Казинци станува помошник-нотар во [[Абој]], а две години подоцна номиниран е за школски инспектор во Каша. Таму почнува да се посветува на својата идеја за возобновување на [[унгарски|унгарскиот јазик]] и литература преку преведување на странски класици и проширување на древниот унгарски речник. Во 1788, со помоѓ на [[Давид Бароти Сабо]] и [[Јанош Бачањи]], во Каша го основа првиот унгарски литературен информатор, списанието ''Magyar Muzeum'' (Унгарски Музеј);''Орфеј'', кој ќе го наследи во 1790 година е негова лична креација. Иако по доаѓањето на власт на [[Леополд II]], Казинци, како не-католик бил приморан да го напушти своето работно место во Каша, неговата литературна активност воопшто не се намалува. Не само што му помага на Радај во основањето на првото унгарско драматуршко друштво, туку и го збогатува неговиот репертоар со неколку драми - преводи на неколку дела на странски автори. Неговиот ''[[Хамлет]]'', кој е испечатен во 1790 година, својот препев го базира врз германската верзија на ова дело, во превод на Шредер.
 
Бидејќи е инволвиран во демократскиот заговор на опатот [[Игнац Мартинович]], Казинци е уапсен во 1794 година и осуден на смрт; набрзо, казната му е смалена на доживотен затвор. Сепак, пуштен е од затвор во 1801 година, по што набрзо се венча со Софија Терек, ќерка на неговиот претходен патрон, и се повлекува на еден мал имот кај [[Шефалом]], во близина на [[Сатор-Ујели]]. Во 1828 активно учествува на конференциите кои имаат за задача да ја основаат Унгарската Академија, чијшто почесен прв член ќе стане токму тој.
 
Умира од [[колера]] во Шефалом.
Ред 15:
Казинци, иако поседува стилска префинетост, не може да се смета за моќен, оригинален мислител; неговата слава главно се заснова на неговите многубројни препеви, меѓу кои се истакнуваат оние на [[Лесинг]], [[Јохан Волфганг фон Гете|Гете]], [[Криштоф Мартин Виланд|Виланд]], [[Фридрих готлиб Клопшток|Клопшток]], [[Осијан]], [[Франсоа де Ларошфуко|Ларошфуко]], [[Жан Франсоа Мармонтел|Мармонтел]], [[Молиер]], [[Пјетро Метастазио|Метастазио]], [[Шекспир]], [[Кикерон]], [[Анакреон]] и многу други. Исто така тој е и уредувач на делата на [[Шандор Бароши|Бароши]] (Пешта, 1812, 8 тома) и на поетот [[Никола Зрињи|Зрињи]] (1817, 2 тома), како и на песните на [[Габор Дајка]] (1813, 3 тома) и на [[Јожеф Киш]] (1815, 3 тома). Неговите собрани дела, во главно преводи, издадени се во Пешта, во периодот меѓу 1814 и 1816, во 9 тома. Неговите оригинални дела (''Eredeti Munkái''), во главно писма, се уредени од [[Јожеф Бајза]] и [[Ференц Толди]] и испечатени во Пешта, 1836-1845, во 5 тома. Неговите песни (''[[Во денот на соединувањето]]''), излегуваат во текот на 1858 и 1863 година.
 
Во 1873, [[Неокласицизам|неокласицистичка]] меморијална сала ([[мавзолеј]]) и гробница се изградени во [[Шефалом]] во негов спомен, според плановите на [[архитект]]от [[Миклош Иби]]. Денес тој припаѓа на [[музеј]]от ''Ото Херман''.
 
На истото место, се планира и градење на Музеј на Унгарскиот Јазик.
Ред 26:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Унгарски писатели]]
[[Категорија:Унгарски поети]]