Брз трамвај: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: Познан → Познањ using AWB
с →‎Брзите трамваи низ светот: Стилска исправка, replaced: Централна Европа → Средна Европа using AWB
Ред 48:
Концепцијата на брзите трамваи и предностите кои произлегуваат од истата одамна е оценета од страна на брјони градови ширум светот, но во последната деценија овој тренд е дополнително засилен заради поголемата еколошка освестеност на граѓаните и побрзата динамика на живот која ја налага денешното секојдневие.
Брзите трамваи се масовно распространети низ градовите во САД, каде системот се нарекува light rail. Лос Анџелес, Бостон, Портланд, Сан Диего и Хјустон се само дел од градовите во кои брзите трамваи се главниот столб на јавниот градски транспорт. Множество градови во Азија исто така го имаат воведено овој систем, при што пионери во областа се Манила и голем број руски градови.
Во Европа ваквите системи се применуваат во десетици градови ширум континентот, особено во Западна и ЦентралнаСредна Европа. Познати и значајни примери се оние во Германија, Британија (Лондон, Манчестер, Бирмингем), Шпанија (Севиља, Малага, Билбао, Барселона), Полска (Краков и Познањ), и Чешка (Прага и Брно), Словачка (Братислава и Кошице).
Во нашиот поширок регион брзите трамваи стануваат се почест начин за јавен градски превоз. Така главниот град на Романија веќе има целосно независна линија на брз трамвај (линија 41),редица градови во Турција (Газиантеп, Кајзери, Самсун, Коња, Ескишехир и Анталија), како и во Атина. Изградба на првата линија на брз трамвај во Софија започнува во 2013 година, а за воведување на ваквиот еколошки систем за јавен градски транспорт размислуваат и во Пловдив и Варна.