Историја на економската мисла: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Џон Стјуарт Мил: Стилска исправка, replaced: Античка Грција → Стара Грција using AWB
с →‎среден век: Јазична исправка, replaced: Среден век → среден век using AWB
Ред 19:
Иако Аристотел се залагал за тоа дека многу работи може заеднички да се поседуваат, исто така тврдел дека не сѐ може да биде заеднички поседувано, од проста причина „злобата на човековата природа“. „Очигледно е дека е подобро сопственоста да е приватна“, напишал Аристотел, „но, заедничката употреба и посебниот бизнис на законодавецот е да создаде добронамерната природа во човекот“. Во Политика книга I, Аристотел расправа за општата природа на домаќинствата и пазарната размена. Според него постои одредена „уметност на добивка“ или „начин на сткнување богатство“. Единствената цел на парите како такви е средство за размена, што значи само по себе дека „ се безвредни... не се корисни за која било од животните потреби“. Сепак, Аристотел нагласува дека поради тоа што „инструментот“ на парите е ист, многу луѓе се опседнати со обичната акумулација на пари. „Начинот на стекнување богатство“ за едно домаќинство е „неопходно и достоинствено“, додека трговската размена на мало за обичната акумулација е „праведно критикувана, затоа што е нечесна“. Аристотел остро се противел на заемите со енормни камати и бил згрозен од профитирањето преку монополи.
 
=== Среденсреден век===
 
Тома Аквински (1225-1274) е италијански теолог и писател за економски прашања. Предавал во Келн и Париз и бил дел од групата на католички учители познати како Схоластици, кои ги поместија нивните интереси од теологијата до филозофските и научни дебати. Во статијата ''„Summa Theologica“'' Аквински го опфаќа концептот на фер цена, за која смета дека е неопходна за репродукција на социјалниот поредок. Имајќи многу сличности со модерниот концепт на долгорочна рамнотежа, фер цената би требало да биде таа која ќе ги покрива трошоците за производство, вклучувајќи ги и одржувањето на работникот и неговата фамилија. Тој тврди дека е неморално продавачите да ги покачуваат нивните цени просто затоа што купувачите се во огромна потреба за продуктот.