Стар век: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична Исправка, replaced: Римската империја → Римското Царство (8) using AWB
с →‎Персија: Стилска исправка, replaced: Централна Азија → Средна Азија using AWB
Ред 202:
|accessdate=
|language=en
|quote=Етнонимите како „Арапски“ (Arbāyu), „Медејски“ (Mādāyu), „Египетски“ (Muşurāyu) и „Урарски“ (Urarţāyu) се од доцниот осми век п.н.е. наваму, и ги носат Асиризирани влијателни луѓе на високи позиции.}}</ref> . Следните два века, Персијците и Медејците повремено биле притока на Асирците. Регионот на Перс бил анектиран од [[Саргон I]] од [[Асирија]] околу [[719 п.н.е.]] Конечно Медејците дошле до формирање на свое царство, а Персијците им биле потчинети. Најголем расцут на империјата медеите имале во времето на [[Кир Велики]]. Околу [[653 п.н.е.]] Медејците потпаднале под власта на Скитите и Теспес, синот на Ахеменед, веројатно ги повел номадските [[Персијци]] да се населат во [[јужен Иран]] во ова време и така ја воспоставил првата организирана Персиска држава. [[Цирус II Велики]] ги обединил раситнетите групи околу [[559 п.н.е.]] Во тоа време Персијците сѐ уште биле дел од [[Медејско царство|Медејското царство]] управувано од Астиагес. Во [[550 п.н.е.]] Цирус ги обединил Персијците и го поразил Астиагес, и со тоа [[Персија]] стекнала контрола врз [[Медеја]]. Во следните години, Цирус ја освоил [[Лидија (град)|Лидија]] во [[Мала Азија]], ја проширил територијата во [[ЦентралнаСредна Азија]], и конечно го освоил [[Вавилон]] во [[539 п.н.е.]]
 
Синот на Цирус, [[Камбис II]], го анектирал [[Египет]] кон [[Ахеменидска империја|Ахеменидското царство]]. Царството достигнало најголема експанзија под водство на [[Дариј I]]. Тој ги предводел освојувачките војски по долината на реката [[Инд]], и во [[Тракија]] во [[Европа]]. Предводел и казнена експедиција против грчките градови која запрела со [[Битка кај Маратон|Битката кај Маратон]]. Неговиот син Ксеркс имал успеси и со Битката кај Термопилите, но потоа ја загубил поморската моќ по [[Битка кај Саламис|Битката кај Саламис]] и ја повлекол главнината од своите сили од [[Грција]]. Преостанатите конечно биле победени во [[479 п.н.е.]] [[Дариј I]] го поделил царството на 23 сатрапии (покраини) раководени од сатрапи, вовел даночен систем за покраините, го презел асирискиот поштенски систем и го доразвил, исто така развил сопствена шпионска мрежа. Покрај тоа, го подобрил Кралскиот Пат (патот од Суса во Персија до Сардија во Мала Азија, на брегот на Средоземното Море, долг 2700 км) и со тоа ги поврзал краевите на царството. Ахеменидското царство ги обединило народите и кралствата од сите поголеми цивилизации од тоа време во [[Југозападна Азија]] и [[Североисточна Африка]].
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Стар_век