Холокауст: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Стилска исправка, replaced: Централна Азија → Средна Азија using AWB
Ред 1:
{{Јудаизам}}
{{Нацизам}}
'''Холокауст''' (на [[хебрејски]]: השואה ''Ха-шоа'') е термин кој се користи за масовното систематско убивање на околу шест милиони [[Европа|европски]] [[Евреи]], во текот на [[Втора светска војна|Втората светска војна]], од страна на [[Националсоцијалистичка германска работничка партија|нацистичкиот]] режим во [[Германија]], предводен од [[Адолф Хитлер]].
 
Овој режим исто така масовно убивал и други народи и групи на луѓе, какo: [[Роми]]те, [[Словени]]те, [[хомосексуалци]]те, [[хендикепирани]]те, итн.
 
=== Што е тоа Холокауст? ===
Ред 40:
=== Хитлер ја започнува својата борба („[[Мојата борба]]“) ===
 
Во говорите на [[Хитлер]], тој ги обвинува [[Евреите]] за поразот во [[Прва светска војна|Првата светска војна]], како и предупредува дека ако не престанат странските финансирања на Евреите, [[Европа]] нема да треба да се плаши од [[Болшевици|болшевизација]], туку од претворање во еврејски континент. Тој се обидувал да ги обвини Евреите за лошата [[Економија|економска]] состојба во земјата, со намера да добие огромна поддршка од [[Германци|германскиот народ]]. Испровоцирани од неговите говори, тие се придружувале кон германската нацистичка војска. [[Втора светска војна|Војната]] започна на [[1 септември]], [[1939]] година, со нападот на Германија врз [[Полска]], земја која беше дом на три милиони Евреи. По брзата победа над Полска, Хитлеровата администрација ги оформи [[Еврејски гета|Еврејските гета]] во [[Лоѓ]], [[Краков]] и [[Варшава]].
 
Била забранета секаква комуникација на Евреите од гетата со останатиот дел од светот. Илјадници умреле бавно од глад и болести. Наскоро, гетата потпаднале под администрација на [[Хајнрих Химлер]], водачот на нацистичките [[СС]] сили, Хитлеровата најлојална организација, составена од фанатични млади Германци од чиста раса, според наци-стандардите.
Ред 62:
=== Систематско и планско истребување ===
 
Секој детал од истребувачкиот процес бил методски испланиран. Евреите кои пристигале со возови од Белзец, Собибор и Треблинка, биле лажно информирани од [[СС]] дека тоа е само транзитно запирање и дека ќе продолжат кон нивната вистинска дестинација (фабрики каде требало да работат) по извесно време. Им било кажувано дека нивните алишта ќе бидат дезинфицирани и дека треба најпрвин да се истушираат. Мажите биле одделувани од жените и децата. Сите биле водени во бараките за соблекување. На жените и девојките им била сечена косата. Најпрвин мажите, а потоа и жените, биле водени во простории со тушеви, каде откако ќе влезеле, им ги затворале вратите и ги вклучувале машините на бензин. Смртоносниот [[јаглероден моноксид]] за кратко им ја труел крвта, по што следела нова тура на "капачи".
 
Во [[Аушвиц-Биркенау]], на новодојденците им ја одземале облеката, ја ставале во посебни фиоки со броеви и им наредувале секој да го запомни бројот на својата фиока за "подоцна". Наместо јаглероден моноксид, за нив бил користен комерцијалниот [[пестицид]] [[Циклон-Б]]. Најпрвин умирале децата, а потоа возрасните, бидејќи пестицидот е вид на високоотровна киселина, која им била пуштана во вид на пареа. По 4-5 минути, влегувале специјални единици составени од Евреи-заробеници, кои ја "чистеле" просторијата за наредната група. Претходно, им биле вадени златните заби, доколку некој имал такви.
Телата биле уништувани на различни начини, вклучувајќи масовни палења, [[кремирање]] на отворен оган, или во специјално дизајнирани печки, како оние од Аушвиц. Сета облека, пари, злато, накит, очила и други вредности, биле сортирани и вратени назад во Германија за „повторна употреба“. Косата од жените била праќана во фирма во [[Баварија]], за производство на перници, перики и фломастери!
 
Еден невообичаено перфиден аспект на сите овие злосторства им дава фактот што со имиња на веќе убиените Евреи биле праќани разгледници од фиктивната област Валдси, до нивните роднини дома, со зборовите: „Ние сме добро и добро ни оди. Работиме и добро сме третирани. Го чекаме вашето пристигнување овде“, кои биле испечатени на позадината!
 
Возовите кои пристигнувале во Аушвиц, биле подложни на селикционен процес од страна на СС "докторите", како [[Јозеф Менгеле]]. Способните млади Евреи биле тетовирани на левата рака и праќани на принудна работа. Сите други биле праќани во гасните комори. Само децата [[близнаци]] биле исклучени од ова, за да бидат подложени на страшни ѕверски [[генетски експерименти]].
Ред 75:
=== Светскиот еврејски конгрес реагира - Папата и светот се прават глуви ===
 
Летото истата година, на [[Светскиот Еврејски конгрес]] во [[Швајцарија]], било информирано за тајните планови на нацистите и за ова биле информирани [[Вашингтон]] и [[Лондон]]. Во декември, ова прашање било ставено на седница на американскиот [[Комонхаус]], со заклучок дека во Европа навистина се случува масовно истребување на Евреите.
 
Евреите од САД на разни начини се обиделе да реагираат за да ја вклучат американската војска во акција за спасување на Евреите од Европа, што резултирало со свикување на [[Бермудската конференција (19-30 март 1943)]]. Конференцијата завршила со неуспех и разидување меѓу претставниците на САД и Британија. Дури по седум месеци, ноември, Претседателот [[Франклин Рузвелт]] формирал Борд за воени бегалци за да им помогне на неутралните земји да ги примат недепортираните Евреи и да ги спасат од гасните комори. Овој борд успеал да спаси само околу 200.000 Евреи, благодарејќи на херојските напори на шведскиот дипломат [[Раул Валенберг]], кој работел во окупираните територии на квинслингшка Шведска.
Ред 81:
Во април 1944 година, двајца Евреи успеале некако да избегаат од Аушвиц и да пребегнат во [[Чехословачка]]. Едниот од нив, Рудолф Врба, поднел извештај до Папскиот [[Нунциа]] за [[Словачка]], кој пораката ја пренел до [[Ватикан]] кон средината на јуни. Папата Пју XII не го објавил извештајот и не ги осудил масовните убиства врз Евреите од страна на нацистите, туку одлучил да молчи!!!
Во повеќе случаи, некои земји одбивале да го депортираат своето Еврејско население. Данскиот крал [[Кристијан Х]], ги спасил скоро сите 7.500 Евреи со тоа што ги засолнил во [[Шведска]], до каде биле пренесени со рибарски бродови.
 
Исто така бугарската влада, предводена од [[Богдан Филов]], ставена под притисоците на многу политичари како [[Димитар Пешев]], општествени деjци и организации како [[Бугарска Егзархија|Бугарската Егзархиjа]], одбила депортација и ги спасила сите 50.000 Евреи, кои биле бугарски граѓани. Во исто време [[Бугарија]] ги депортирала Евреите од окупираните делови на [[Македонија]] и [[Грција]].
Ред 103:
Во текот на [[1944]] година, [[Хитлер]] почна да доживува бројни порази против здружените [[Сојузнички сили|Сојузници]]. Сепак, организираното убивање на [[Евреи]] продолжило со истото темпо. Во мај, по наредба на [[СС]] полковникот [[Адолф Ајхман]], започна масовната депортација на преостанатите Евреи, при што меѓу [[15 мај]] и [[9 јули]], над 430.000 унгарски Евреи биле депортирани во [[Аушвиц]]. Во тој период, во Аушвиц се достигнувал рекордот во бројката на убиени и кремирани Евреи, над 9.000 на ден! Биле користени шест големи печки за да се палат телата на отруените, а секојдневно бројот на убиените го надминувал капацитетот на крематориумите.
 
Незапирливите трупи на Сојузниците, предводени од [[СССР|советската војска]], на [[24 јули]] [[1944]] го ослободила првиот концентрационен логор во источна [[Полска]] - Мајданек, каде што биле убиени над 360.000 илјади [[Евреи]]. Откако Советската армија наближувала кон [[Аушвиц]], [[Химлер]] наредил целосно уништување на гасните комори. Аушвиц бил заземен од Советите на [[27 јануари]] [[1945]] година, а во меѓувреме таму од студ умреле над милион и половина Евреи, [[Полјаци]], [[Цигани]] и руски затвореници. Западните членки на Сојузниците навлегле на територијата на [[Нацистичка Германија|Германија]] во пролетта 1945 и ги зазеле логорите [[Букенвалд]], [[Берген-Белсен]] и [[Дакау]].
 
На [[30 април]] [[1945]] година, опколен од Советската армија и соочен со пораз, [[Адолф Хитлер]] се верува дека извршил самоубиство. Дотогаш, поголемиот број на европски Евреи биле убиени, од кои 3,5 милиони биле отруени во гасните комори и потоа кремирани, а 1,5 милиони биле стрелани на масовни стрелби или во битките по гетата.
Ред 111:
=== Скоро два милиони жртви на Холокаустот не беа Евреи ===
 
Точната бројка на жртви на холокаустот не може со сигурност да се утврди, но располагајќи со документи кои не биле уништени од нацистите, научниците и аналитичарите, пресметале дека се работи за бројка помеѓу 6 и 7 милиони убиени, отруени и потоа кремирани затвореници од логорите на смртта. Таа бројка вклучува 5-6 милиони Евреи, од кои дури 3 милиони биле полски Евреи, 1.8 милиони полски христијани (бројка која не ги вклучува оние кои се приклучиле во антифашистичките движења и така го загубиле животот и оние кои биле депортирани од Советите во ЦентралнаСредна Азија и [[Сибир]]), околу:
** 300.000 Роми,
** 300.000 лица со физички недостатоци,
Ред 131:
=== Медицински експерименти, генетски испитувања - дел од ужасот на Холокаустот (од биографијата на „доктор“ [[Јозеф Менгеле]]) ===
 
[[Јозеф Менгеле]] (1911-1979), бил германски СС-офицер и доктор во нацистичкиот концентрационен логор [[Аушвиц-Биркенау]]. Бил одговорен за селектирањето на затворениците, одредувајќи кој треба да биде убиен а кој да биде принуден работник, а за вршењето на своите експерименти врз луѓе со "дубиозна научна вредност", [[Јозеф Менгеле|Менгеле]] станал познат како ‘‘Ангел на Смртта‘‘. По завршувањето на војната, тој најпрвин се криел во [[Третиот рајх|Германија]] под лажно име, по што избегал и живеел во [[Јужна Америка]], најпрвин во [[Аргентина]] (до 1959), а потоа во [[Бразил]], каде во "несреќа" се удавува.
 
Во 1931 година, на возраст од 20 години, [[Јозеф Менгеле|Менгеле]] се приклучува кон паравоена организација, која во [[1933]] се приклучува кон Германските СА-сили. На [[НСДАП|Нацистичката партија]] им се приклучува во 1937, а во [[1938]] им се приклучува на СС-силите. Во [[1942]], во борбите на Источниот фронт, тој е ранет и прогласен за воено неспособен. Прогласен е за СС-капетан, добитник на високата награда „[[Железен крст]]“ од I и II класа, како и медалот [[Источен Фронт]]. Во [[1943]] година, на 24 мај, [[Јозеф Менгеле|Менгеле]] е преместен на позиција главен доктор во Аушвиц-Биркенау. За време на неговиот 21 месец престојување во [[Аушвиц]], тој го добива името Ангел на Смртта.
Ред 138:
[[Јозеф Менгеле|Менгеле]] го искористил Аушвиц како можност за продолжување со неговите истражувања во областа на генетиката и расните разлики, користејќи ги затворениците од логорот како предмет за експериментирање. Особено бил заинтересиран за близнаците, кои биле селектирани и сместувани во посебни бараки. Ја изучувал и болеста наречена [[нома]], која особено ги погаѓала ромските деца, со намера да докаже дека одредени болести се јавуваат поради расната инфериорност. [[Јозеф Менгеле|Менгеле]] се интересирал и за психичките абнормални однесувања, како и за генетските пореметувања. Се интересирал и за џуџињата, како што е примерот со романската фамилија Овиц, која броела десет члена, од кои седум биле џуџиња. Експериментите кои Менгеле ги вршел врз сите набројани, се со дубиозна научна вредност, вклучувајќи ја намерата да ја измени бојата на очите во сина, со намера да ја унифицира ‘‘ариевската‘‘ раса, инјектирајќи хемикалии во очите на децата, како и бројни операции на отворен мозок и други брутални операции со стерилизација.
 
Унгарскиот Евреин, доктор Миклос Ницли, кој бил искусен патолог, бил избран за асистент на Менгеле. Оние кои биле избрани за субјекти на експериментите на Менгеле, се сметале дека се спасиле од гасните комори, биле подобро хранети и подобро се однесувале со нив, сè додека не се инфицирале од операциите кои се извршувале над нив и не умреле. Менгеле никогаш не се однесувал кон нив како кон луѓе, туку како кон обични предмети за истражување, нешто како денешните хрчаци. Во повеќе наврати, тој убивал субјекти само да може да ги истражува внатрешните органи.
 
Бројни се сведочењата како на деца од пет-шест годишна возраст, им вбризгувал инјекција, за да по неколку минути тие умрат. Правел и експерименти со вештачко осеменување на девојки, за да во подоцнежниот стадиум на бременоста им предизвика [[абортус]].
Ред 164:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Холокауст| ]]
[[Категорија:Геноцид]]