Кушадаси: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Јазична исправка, replaced: Средниот век → средниот век using AWB
Ред 39:
 
== Историја и име на градот ==
Во минатото бил познат како ''Неаполис'', ''Нов Ефес'' и ''Scala Nuova''. Во античко време, на местото на денешен Кушадаси, се наоѓал античкиот град Неаполис, кој бил под управа на тогашниот најсилен град во Средоземјето, [[Ефес]]. Во непосредна близина на Неаполис, се наоѓале градовите [[Маратезион]] и [[Пигала]], кои наводно ги основаа болните војници на кралот Агамемнон во текот на [[Тројанската војна]]. Со самото слабеење на Ефес, почнува и мрачното и крваво време за Неаполис кое трае сè до Средниотсредниот век. До 15. век градот (Scala Nuova) бил под управа на трговците од [[Венеција]] и [[Џенова]]. Во [[1413]] година [[Турци]]те, предводени од султанот [[Мехмед I|Мехмет Челебија]], го освојуваат и ограбуваат градот, кој оттогаш е под власт на [[Турција]].
 
Современото име градот го добива по полуостровот на излезот од центарот на градот (Остров на гулабите - (Güvercin Adası), кој пред спојувањето со брегот бил остров. Името, всушност е кованица од два збора - ''птица'' (kuş) и ''остров'' (ada).
Ред 46:
Споменатиот полуостров доминира со погледот, ако се кон Кушадаси приоѓа од страна на морето, или ако се прелетува со авион. На полуостровот се наоѓа тврдина, светилник и мала зоолошка градина.
 
24 километри јужно од Кушадаси се наоѓа национален парк, од кој се пружи поглед кон соседна [[Грција]] и островот [[Самос]]. Во околината на Кушадаси се и античките градови [[Ефес]] (18  km), [[Дидим (град)|Дидим]], [[Пријена]] и [[Милет]].
 
Административно, општината и градот Кушадаси, припаѓаат на вилаетот Ајдин, од чиј центар Кушадаси е оддалечен 65  km. Иако развиено летувалиште градот нема сопствен аеродром, туку се користи аеродромот „Аднан Мендерес“ во [[Измир]] и „Милас-Бодрум“ во [[Милас]], кои се оддалечени 85  km, односно 120  km. Градот поседува марина (мало пристаниште) и пристаниште за прекуокеански бродови, кои се секојдневни гости на Кушадаси.
 
Според проценки, Кушадаси има околу 1.000 хотели, пансиони и апартмани од сите категории. Еден од најстарите хотели во градот е „Имбат“, изграден во [[1975]] година кој се наоѓа на ''Женската плажа'' (Kadınlar Denizi), а може да се види и од центарот на градот.