Слободен универзитет (Берлин): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-романсиер +романописец)
с →‎top: Стилска исправка, replaced: Централна Азија → Средна Азија using AWB
Ред 4:
 
'''Слободен универзитет во Берлин'''
 
 
Freie Universität Berlin
Ред 25 ⟶ 24:
:
:'''Веб Страна''' www.fu-berlin.de/en
 
 
 
 
'''Слободен Универзитет во Берлин'''
 
 
 
Слободниот универзитет во Берлин (германски: Freie Universität Berlin) е еден од водечките и најпрестижните истражувачки универзитети во Германија и Европа. Тој се одликува со својот модерен и меѓународен карактер. Тој е најголем од четирите универзитети во Берлин. Истражувањето на Универзитетот се фокусира на економијата и општествените науки, како и за здравјето и природните науки. Основан е во Западен Берлин во почетокот на Студената војна, неговото име се однесува на статусот на Западен Берлин, како дел од слободниот свет, за разлика од Хумболт Универзитетот кој беше контролиран од страна на Комунистите.
Признат како еден од најдобрите високо квалифицирани институции во Германија, Слободниот Универзитет во Берлин беше рангиран како еден од деветте топ-универзитети во Германија(исто така познат како елитен универзитет). Освојувајќи ја разликата на пет докторски програми, три интердисциплинарни истражувачки кластери (некои од нив во соработка со други универзитети) и неговата вкупна институционална стратегија, Слободниот Универзитет во Берлин беше еден од најуспешните универзитети во иницијативата. Во Универзитетското рангирање, Слободниот Универзитет во Берлин е рангиран меѓу најдобрите германските универзитети, кој има воспоставено силни меѓународни прикажување во уметноста и хуманистичките науки проследено со општествени науки, што го прави еден од најдобрите европските институции во овие области.
 
Со исклучок на Charité медицинскиот факултет кој е ко-администратор од страна на Хумболт Универзитетот, Слободниот Универзитет во моментов е водечки Универзитет на осум истражувачки центри на германската фондација за истражувања (DFG) а исто така има пет DFG истражувачки единици. Петнаесет научници од Слободниот Универзитет до денес се наградени со Готфрид Вилхелм Лајбниц наградата на DFG - најпознатата награда за истражувачки достигнувања во Германија.
 
 
 
'''Содржина'''
 
 
Ред 60 ⟶ 49:
* • 5 Добитници на Готфрид Вилхелм Лајбниц наградата
* • 6 Значајни луѓе
 
 
 
'''Кампус'''
 
 
 
Поголемиот дел од универзитетските објекти се наоѓаат во областа Далем во Југозападниот дел на Берлин во околината на Штеглиц – Целендорф(Steglitz-Zehlendorf). Првата независна структура која беше завршена на кампусот беше Хенри Форд зградата, финансирана од страна на Американската Форд Фондација. За таа цел, Универзитетот беше сместен во неколку постари објекти низ населбата, вклучувајќи ја и Ото Хан зградата, во која денес е сместен одделот за биохемија.
Најголемиот самостоен комплекс на универзитетот е Rost- und Silberlaube, што во превод значи "'рѓа и сребрен арбор". Овој комплекс се состои од серија на меѓусебно поврзани структури од бронза (оттука доаѓа зборот "'рѓа") или со сјајна бела боја ("сребро"), опкружен со различни лиснати дворови. Неодамна беше надополнет со нов централен дел, Филолошката библиотека во форма на мозок, дизајнирана од страна на британскиот архитект Лорд Норман Фостер.
 
 
 
'''Историја'''
 
 
 
Слободниот Универзитет во Берлин беше основан од страна на студентите и научниците на 4 декември 1948 година, со поддршка од американските сојузници и берлинските политичари како реакција на прогонетите студенти кои го критикуваа системот на Универзитетот Хумболт во Советскиот сектор на поделениот град Берлин. Овие студенти и научници сакаа да учат и да вршат истражувања на Слободниот Универзитет, без политичко влијание. Благодарение на великодушните донации од страна на Соединетите Американски Држави, Слободниот Универзитет беше во можност да изгради неколку нови централни комплекси, вклучувајќи ја и Бенџамин Франклин универзитетската клиника и Хенри Форд зградата, централната зграда за предавање. Врз основа на неговото традиционално основање, Слободниот Универзитет се заколна дека до денес ке ги почитува латинските услови за вистина, правда, и слобода. Во 2007 година Слободниот Универзитет изгради споменик во чест на студентите кои загинаа од страна на советската тајна служба. Универзитетот својата награда за слободата ја подари на луѓето кои дале свој придонес во борбата за слобода.
Годините 1968, 1990 и 2007 се значајни во историјата на Слободниот Универзитет. Во текот на 1960 година, Универзитетот беше собиралиште на студентските протести што доведе до поголема отвореност, еднаквост и демократија. По обединувањето на Германија во 1990 година, Слободниот Универзитет во Берлин се подобри. Универзитетските истражувања покажаа зголемен бројот на дипломирани студенти, докторати и публикации. Клучно за овој успешен тренд беа фундаменталните реформи како на пример воведување на модерни системи за управување на администрацијата, за реорганизација на одделенијата, како и ефикасно искористување на ресурсите. Prognos, познатиот економски институт во Базел, Швајцарија, му додели на Слободниот Универзитет награда за неговите добри претприемачки принципи. Од 2003 година, Слободниот Универзитет ги регрупираше своите истражувачки капацитети во трансдисциплинарни истражувачки области наречени кластери. 2007 година беше уште една клучна година за Слободниот Универзитет: Тој беше прогласен за универзитет со најмногу одобрени фондации од страна на Германската Универзитетска Извонредна Иницијатива (German Universities Excellence Initiative) и денес е еден од деветте елитни универзитети во Германија кој прима фондации за својата развојна стратегија.
Слободниот Универзитет се наоѓа во областа Далем во југозападниот дел на Берлин. Во почетокот на 20 век, Далем беше основан како центар за истражување од највисок ранг. Академските активности во Далем беа поддржани од страна на Фридрих Алтхоф, раководител на Пруското Министерството за култура, кој првично го предложи основањето на "германскиот Оксфорд." Новоизградениот објект беше домаќин на владините научни агенции и на новите истражувачки институти на Универзитетот во Берлин. Кајзер Вилхелмското општество - претходник на денешното Макс Планкското општество - е основано во 1911 година и воспостави неколку институции во Далем. Од своето основање, Слободниот Универзитет во Берлин ги користи зградите кои првенствено им припаѓале на Кајзер Вилхелмското општество и исто така, изгради бројни нови згради. Централниот кампус на Слободниот Универзитет се состои од неколку ансамбли кои се во непосредна близина еден на друг. Проектантите се ориентираа според видовите кампуси кои се наоѓаат во САД – и се новитет во поствоената Германија.
 
 
 
'''Академски активности на универзитетот'''
 
 
 
'''Оддели'''
 
 
Универзитетот има 12 сектори, три централно интердисциплинарни институции и други централно услужни институции:
Ред 103 ⟶ 79:
# 11. Политички и социјални науки
# 12. Ветеринарна медицина
 
 
 
'''Централно интердисциплинарни институции'''
 
 
 
# 1. Џон Ф. Кенеди Институтот за северноамерикански студии
# 2. Институт за источноевропски студии
# 3. Институт за латиноамерикански студии
 
 
 
 
 
'''Факултети'''
 
 
 
# 1. Фридрих Шлегел Факултетот за литературни студии
Ред 129 ⟶ 95:
# 6. Факултетот за северносмерикански студии
# 7. Берлински математички факултет
 
 
'''Кластери на совршеност'''
 
 
# 1. Емоции на јазикот
# 2. Topoi - формирање и преобразба на просторот и знаењето на древните цивилизации
# 3. NeuroCure – Нови можности во лекувањето на невролошките заболувања
 
 
'''Интердисциплинарни центри'''
 
 
 
# 1. "Античкиот свет"
# 2. "Уметноста и естетиката"
# 3. "Екосистеми во ЦентралнаСредна Азија"
# 4. "Ефикасно математичко моделирање"
# 5. "Европски јазици: Структура - Развој - Споредба" (ЗЕВС)
Ред 152 ⟶ 113:
# 8. "Истражување за наставата и учењето"
# 9. "Социјална и културна историја на Блискиот Исток"
 
 
'''Централно услужни иституции'''
 
 
# 1. Ботаничката градина во Берлин и ботанички музеј во Берлин
Ред 165 ⟶ 124:
# 7. Јазичен центар
# 8. Универзитетска библиотека
 
 
'''Меѓународни партнерства'''
 
 
Слободниот Универзитет одржува меѓународни контакти со другите универзитети и организации кои помагаат при истражувањето и учењето: Веќе во 1950 година Слободниот Универзитет воспостави партнерство со водечките универзитети во САД како што се Калифорнискиот Универзитет (вклучувајќи ги Беркли, Универзитетот од Калифорнија, Лос Анџелес - UCLA), Чикаго, Корнел, Стенфорд, Принстон, Јејл и Колумбија, како и со земјите од Западно европските универзитети како што се Кембриџ, Универзитетскиот колеџ во Лондон и École Normale Supérieure во Париз. Универзитетот е еден од основачите на глобалниот образовен центар за проучување на транснационалните закони, центарот за транснационално правни студии во Лондон. Слободниот Универзитет исто така разви двојна диплома за јавна политика и менаџмент во светски рамки како европското бизнис училиште, ХЕЦ Париз (École des Hautes Études Commerciales de Paris). Првите контакти со универзитетите од Источна Европа беа направени во 1970-тите. Особено во 1990-тите, контактите беа проширени за да вклучат што поголем број на институции од Северна Америка, Источна Европа и од Далечниот Исток. Новоформираниот центар за меѓународна соработка (CIC) се фокусираше на пронаоѓање на нови стратешки партнери за меѓународни проекти.
Денес Слободниот Универзитет има 130 партнерства насекаде во светот, а секоја година го посетуваат околу 600 визитинг научници да придонесат за наставата и истражувањата на универзитетот. За одобрените програми во Германија, Слободниот Универзитет е една од првите избори на Еразмус и Темпус како и на Фулбрајт програмата и меѓународните програми на германската академија за размена (DAAD). Летниот меѓународен универзитет кој е формиран за странските студенти нуди меѓународно прифатени кредити.
 
 
 
'''Странски експозитури'''
 
 
 
Слободниот Универзитет во Берлин управува со странски експозитури во Њујорк, Брисел, Москва, Пекинг, Каиро и Њу Делхи. Странските експозитури работат на тоа да ги продолжат своите веќе постоечките партнерски соработки со универзитетите во земјата.
Ред 188 ⟶ 141:
Универзитетот од Калифорнија организира програми за америкаските студенти во Берлин и Потсдам. На Слободниот Универзитет постои канцеларија која нуди помош на студентите кои се на размена од Калифорнија
Студентите од Универзитетот во Колумбија и другите колеџи и универзитети вклучени во конзорциумот ( Универзитетот од Чикаго, Корнел Универзитетот, Џон Хопкинс Универзитетот, Универзитетот од Пенсилванија, Принстон Универзитетот и Васар Колеџот) можат еден или два семестра да посетуваат настава на Слободниот Универзитет како надворешни студенти. На ова привремено запишување му претходи интензивен курс во времетраење од шест недели.
 
 
 
'''Рангирања'''
 
 
 
Слободниот Универзитет во Берлин постаојано е рангиран меѓу првите топ универзитети во Германија, покажувајки особено добар резултат во областа на уметноста и хуманистичките науки проследено со општествените науки на меѓународно ниво. На пример во 2009 година QS World University Rankings(светското универзитетско рангирање) со рангирање на предметот уметност и хуманистички науки го смести Универзитетот на 1-то место во Германија, на 6-то место во Европа и на 27-то место во светот.
Во 2001 година оваа организација го рангираше Слободниот Универзитет на 66-тото место на меѓународно ниво. Значајни конкурентски универзитети во однос на рангирањата, особено во областа на уметноста и хуманистичките науки како и општествените науки се и Универзитетот во Минхен, Универзитетот во Хајделберг и Хумболт Универзитетот.
 
 
 
'''Добитници на Готфрид Вилхелм Лајбниц наградата'''
 
Германската заедница за истражување (DFG Deutsche Forschungsgemeinschaft) уште од 1985 година, секоја година доделува Готфрид Вилхелм Лајбниц награди за извонредните германски научници. Највисоката награда што се доделува изнесува 2,5 милиони евра, и треба да се искористи во рок од 7 години. Досега на Слободниот Универзитет во Берлин се доделени 15 награди:
 
 
Германската заедница за истражување (DFG Deutsche Forschungsgemeinschaft) уште од 1985 година, секоја година доделува Готфрид Вилхелм Лајбниц награди за извонредните германски научници. Највисоката награда што се доделува изнесува 2,5 милиони евра, и треба да се искористи во рок од 7 години. Досега на Слободниот Универзитет во Берлин се доделени 15 награди:
 
 
* • д-р Волкер Ердман, биохемија (1988)
Ред 222 ⟶ 166:
* • д-р Габриеле Брандштетер, драматика (2004)
* • д-р Гибург Радке, старогрчки (2006)
 
 
 
'''Значајни Луѓе'''
 
 
 
* • Јоханес Агноли, политички научник (професор)
Ред 276 ⟶ 216:
* • Жорж Тамер, научник по исламски студии (професор и економист)
* • Џејкоб Таубес, социолог за вероисповед, филозоф и научник на јудаизмот (професор)
 
 
'''Извори'''