Александар Лурија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с (GR) File renamed: File:Luria.jpgFile:Alexander Luria.jpg this is not Salvador Luria
с Стилска исправка, replaced: централна Азија → Средна Азија using AWB
Ред 12:
|citizenship =
|nationality =
|ethnicity = [[Евреи|Евреин]]н
|fields = [[психологија]]<br />[[невропсихологија]]
|workplaces =
Ред 40:
 
== Културни експедиции ==
Во двете лета 1931 и 1932 година, Лурија организирал две психолошки експедиции во [[централнаСредна Азија]] во обид да најде понатамошна поддршка на културно-историската теорија. Истражувањето било планирано да вклучи повеќе познати научници вклучувајќи го и [[Виготски]] кој, за жал, бил премногу болен за да им се придружи во патувањата. Целта на истражувањата била да го проучува влијанието на културната и социјалната средина врз развојот на психолошките процеси во време кога во селата во [[Узбекистан]] и [[Киргистан]] се одвиваат брзи социјални промени. Поконкретно, истражувачите се интересирале за промените во перцепцијата решавањето проблеми и меморијата и нивната поврзаност со историските промени во економската активност и школувањето. Биле спроведени и бројни природни експерименти со писмени и неписмени луѓе. Научниците користеле опсервациски и клинички методи за да ја тестират нивната хипотеза дека структурата на човековите когнитивни процеси се разликува во зависност од начинот на живот на различните социјални групи. Откриле дека кај луѓето во чиишто животи доминираат конкретни, практични активности имаат различен начин на размислување од лужето во чиишто животи се бара абстрактен, вербален и теоретски приод кон реалноста. И покрај некои проблеми во интерпретирањето на податоците, истражувачите заклучиле дека културните фактори влијаат на менталните процеси и дека овие разлики исчезнуваат како што луѓето се изложуваат на поиндустриализирани ситуации. За жал, резултатите од овие културни истражувања не биле целосно анализирани или веднаш објавени, бидејќи сталиновата влада ги сметала таквите студии расистички. Дури по 40 години, записите од Лурија се објавени во книга.
 
По смртта на Виготски во 1934, Лурија се вратил во [[Москва]] каде се приклучил на Медико-Генетичкиот институт и го проучувал психолошкиот развој кај близнаците фокусирајќи се на релативниот придонес на биолошките и социјалните детерминанти во когницијата. Овие истражувања ги продолѓил се до 1936, кога ваквиот тип истражувања биле прогласени за илегални од страна на владата. Тогаш тој го одбранил својот труд за комбинираниот моторен метод како докторска теза во [[Тбилиси]] и повторно го продолжил школувањето во медицинското училиште кадешто во 1937 година дипломирал како лекар. Со тоа, Лурија станал еден од најмладите лекари и психолози во земјата.
Ред 47:
Во годините пред Втората светска војна, Лурија главно работел на полето на [[невропсихологија]]та во невролошката клиника при Државниот институт за експериментална медицина. Работејќи со најразлични невролошки и неврохируршки случаи, Лурија прво го развил својот личен, креативен, детективски пристап кон невролошките дијагнози кој вклучува трагање по оштетените психолошки способности во рамки на функционалните психолошки системи. Пристапот на Лурија кон невропсихолошките дијагнози бил квалитативен по природа и користел мноштво ‘едноставни’ задачи за пациентот сè додека не се идентификувал некој заеднички дефектен когнитивен фактор кој укажувал на оштетениот церебрален регион. Доста го заинтересирала и церебралната организација на говорните механизми како и ефектите од афазијата врз волевите дејства.
 
Како што војната напредувала, Лурија бил повикан да организира рехабилитациона болница во јужен [[Урал]]. Реновираниот [[санаториум]] се претворил во специјализирана рехабилитациона установа за војниците кои се опоравувале од дисфункциите предизвикани од мозочните повреди. Напоредно со медицинскиот и рехабилитациониот третман кој го добивале таму, Лурија особено се интересирал за рехабилитација на менталните активности кај пациентите со локализирано мозочно оштетување и ја применувал неговата теорија за динамска, системска локализација на вишите психолошки функции. Наспроти тесните локализационистички и неспецифични еквипотенционалистички теории за церебрална организација, системската теорија на Лурија тврдела дека вишите ментални функции треба да се поимаат како функционални системи на различни мозочни региони кои работат заедно со цел да се извршат социјално детерминираните активности. Лурија бил еден од првите психолози во светот кој се обидел да ги интегрира водечките невропсихолошки гледишта и многу го сметаат за основач на невропсихологијата во [[Советскиот Сојуз]]. На крајот од војната, Лурија се вратил во неврохируршкиот институт Бурденко и почнал да држи часови на московскиот државен универзитет со кој бил во близок контакт до крајот на својот живот.
 
Заедничата сесија на Академијата на медицински науки и Академијата на науките која се одржала во Москва во 1950 година, резултирала со прекин на неговата невропсихолошка работа и затворање на неговата лабораторија на неврохируршкиот институт. Средбата претставувала идеолошки пораз на Советските биолошки и медицински науки, освен оние базирани на принципите на Павлов, и го натерала Лурија да најде прибежиште во пониска позиција на Институтот по дефектологија при Руската Федеративна Академија по Педагошки Науки. Во ваквата тешка политичка клима, било неопходно тој да направи измени во природата на своите истражувања. Се вратил кон користење на комбинираниот моторен метод и го применил во проучување на развојот на вербалната регулација кај нормални деца и деца со ментална ретардација. Врз основа на претходната работа иницирана со Виготски, продолжил да ја проучува онтогенезата на регулаторните функции кај усниот и пишаниот говор. Лурија ги модификувал своите клинички методи и креирал дијагностички тестови и методи за едукациски инструкции со овие деца.
 
Во 1959 година, лабораторијата во Неврохируршкиот институт Бурденко била повторно отворена и му било дозволено да продолжи со истражувањата во невропсихологијата. Во преостанатите 18 години од неговиот живот, лабораторијата на Лурија ќе стане водечка невропсихолошка институтција во Советскиот Сојуз. Покрај неговата клиничка активност и растечките одговорности како предавач на Московскиот Државен Универзитет. Лурија продолжил да ги развива и проширува своите идеи за церебралната организација на психолошките процеси. Особено го интересирала анализата на говорните и јазичните нарушувања и спровел истражувања за афазијата и невролингвистиката, регулаторната улога на говорот и јазикот во работата на предната поливина и дијагностицирање на локалните мозочни повреди - теми кои го интересирале уште во пораните години.
Ред 61:
Во втората студија ''Човекот со поклопен ум'' го опишал младиот војник Засетски. Тој имал повреда од пиштол во левата хемисфера која прдизвикала оштетување на многу виши когнитивни способности што изискувало од Засетски да преучува многу од овие способности со цел да ги компензира оние изгубените обидувајќи се повторно да живее нормален живот. Цели 25 години, користејќи го пишувањето како единствен начин на изразување, Лурија му помогнал на Засетски да ја врати меморија и контактот со реалноста. Овие два случаи го илустрираат интересот на Лурија да развие личносно-насочена психологија која би ја синтетизирала класичната и романтичната наука.
 
Поодоцна во животот Лурија добива бројни награди и признанија како во Советскиот Сојуз така и меѓународно. Долги години останал професор по психологија и претседател по невропсихологија на Московскиот Државен Универзитет и имал долга соработка со Неврохируршкиот Институт Бурденко каде бил директор на невропсихолошката лабораторија.
 
== Приватен живот ==
Ред 82:
* [http://marxists.org/archive/luria/index.htm ''Архива за A.Р. Лурија''] {{en}}
* [http://luria.ucsd.edu/ ''Компаративно човечко однесување - A.Р. Лурија''] {{en}}
 
 
{{Нормативна контрола}}