Жан Пол Мара: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Обновување на веќе додадени наслови, преуредување на наслови и поднаслови, и сл.
сНема опис на уредувањето
Ред 191:
 
== Атентат врз Мара со смртен исход ==
[[Податотека:Jacques-Louis DavidL'Ami -du Lapeuple Mort de Marat1.jpg|мини|311x311пкс|Копија од ''СмрттаL’Ami наdu Мараpeuple'' одизвалкана Жак-Лујсо Давид,крвта 1793,на БриселМара.]]
На 13-ти јули, Шарлот Кордеј, фанатична млада жирондистка од провинцијата, доаѓа до неговата бања под изговор дека носи список на предавници од нејзиниот роден Кан. Таму, таа го прободува смртно. Главната причина за атентатот врз Мара е неговото учество во настаните од 10 август 1792 година, Септемвриските егзекуции и 31 мај-1 јуни 1793 што бил голем противник на жирондинците и што остро ги критикувал монархистите. Причината е и тоа што силно ги подржувал републиканските вредности, што отворено ја критикувал наклонетоста на француските акедемици кон власта и кон конфорниот живот, што ги поддржувал „бесните“ и што гласал за смртната казна на Луј XVI. Шарлот Кордеј (1768-1793), пред гилотирањето јавно признала дека Мара го убила во неговото купатило поради теророт што го спроведувал врз жирондинците и врз ројалистите. Атентаторката е во роднинска врска со Пјер Корнеј, француски комедиограф и сатиричар, чии херои страдат поради преголемата желба за слава.
 
Заради Кордејското убиство на Мара, монтањарците се предизвикани да ги затвораат и егзекутираат останатите жирондисти во почетокот на Владеењето на теророт. Мара е погребaн во Пантеон, а потоа во 1794 год. е пренесен на гробиштата Saint-Étienne-du-Mont. За време на затворањето на овие гробишта, неговите останки се фрлени на јавно место. Гробиштата не постојат повеќе и според тоа нема повеќе гроб за Мара.[[Податотека:Jacques-Louis David - La Mort de Marat.jpg|мини|''Смртта на Мара'' од Жак-Луј Давид, 1793, Брисел.]]
 
== Политичката мисла на Жан-Пол Мара ==
Жан-Пол Мара, под влијание на Жан-Жак Русо, е поодреден во предвидувањето на Француската револуција од 1789 година од Шарл Луј Монтеские, Франсоа Волтер и другите просветители. За разлика од нив, отворено и гласно, дваесет и пет години пред време, го употребувал зборот „револуција“, тврдејќи дека злото е во самите нешта, дека „лекот мора да биде силен“ и дека „мора да се удри по коренот“. Од четири илјади објавени книги пред 1789 година, неговите се најзабележителни по јасноста на повикот на народот на вооружено востание.