Александар III Македонски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Стилска исправка, replaced: Централна Азија → Средна Азија, централна Азија → Средна Азија using AWB
Ред 23:
|place of death =[[Вавилон]]
|}}
'''Александар III Македонски''' или „'''Александар Велики'''“ ([[Пела]], [[20 јули|20]]/[[21 јули]] [[356 п.н.е.|356]] – [[Вавилон]], [[10 јуни|10]]/[[11 јуни]] [[323 п.н.е.|323 пр. н.е.]]) — [[Антички Македонци|македонски]] крал од династијата [[Аргеади]], син на [[Филип II Македонски]] и [[Олимпија]], ќерка на молоскиот владетел Неоптолем. [[Римјани|Римјаните]]те му го дале прекарот ''Magnus'', „великиот освојувач на светот“.
 
Бил воспитуван во духот на македонската аристократска традиција. На тринаесетгодишна возраст бил подучуван од [[филозоф]]от [[Аристотел]] во неговото училиште во тогашниот град [[Миеза]] наречено [[Миески нимфеј]], западно од денешното село [[Копаново]], [[Негушко]]. Неговото образование ги опфаќало: [[поезија]]та, [[астрономија]]та, [[геометрија]]та, [[реторика]]та, натпреварите во [[Гимнастика|гимнастички]] вежби, јавањето и [[лов]]от. На шеснаесетгодишна возраст, Филип му го доверил управувањето над [[Античка Македонија|Македонија]], додека тој била во поход против [[Византион]]. Првиот поход на Александар бил против [[Мајди]]те, [[племе]] во горниот тек реката [[Стримон]], кога ја извојувал првата воена победа и го основал град под името Александрополис, прв од многуте кои подоцна ги подигнал. На осумнаесетгодишна возраст учествувал во славната [[Битка кај Херонеја (338 пр. н.е.)|битка кај Хајронеја]], заедно со својот татко Филип, кога здружените сили на [[ Грци|Хелените]] биле разбиени. По убиството на Филип, Македонското собрание го прогласило за владетел на [[Македонија]]. Како македонски [[крал]], неговата прва воена акција била насочена против хеленските полиси кои се обиделе да ја отфрлал македонската власт. Александар ги принудил да го потврдат [[Корински договор|Коринскиот договор]], според кој тој ја наследува титулата ''Хегемон на Хелените''. Во [[335 п.н.е.]], ги поразил [[Трибали|Трибалите]]те и нивните сојузници [[Гети|Гетите]]те и преку илирската територија се спушил во Хелада, каде што започнало ново востание насочено против македонската власт, потикнато од [[Демостен]], со центар во [[Теба]]. Александар ги поразил [[Теба (Грција)|Тебанците]] и ја принудил [[Атина]] да го прифати понудениот мировен договор.
 
Во [[334 п.н.е.]], со 40.000 војници го започнал својот против [[Персија]] и навлегол во [[Мала Азија]] преку Хелеспонт, кај Сест. Првиот судир со персиската војска се случил кај реката Граник на Пропонтида. По победата, Александар продолжил со својот пробив. Градот Сард се предал без борба, а во градовите во Ајолида и Јонија, меѓу кој бил и [[Ефес]], го пречекале како ослободители. Единствено [[Милет]] и Халикарнас се спротиставиле. По овие освојувања ја поделил војската на два дела, едниот дел на чело со Парменион заминал во Сард каде што требало да презими, а другиот дел тргнал во поход преку Карија, Ликија и Памфилија, освојувајќи ги сите градови и тврдини. Во [[333 п.н.е.]], во Гордион, престолнината на [[Бриги|фригиските]] кралеви (Гордиј и Мида), се собрала целата војска. Тука, според една легенда, Александар го пресекол со меч неразврзливиот гордиев јазол, со што го исполнува пророштвото дека ќе загосподари со [[Азија]]. Во освоените територии најчесто го задржувал постојниот административен систем: сатрапиите – основни административни единици на чело со сатрапи, а најчесто [[Персијци|Персијците]]те, ја имале цивилната и воената власт, освен во [[Лидија]], каде што бил поставен Македонец. Финансиската власт ја раководеле Македонци, а македонската војска ја контролира освоената територија.
 
Првата битка со ''големиот крал'' (крал на кралевите) [[Дариј III]] се случила [[битка кај Ис|кај Ис]] во [[333 п.н.е.]], каде што Александар со својата војска победил, а Дариј избегал од бојното поле. Во [[Феникија]] ги освоил градовите [[Тир (град)|Тир]] и [[Газа (град)|Газа]]. Во [[Египет]] бил дочекан како ослободител и бил прогласен за [[фараон]]. Во градот [[Мемфис (Египет)|Мемфис]], египетските [[Свештенство|свештеници]] му ја предале двојната круна на египетските фарони. Во 331 п.н.е, на делтата на реката [[Нил]] го основал градот [[Александрија]]. Преку [[Сирија]], навлегол во северна [[Месопотамија]]. Во 331 п.н.е во [[битката кај Гавгамела]] извојувал победа против бројна персиска војска. По победата, се прогласил за крал на Азија и влегол во градот [[Вавилон]], еден од главните центри на [[Персиско царство|Персиското царство]]. Отаму, продолжил кон срцето на Персија и ја освоил [[Суза]], втората престолнина на персиската држава, а набргу во негови раце се нашол и градот Екбатана. Неговата потера на персискиот крал Дариј завршила во Хекантопил, каде што било пронајдено телото на Дариј Кодоман (бил убиен од персисикиот сатрап Бес). По закопувањето на Дариј, со сите кралски почести, Александар како персиски крал се упатил на север кон Хирканија и Партија, области на југ од [[Касписко Море|Каспиското Море]]. Во периодот помеѓу 330 – 327 п.н.е, Александар престојувал во Бактрија и Согдијана. Во Бактрија во 327 п.н.е, се оженил со иранката Роксана, која подоцна го родила неговиот син Александар. Во походот во [[Индија]], кај реката Хидасп во 326 п.н.е, Александар ја водел својата последната битка против Пор, кралот на Пенџап. По големата победа над овој индиски владетел, ги присоединилземјите од оваа страна на [[Инд]] кон својата империја. На местото на битката кај Хидасп, Александар го основал градот Никаи (Победа), а во близина подигнал уште еден град, наречен Букефала, во чест на неговиот коњ [[Букефал]]. На бреговите на реката Хифаст подигнал дванаесет жртвеници на [[бог]]овите и столб на кој пишувало „Овде застанал Александар“.
Ред 37:
== Детство ==
[[Податотека:Alexander-Statue-Skopje.jpg|250px|мини|десно|Споменикот на Александар на плоштадот во Скопје]]
Александар се родил од бракот на [[Филип II Македонски|Филип]] со [[епир]]ската принцеза [[Олимпија]] во 356 п.н.е. на почетокот на месецот [[хекатомбајон]] кој [[Македонци]]те го нарекувале [[лоос]] и тоа во шестиот ден, кога во [[Ефес]] е запален и храмот на [[Артемида]]. Плутарх наведува дека неговото раѓање им било претскажано на Филип и Олимпија. Имено, Олимпија сонувала дека еден гром удрил во нејзиното тело и целата ја запалил. Разбирливо, нејзиниот мистичен ум веднаш го поврзал громот со Зевс (Зевс-Амон, Зевс-Најос) и истиот го сметала како израз на личниот интерес на овој бог-заштитник за нејзиното семејство и нејзината идна плодност. Филип пак, сонувал сон во кој ја запечатил утробата на Олимпија со еден печат на кој имало отпечаток со лав. Кога му ги раскажале соништата на дворскиот пророк Аристандар од Телмес, тој веднаш заклучил дека Олимпија е бремена и носи дете кое ќе има лавовски карактер. Истиот ден кога се му се родил првиот син, кај Филип стигнале гласници кои го известиле за победата над [[Илири]]те и за победата на неговиот коњ на [[Олимписки трки|Олимписките трки]].
 
Посебните особини кои Александар ги покажувал од мал ја оправдале надежта на Филип дека во неговиот син се наоѓа посакуваниот наследник. Александар во него ги споил многуте карактерни црти од обата свои родители. Од неговата мајка, темпераментна жена подложна на мистицизмот, ја наследил страсната и помалку тврдоглава личност, ирационален копнеж за непознатото и верба во посебна [[херој]]ска слава. Од татко си ја презел нескротливата волја и енергија, нескротилив карактер, храброст, слава, војнички дар и извонредно практичен дух. Неговата мајка му била поблиска по душа и влијанието на оваа жена оставила неизбришлива трага врз него. Татковиот пак, дипломатски, војнички и политички успех го поттикнало неговото честољубие и ги разгорил неговите соништа за водство и слава. Кај [[Плутарх]] се спомнува дека „Александар не сакал да го добие од својот татко златото, раскошот и уживањето, туку го сакал кралството кое ќе му пружи можност за борби, војни и дела полни со чест и слава”.
Ред 53:
== Доаѓање на власт ==
 
Александар станал крал на Македонија во [[336 п.н.е.]], на дваесетгодишна возраст, по убиството на неговиот татко [[Филип II Македонски|Филип II]]. Грчките градови како Атина и Теба, кои морале да му се покоруваат на Филип, виделе можност да си ја повратат целосната независност во доаѓањето на младиот крал. Александар на тоа брзо се спротивставил и Теба, која била најактивна против него, веднаш се предала кога тој со својата војска се појавил пред нејзините порти. По ова, грчките градови, на собирот кај [[Коринтски Провлак|Коринтскиот Провлак]], со исклучок на Спартанците, го избрале за командант против Персија, како што претходно бил и татко му Филип.
 
Следната година (335 п.н.е.) Александар ги нападнал Тракијците и Илирите за да ја обезбеди северната граница на Македонија до [[Дунав]]. Додека тој победнички војувал на север, Тебанците и Атињаните повторно се побуниле. Александар реагирал веднаш и сурово: Теба, која давала најсилен отпор, била освоена со големо крвопролевање, градот бил разурнат, а неговата територија разделена меѓу останатите беотијски градови. Тебанците биле продадени во ропство, а само свештениците, потомците на поетот [[Пиндар]], и приврзаниците на Македонија биле поштедени.
Ред 62:
=== Падот на Персија ===
 
Армијата на Александар ги минала [[Дарданели]]те со околу 42.000 војници од Македонија, разни грчки градови-држави, како и платеници и пратеници од [[Тракија]], [[Пајонија]] и [[Илирија]]. По почетната победа против персиските сили во [[Битка кај Граник|битката кај Граник]], Александар го прифатил предавањето на провинциската престолнина и богатствата на градот [[Сардис]], и продолжил по Јонското крајбрежје. Кај Халикарнас (денес [[Бодрум]] во Турција) Александар успешно ја спровел првата од многуте опсади, принудувајќи ги своите противници - платеничкиот капетан Мемнон од Родос и Оронтобатес, персискиот сатрап од Карија, да се повлечат преку морето. Александар ја препуштил Карија на Ада, која била владетел на Карија пред да биде сменета од нејзиниот брат Пиксодарус. Од Халикарнас Александар продолжил во планинската Ликија и Памфилијската рамнина (близу денешна [[Анталија]], Турција), преземајќи контрола над сите крајбрежни градови. Од Памфилија натаму, брегот немал позначајни пристаништа и затоа Александар продолжил кон копното. Кај Термес Александар го покорил, но не го нападнал Писидијскиот град. Во античкиот град Гордиум, Александар го одврзал дотогаш нерешливиот [[Гордиев јазол]], загатка која според легендите била решлива само од идниот „крал на Азија“. Според една од приказните, тој едноставно го пресекол јазолот со сабјата. Според друга, го одврзал така што го извадил делот од двоколката околу кој бил врзан.
 
Армијата на Александар ги минала Цилицијските порти, ја сретнала и поразила главната персиска војска под команда на [[Дариј III]] во [[Битка кај Ис|битката кај Ис]] (денес во Турција, на границата со [[Сирија]]) во ноември [[333 п.н.е.]] Дариј бил принуден да побегне од битката откако неговата армија се распаднала, и бегајќи ги напуштил сопругата, две ќерки, мајка му [[Сисигамбa]] и непроценлива количина на богатство. Подоцна, тој му понудил мир на Александар, предавање на сите земји кои овој веќе ги освоил и откуп од 10.000 таленти за своето семејство. Александар му одговорил дека бидејќи сега е тој крал на Азија, тој ќе решава за поделбата на земјата. Продолжувајќи по брегот на Средоземното Море ги освоил градовите [[Опсада на Тир|Тир]] (во денешен [[Либан]]) и [[Газа]] по познатите опсади.
 
[[Податотека:Battle of Issus mosaic - Museo Archeologico Nazionale - Naples.jpg|thumb|''Мозаик со Александар кој ја прикажува битката кај Ис'', најден во Куќата на Фаун, [[Помпеја]]]]
 
Во [[332 п.н.е.]] Александар се обидел да ја освои [[Нубија]], но наишол на силна воена формација предводена од кралицата Кандас, па решил да ги упати своите [[Поход на Египет|сили кон Египет]]. Во таа 332 и следнатa 331 година, Александар бил добредојден како ослободител на Египет, кој до тогаш бил окупиран од Персија. Бил прогласен за син на [[Амон]] (египетски бог на сонцето, грчки: Зевс) од египетските свештеници во пророчиштето во оазата Шива во Либијската пустина. Оттогаш, Александар често се повикувал на Амон-Зевс како на свој татко, а неговата слика на кованите пари била со биковски рогови како симбол на божественоста. Ја основал [[Александрија]] во Египет, која подоцна, по неговата смрт, станала напреден главен град на [[Птоломејска династија|Птолoмејската династија]].
 
Напуштајќи го Египет, Александар продолжил кон Асирија и на [[1 октомври]] [[331 п.н.е.]] го победил Дариј уште еднаш во [Битка кај Гавгамела|битката кај Гавгамела] (веројатно близу до [[Мосул]], денешен Ирак). Повторно Дариј бил принуден да побегне од бојното поле, но овојпат Александар го следел до Арбела, откаде овој пребегнал во Екбатана (денешен Иран).
 
Потоа Александар тргнал кон [[Вавилон]]. Од Вавилон, Александар се упатил во [[Суса]], еден од главните градови на Персија, и го освоил неговото легендарно богатство. Испраќајќи ја главнината од својата војска кон главниот град на Персија [[Персеполис]], Александар ги нападнал и освоил Портите на Персија (денес планината Загрос), а потоа побрзал кон Персеполис пред неговата војска да го опљачка богатството на градот. За време на нивниот претстој во градот, избил пожар во палатата на [[Ксеркс]] и се проширил низ остатокот од градот.
 
По освојувањето на Персеполис, Александар ја продолжил потерата по Дариј. До тогаш, персискиот крал веќе бил заробен од [[Бесус]], неговиот бактријски сатрап и сонародник. Додека Александар наближувал, Бесус наредил да го убијат Дариј, а потоа, прогласувајќи се за негов наследник под името Артаксеркс 5, се повлекол во централнаСредна Азија од каде организирал герилски напади против Александар. Со смртта на Дариј, Александар ја прогласил одмазничката војна за завршена, и ги ослободил своите грчки и други сојузници од својата војска, но им дозволил на доброволците да останат како платеници.
 
Неговата понатамошна тригодишна воена кампања, прво против Бесус, а потоа и против Спитамен, сатрап од Согдијана, го одвела Александар низ повеќе делови на денешен [[Авганистан]] и [[Таџикистан]]. Притоа, формирал повеќе градови со името Александрија, од кои некои постојат и денес, на пример [[Кандахар]] во Авганистан и [[Хуџанат]] во Таџикистан. Во тие походи, неговите противници биле поразени: Бесус во 329, а Спитамен во 328 г.п.н.е.
Ред 80:
=== Походот на Индија ===
[[Податотека:AlexanderConquestsInIndia.jpg|thumb|250px|Воена кампања и движење на Александар во неговиот поход на Индија.]]
После смрта на [[Спитамена]] и бракот со [[Роксана]] (Рошанак на бактриски), Александар ги зацврстува своите нови позиции во ЦентралнаСредна Азија. Во [[326 п.н.е.]] Александар конечно е подготвен да се посвети на освојувањето на Индија. Александар ги повикува сите водачи на племињата од [[Гандара]], територија на север од денешен [[Пакистан]], да му се покорат и да тргнат со него. [[Амби]], владетелот на [[Таџила]], чие кралство се простирало од [[Инд]] до [[Џелам]], така и направил. Но водачите на некои кланови, како например [[Асапсиос]] и [[Асакеноис]], познати во индиските текстови како [[Ашвајани]] и [[Ашвакајани]] (имињата асоцираат на природата на нивните заедници, на [[санскритски јазик]] Ашва значи коњ), одбиле да се покорат.
 
Александар лично ја преземал командата над штитоносците, пешадијата, стрелците, Агријанците и коњаниците, и со нив тргнал во напад на кланот Аспасиос во долините [[Алишанг]] и [[Гуреа]], како и на кланот Асакеноис во долините [[Сват]] и [[Бунер]]. Според современите историчари, било доста тешко за Александар да ги покори овие племиња, меѓу кои племињата [[Масага]] и [[Аорну]] дале силен отпор. Посебно драматични биле борбите со кланот Аспасиос, во кои Александар бил ранет во рамото со копје, но сепак кланот ја загубил битката. 40.000 воини биле заробени.
Ред 110:
Патувајќи кон [[Суса]], Александар открил дека многу од неговите сатрапи и воени управници лошо се однесувале во негово отсyство и казнил со смрт извесен број од нив за пример. Во знак на благодарност, ги платил долговите кон војниците и објавил дека ќе ги испрати постарите и осакатените ветерани назад во Македонија под водство на Кратер. И покрај тоа, војската се побунила во градот Опис, одбивајќи да биде испратена назад и критикувајќи ги неговите новоусвоени персиски обичаи, како и воведувањето на персиски офицери и војници во војската. Александар ги погубил водачите на бунтот. Во обид да воспостави трајна слога помеѓу македонските и персиските граѓани, организирал и масовна венчавка помеѓу македонските офицери и персиските и други благороднички од Суса, но изгледа мал број од тие бракови траеле повеќе од една година.
 
Неговите обиди да ги обедини македонската и персиската култура вклучувале и македонска воена обука за персиските момчиња. Повеќето историчари веруваат дека Александар ја усвоил и титулата Шаханшаш (што значи „Крал на кралевите“).
 
Се мисли и дека Александар сакал да го освои и присоедини и [[Арапскиот Полуостров]], но оваа теорија не е потврдена. Се претпоставувало и дека Александар може да се упати на запад и да ги нападне [[Картагина]] и [[Италија]].
 
По патувањето во Екбатана за да го преземе најголемиот дел од персиското богатство, неговиот најдобар пријател, и веројатно љубовник, [[Хефестион]] умрел од болест, или можеби од труење. Александар тагувал по умрениот пријател 6 месеци.
Ред 120:
 
Непосредно пред неговата смрт, неговите генерали го запрашале кој треба да го наследи неговото царство. Бидејќи Александар немал очигледен и легитимен наследник (неговиот син [[Александар IV]] ќе се роди после неговата смрт, а неговиот претходен син бил роден од страна на негова конкубина, не жена), тоа било прашање од голема важност. Постојат повеќе дебати за тоа што им одговорил Александар на своите генерали. Некои веруваат дека Александар рекол, „Кратисто“ (што значи „на најсилниот“) или „Крат'ерои“ (на силниот).
Од сите историски извори, античкиот историчар [[Диодор Сицилиски]] дава најдетален опис на погребната кола и на целата погребна церемонија на Александар Македонски:
 
:„Првин со чекан направиле златен ковчег, според големината на телото (на Александар); него до половина го исполниле со миризливи материи, за да шири пријатна миризба и да го сочува телото од распаѓање; Над ковчегот поставиле златен капак, така точно прилагоден, што ја опкружувал целата надворешна страна (на ковчегот). Над сето ова префрлиле порфирана прекривка, прекрасно извезена со злато; околу неа се наоѓало оружјето на починатиот, со што се давал увид во делата што тој ги извршил. Потоа довлекле кола, на којашто требало да се пренесува телото; на горниот дел од колата се наоѓала златна сводеста “одаја“, направена од скапоцени камења; таа била долга осум а широка десет лакти. Под врвот на сводот од одајата се наоѓал квадратен златен трон, на кој биле претставени глави од “трагелафи“ во величина од две дланки; на прстени, како украс биле прицврстени разнобојни венчиња, како цветови; На врвот имало мрежеста завеса, на која виселе огромни ѕвонци, за да може од далеку да се слушне дека колата се наближува;На аглите од сводот, на секоја страна стоела Победа, со трофеј во рацете; Сводот бил држен од златен перистил со јонски капители; внатре во перистолот, се наоѓала златна мрежа, со дебелина од еден прст, над којашто паралелно биле поставени по четири плочи, на коишто имало претставени фигури; овие плочи биле еднакви по величина со ѕидовите на “гробната одаја“. На првата плоча се гледа колесница, богато изработена од метал; на неа седи Александар со убав жезол во раката; околу кралот под оружје врви Македонската гарда и Персијци, наречени “мелифори“; пред нив оделе војници, што го носеле оружјето; На втората плоча била претставена колона слонови, украсени според воениот обичај; на нив, на чело јавале Инди, а одзади Македонци, со нивното вообичаено оружје; На третата плоча се гледаат коњичките чети, коишто прикажуваат како се развива една битка; На четвртата плоча се претствени кораби, подредени за битка; На влезот од оваа “одаја“ се наоѓале златни лавови, коишто како да гледале во оние, што влегуваат внатре; Од средината на секој столб нагоре, се до капителите се издигал златен акант; Над “сводестата одаја“ над средината на сводот, на отворено бил прострен порфилен килим, на којшто била положена голема златна круна со маслинови гранчиња; кога сонцето со своите зраци ќе ја допрело, создавале молскава и треперлива светлина, така што одвреме, навреме, како да предизвикувала молњи; Од страните на колата, над којашто се наоѓала целата оваа градба, стрчеле по две оски, на коишто се вртеле четири персиски тркала, чиишто пречки биле позлатени; само оној дел од тркалата, што допирал до земјата, бил железен; Крајните делови на оските, што стрчеле биле од злато и на нив имало златни лавовски глави, чиишто усти држеле копје; Околу средината на должината на колата, во средишниот дел на “одајата“, се наоѓала механичка оска, којашто, на сета оваа градба и давала рамнотежа, за да може колата да се движи без нишање и на нерамни места; Имало четири процепа; на секој од нив бил прицврстен четворен ред јарем; на секој јарем јарем биле врзани по четири мазги, такашто вкупниот број на мазгите бил шеесет и четири; тие биле највнимателно одбрани според големината и силата. Секоја мазга на главата имала позлатена круна, од двете страни на устата им виселе по две ѕвона; околу вратот имале ѓердани од скапоцени камења.“
Ред 139:
[[File:Alexander1256.jpg|thumb|Статуа на Александар во [[Археолошки музеј во Истанбул|Истанбулскиот археолошки музеј]]]]
 
По смртта на Александар Македонски, дошло од кавги за престолот на империјата по што избувнуваат низа на војни на дијадосите, кои доведуваат до формирање на неколку стабилни империи:
 
* [[Птоломејската династија]] ќе го преземе Египет,
* [[Антигонидската династија]] - Македонија и Грција, и
* [[Селевкидската династија]] - [[Близок Исток|Блискиот Исток]].
 
==Личен живот==
Ред 161:
Александар Македонски постои како митска личност во [[Митологија|митовите]] на многу европски, азиски и африкански народи.
 
Мислењата за Александар Македонски се поделени. Од една страна, според Монтескје, Александар не е освојувач од римски тип, кој освојува за да уништи, туку напротив, тој е војсководец кој освојува за сè да сочува; и тој не одел во војните само за да покорува, туку за да ослободува.<ref name="Laguna 2018">Јован Дучић, ''Благо Цара Радована'' (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 326.</ref> Од друга страна, за него постојат и негативни коментари од некои значајни личности: така, поетот [[Лукан]] го нарекувал Александар Македонски „среќниот пљачкаш“ (''felix praedo''), додека [[Сенека]] го нарекувал „лудиот Александар“<ref>Јован Дучић, ''Благо Цара Радована'' (друго издање). Београд: name="Laguna, 2018, стр. 326.<"/ref> и „разбојник и пустошник на народите“ (''latro gentiumgue vastator'').<ref>Dante Aligijeri, ''Pakao''. Beograd: Rad, 1961, стр. 72.</ref> Исто така, во својата поема „Áladerrida“, полскиот поет [[Тадеуш Ружевич]] пишува дека Александар Велики повеќе бил „parvus“ (мал) отколку „magnus“ (голем).<ref>Tadeuš Ruževič, ''Izabrane pesme''. Beograd: Treći trg / Čigoja štampa, 2013, стр. 323.</ref>
 
==Александар Македонски како тема во уметноста и во популарната култура==
Ред 205:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Александар III Македонски| ]]
[[Категорија:Кралеви на Кралството Македонија]]