Полноќно сонце: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Временски зони и летно сметање на времето: Стилска исправка, replaced: временска зона → часовен појас (2) using AWB
с →‎Часовни појаси и летно сметање на времето: Стилска исправка, replaced: временски зони → часовни појаси, Временски зони → Ча using AWB
Ред 15:
Поради прекршувањето на светлината, полноќното сонце може да се види на географски ширини малку под поларниот круг, но не за повеќе од еден степен (во зависност од локалните услови). На пример, можно е да се доживее поларен ден на [[Исланд]], иако поголемиот дел од него е малку јужно од Арктикот. Дури и во северните краеви на [[Шкотска]] во овој период (и места со слична географска ширина) може да дојде до постојан самрак или светлина на небото.
 
== ВременскиЧасовни зонипојаси и летно сметање на времето ==
За целите на овој напис поимот „полноќно сонце” се однесува на феноменот на 24-часовна сончева светлина северно од Арктикот или јужно од Антарктикот. Но, има некои други случаи кога се споменува „полноќно сонце”, иако тие всушност се поради промената на временскичасовни зонипојаси и [[Летно сметање на времето|летното сметање на времето]]. На пример во [[Фербенкс]], Алјаска, кој се наоѓа јужно од Арктикот, сонцето заоѓа во 12:47 за време на [[рамноденица|летната рамноденица]]. Ова е поради тоа што Фербенкс е еден час пред неговата вистинска [[часовен појас]] (поради промените со цел целата земја да биде во една часовен појас) и поради тоа што државата Алјаска користи летно сметање на времето. Ова значи дека до [[соларна кулминација]] доаѓа околу 14:00 часот наместо како што е во повеќето места во 12:00 часот. Обратно, пак, до астрономска полноќ доаѓа во 02:00 часот. Во [[Бетел]], Алjаска, кој се наоѓа јужно од [[Енкориџ]], сонцето, за време на летната рамноденица, од истите причини, заоѓа во 12:24 часот. Овие примери не се вистински феномени на поларен ден/полноќно сонце затоа што сонцето е под хоризонтот секој ден од годината во времето на локалната астрономска полноќ.
 
== Бели ноќи ==