Втора светска војна: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознаки: Мобилно уредување Уредување од мобилен извршник Уредување од прилогот за Андроид
с Стилска исправка, replaced: централна Европа → Средна Европа using AWB
Ред 1:
{{WW2InfoBox}}
'''Втора светска војна''' {{--}} глобален вооружен конфликт што почнал на [[7 јули]] [[1937]] година во [[Азија]] и на [[1 септември]] [[1939]]<ref>Определената дата за тоа кога започнала Втората светска војна има условен карактер и се оспорува со неколку истражувања, на пример:[http://www.argumenti.ru/publications/6683 ''Кога започна Втората светска?''], Валентин Фалин, ''Аргументы недели'' 18(104) од 7 мај 2008 г., </ref> во [[Европа]] и траел до 8 мај 1945 во Европа со капитулацијата на Германија, а до [[2 септември]] [[1945]] во Азија со капитулацијата на [[Јапонија]]. Втората светска војна ги зафатила мнозинството на земји во светот на секој населен [[континент]]. Речиси сите земји што биле вклучени во [[Прва светска војна|Првата светска војна]] биле инволвирани и во Втората светска војна. Таа е најголемиот и најскапиот [[војна|вооружен конфликт]] во светската [[историја]].
 
Причините за војната, кои најчесто се припишуваат на [[Версајски договор|Версајскиот договор]], [[Големата криза од 1929]], [[национализам|национализмот]] и [[милитаризам|милитаризмот]], се предмет на дебати. На кој датум војната започнала е исто така предмет на расправа, најчесто се смета дека таа официјално започнала со [[Германија|германската]] инвазија на [[Полска]] на [[1 септември]] [[1939]], но исто така се наведуваат и други датуми - [[Јапонија|јапонската]] инвазија на [[Кина]] на [[7 јули]] [[1937]] (почетокот на [[Втора Кинеско-јапонска војна|Втората Кинеско-јапонска војна]]), или уште порано - во [[1931]] со јапонската инвазија на [[Манџурија]]. Некои, пак, сметаат дека Првата и Втората светска војна се еден конфликт раздвоен само со "[[прекин на огнот]]".
Ред 6:
Борби се воделе низ [[Атлантски Океан|Атлантскиот Океан]], [[Западна Европа|Западна]] и [[Источна Европа]], [[Средоземно Море]] или Медитеранот , [[Африка]], [[Блиски Исток|Блискиот Исток]], [[Источна Азија|Источна]], [[Тихи Океан|Тихиот Океан]] или Пацификот и [[Југоисточна Азија]]. Во Европа војната завршила со капитулацијата на [[Германија]] на [[8 мај]] [[1945]], а во Азија со капитулацијата на [[Јапонија]] на [[2 септември]] [[1945]].
 
Се претпоставува дека до 1945 година околу 57 милион луѓе загинале во војната, вклучувајќи [[геноцид]] како што е [[Холокауст]]от. Втората светска војна е пример за [[тотална војна]], каде што се вклучени и [[фронт]]от и [[Бомбардирање на цивили|бомбардирањето на цивили]]. [[Атомска бомба|Атомската бомба]], [[Млазен авион|млазниот авион]] и [[Радар|радаротрадар]]от се само некои од изумите за време на војната.
 
Поствоена [[Европа]] била поделена на [[Западен свет|Западна]] и [[СССР|Советска]] [[сфера на влијание]]. Првата доживеала економска реконструкција преку [[Маршалов план|Маршаловиот план]], додека пак источните земји станале [[сателитски земји|сателити]] на [[СССР]]. Во воена смисла, Западна Европа, во најголем дел била инкорпорирана во [[НАТО]], а Источна Европа во [[Варшавски пакт|Варшавскиот пакт]], сојузи меѓу кои се водела подоцна Студената војна. Во [[Азија]], американската воена окупација на [[Јапонија]] довела до нејзина [[вестернизација]], додека пак Кина била поделена на [[Комунизам|комунистичка]] [[Кина|Народна Република Кина]] и [[Национализам|националистичка]] [[Тајван|Република Кина (Тајван)]] по кинеската социјалистичка револуција во 1949.
 
== Светот помеѓу двете светски војни ==
По поразот во [[Прва светска војна|Првата светска војна]], Германија била принудена да го потпише [[Версајски договор|Версајскиот договор]]<ref>{{цитирана книга|last=Hakim|first=Joy|title=A History of Us: War, Peace and all that Jazz|publisher=Oxford University Press|year=1995|location=New York|isbn=0-19-509514-6}}</ref> во 1919, со кој морала да отстапи околу 14% од својата територија, била обврзана да се откаже од анектирање на туѓи територии и да го ограничи бројот на војници во сопствената армија на 100.000 војници, со што и официјално бил означен крајот на Првата светска војна, тогаш уште попозната како Големата Војна, војната што се сметала за војна што ќе стави крај на сите војни. Во 20 годишниот период од 1919 до 1939 светот претрпел огромни измени, особено на политичката сцена.
 
=== СССР ===
По поразот на [[Руска Империја|Руската Империја]] во Првата светска војна во 1917 во Русија се случиле двете руски револуции кои што ќе остават траен белег врз светот не само во 20 век, туку општо во целата историја не само на Русија и Европа, туку и врз историјата на целото човештво: [[Февруарска револуција|Февруарската буржоаско-демократска револуција]], со која царот [[Николај II]] абдицирал, со што и официјално бил ставен крај на повеќе од 300 годишното владеење со Русија од страна на [[Династија Романов|царската династија Романови]], како и на 200 години старата [[Руска Империја]], и [[Октомвриска револуција|Октомвриската социјалистичка револуција]], со која во Русија на власт дошле [[Болшевици]]те предводени од страна на [[Ленин|Владимир Илич Ленин]], по што бил создаден Сојузот на Советските Социјалистички Републики или [[СССР]], уште попознат како Советски Сојуз. По смртта на Ленин во 1924, власта во СССР ја превзел еден од најбруталните диктатори општо познати на целото човештво, [[Јосиф Сталин|Јосиф Висарионович Сталин]].
 
=== Италија и Јапонија ===
Ред 40:
[[Податотека:Japanese_naval_landing_forces_blasting_Chinese_pillbox_and_marching_with_the_naval_flag,_Canton_Operation.jpg|десно|мини|Јапонските сили во [[Битка за Кантон|Битката за Кантон]].]]
[[Податотека:Shanghai1937KMT machine gun nest.jpg|лево|мини|Кинеско одбранбено гнездо во [[Битка за Шангај|Битката за Шангај]], 13 август - 26 ноември 1939.]]
Кон средината на 1937 по [[Инцидент кај мостот Марко Поло|Инцидентот кај мостот Марко Поло]], Јапонија започнала со инвазија на Кина. Советскиот Сојуз веднаш застанал на страна на Кина и почнал да испраќа помош, со што се ставил крај на соработката на Кина со Германија. Почнувајќи со [[Битка за Шангај|Битката за Шангај]], јапонските сили ја превзеле иницијативата што ги принудило кинеските сили да се повлечат, окупирајќи го главниот град на областа [[Нанкин]] во декември. Во јуни 1938 кинезите предизвикале Жолтата Река да се излее од своето корито, со што купиле време за да ја подготват одбраната на градот [[Вухан]], но сепак градот бил завземен од страна на јапонските сили во октомври истата година.<ref>Twitchett, Denis; Fairbank, John K. ''The Cambridge history of China'', стр. 566.</ref> Исто така во периодот од 29 јули до 11 август 1938, јапонците се обиделе да окупираат територија од СССР во околината на езерото Хасан, уште попознато како [[Битка кај езерото Хасан|Битката кај езерото Хасан]] или Чангкуфеншки инцидент,<ref>Coox, Alvin D. ''Nomonhan: Japan Against Russia, 1939'', стр. 189.</ref> каде што јапонците биле поразени, но претрпеле многу помали загуби од советската страна: 717 советски војници загинале, 75 исчезнати, 2752 ранети, наспроти 525 јапонски војници загинати, 913 ранети.
 
Во мај 1939 дошло до многу посериозна гранична војна помеѓу СССР и Монголија од една страна, и Јапонија и нејзината марионетска држава Манџуко од друга страна, која што завршила со договор за прекин на огнот на 15 септември истата година,
Ред 46:
 
=== Војната во Европа ===
Повод за почеток на војната во Европа било одбивањето на Полска на барањето на Хитлер градот [[Данциг]] (денешен [[Гдањск]]) и тесниот полски коридор кој ја разединувал источна Прусија од остатокот на Германија да и бидат отстапени на Германија.
 
На 1 септември 1939 Хитлер ја започнал германската инвазија со започнување на [[Блицкриг]] кампања врз Полска со што започнала војната во Европа. Франција и Велика Британија и објавиле војна на Германија на 3 септември 1939, откако Германија го одбила нивното барање за повлекување од Полска. Франција, Велика Британија и земјите од [[Комонвелт]]от обезбедиле многу мала воена поддршка за Полска. Франција извршила мал, но не многу значаен и ефективен напад на Сарската област.<ref>May, Ernest R. ''Strange Victory: Hitler's Conquest of France'', стр. 93.</ref> На 17 септември 1939, два дена по потпишувањето на примирјето со Јапонија, СССР започнал своја инвазија на Полска.<ref>Zaloga, Steven J. ''Poland 1939: The Birth of Blitzkrieg'', стр. 80.</ref> Веќе кон почетокот на октомври 1939, кампањата за окупација на Полска завршила со поделба на нејзините територии помеѓу Германија, СССР, Литванија и Словачка,<ref>Igor Baka: ''Slovensko vo vojne proti Poľsku v roku 1939'' (''Slovakia during the war against Poland in 1939''), [http://www.dejiny.sk/Casop/V_h/v_h.htm Vojenská história], 2005, No 3.</ref> иако Полска никогаш официјално не капитулирала и продолжила со воените дејствија против своите окупатори надвор од своите граници.
Ред 59:
[[Податотека:Second world war europe 1941-1942 map en.png|200п|десно|мини|Напредокот на силите на Оската во 1940 година (во сина боја) во Европа.]]
Истиот ден, 10 мај 1940, Германија започнала со инвазијата на Франција и нејзините соседи Белгија, Холандија и Луксембург. [[Битка за Холандија|Битката за Холандија]] траела од 10 мај до 14 мај 1940, а завршила со победа на Германија и капитулација на Холандија. [[Битка за Белгија|Битката за Белгија]] траела од 10 мај до 28 мај 1940, а завршила со победа на Германија и капитулација на Белгија, а со нејзината окупација завршила и окупацијата на Луксембург. Германските сили ги заобиколиле француските сили кои биле распоредени на француската одбранбена линија Мажино, преку окупираните Холандија, Белгија и Луксембург и преку Ардените. Британските сили морале да се евакуираат од континентална Европа преку пристанишниот град [[Денкерк]]. На 10 јуни 1940 и Италија им објавила војна на Франција и Велика Британија,<ref name="FreeFromFear439">Kennedy, David M. ''Freedom from Fear: The American People in Depression and War, 1929–1945'', стр. 439.</ref> а 12 дена подоцна Франција капитулирала, иако официјалниот датум за почетокот на [[Битка за Франција|Битката за Франција]] е 10 мај 1940, а официјалниот датум за крајот на битката со победа на Германија и капитулација на Франција е 25 јуни 1940. Франција била поделена на германска окупациона зона, италијанска окупациона зона и независна зона под контрола на квислиншка влада на чело со [[Маршал Петен]] со седиште во Виши, уште попозната како [[Вишки режим|Вишкиот режим]].<ref>Militärgeschichtliches Forschungsamt. ''Germany and the Second World War&nbsp;— Volume 2: Germany's Initial Conquests in Europe'', стр. 311.</ref> На 14 јули 1940 британските сили ја нападнале француската морнарица во Алжир со цел да ја спречат Германија да превземе команда врз истата.<ref>Brown, David. ''The Road to Oran: Anglo-French Naval Relations, September 1939 – July 1940'', стр. xxx.</ref>
 
[[Податотека:Supermarinespitfire.JPG|лево|мини|Британски [[Супермарин Спитфаер]], борбен авион во кралската авијација, често користен во [[Битка за Британија|Битката за Британија]].]]
Ред 68:
Оската се проширила во ноември 1940, кога Унгарија, Словачка и Романија се придружиле на Тројниот Пакт.<ref name="Tripartite Pact">"Tripartite Pact", in Dear and Foot, ed., ''Oxford Companion to World War II'', стр. 877.</ref> Овие држави учествувале во подоцнежната инвазија на Советскиот Сојуз, особено Романија, која што помогнала најмногу во инвазијата, со цел да си ги поврати своите територии анектирани од страна на СССР, следејќи ја антикомунистичката идеологија на својот лидер, премиерот на Романија, [[Јон Антонеску]].<ref>Dennis Deletant, "Romania", in Dear and Foot, ed., ''Oxford Companion to World War II'', стр. 745–46.</ref>
На 29 октомври 1940 Италија ја започнала [[Грчко-Италијанска Војна|Грчко-Италијанската Војна]], која завршила на 23 април 1941 со победа на Грција. Италијанските трупи биле принудени да се повлечат назад во Албанија.<ref>Clogg, Richard. ''A Concise History of Greece'', стр. 118.</ref> Кратко по ова, британски сили од Комонвелтот започнале офанзиви против Египет и териториите окупирани од страна на Италија во источна Африка. Кон почетокот на 1941, италијанските сили биле принудени да се повлечат во Либија, по што Черчил наредил испраќање на трупи од Африка во Грција во форма на воена помош. Италијанската морнарица исто така претрпела значајни порази од кралската морнарица во [[Битка кај Таранто|Битката кај Таранто]], каде што изгубила 3 воени бродови, а и подоцна претрпела загуби во [[Битка за Кејп Матапан|Битката за Кејп Матапан]].<ref>Jackson, Ashley. ''The British Empire and the Second World War'', стр. 106.</ref>
 
[[Податотека:German_paratroopers_jumping_From_Ju_52s_over_Crete.jpg|десно|мини|Германски падобранци во инвазијата на грчкиот остров Крит.]]
Ред 101:
[[Податотека:Pearl_harbour.png|лево|мини|Од лево кон десно: Бојните бродови „Вест Вирџинија“ (сериозно оштетен), „Тенеси“ (оштетен) и потонатиот „Аризона“ по јапонскиот напад на Перл Харбор.]]
[[Податотека:Australian 2-pdr anti-tank gun in action at Bakri on the Muar-Parit Sulong Road.jpg|десно|мини|Австралиски војници пукаат врз јапонските тенкови на патот Муар-Парит Сулонг.]]
Два дена подоцна, по Гринич, на 7 декември 1941, односно три дена подоцна, по азиско време, на 8 декември 1941, [[Напад на Перл Харбор|Јапонија ја нападнала американската воено-поморска база Перл Харбор на Хаваите]], што резултирало со катастрофални човечки и материјални загуби за САД. Истиот ден, Јапонија ги нападнала британските, холандските и американските упоришта во југоисточна Азија и во централните делови на Тихиот Океан. По овие настани, САД, Велика Британија, Австралија, заедно со нивните западни сојузници и Кина, која веќе војувала со Јапонија во Втората Кинеско-јапонска војна, и објавиле војна на Јапонија. На ова, Германија и другите држави членки на Оската реагирале со тоа што им објавиле војна на САД. Со ова, вооружениот конфликт и официјално станал Втора светска војна. Исто така на 8 декември 1941 започнала [[Битка за Малаја|Битката за Малаја]], тогаш окупирана од страна на Велика Британија, која што траела до 31 јануари 1942, а завршила со победа на Јапонија. За време на Првата Вашингтонска Конференција, уште попозната како [[Аркадија Конференција]]та, која траела од 22 декември 1941 до 14 јануари 1942, во престолнината на САД, Вашингтон, на 1 јануари 1942 била потпишана [[Декларација на Обединетите Нации|Декларацијата на Обединетите Нации]] од страна на владите на САД, Велика Британија, СССР, Кина и 22 помали или прогонети влади, со што била потврдена Атлантската Повелба.<ref>Mingst, Karen A.; Karns, Margaret P. ''United Nations in the Twenty-First Century'', стр. 22.</ref> Советскиот Сојуз не се придржувал до Декларацијата, бидејќи не и објавил војна на Јапонија, придржувајќи се до Советско-јапонскиот пакт за неутралност потпишан во Москва на 13 април 1941,<ref> Dunn, Dennis J. ''Caught Between Roosevelt & Stalin: America's Ambassadors to Moscow'', стр. 157.</ref><ref>According to Ernest May (''The United States, the Soviet Union and the Far Eastern War''. The Pacific Historical Review. V. 24. No. 2. (1955) стр. 156) Churchill pointed out: "Russian declaration of war on Japan would be greatly to our advantage, provided, but only provided, that Russians are confident that will not impair their Western Front".</ref> изземајќи се од принципот на самоодлучување, загарантиран со Декларацијата<ref name="AdvenBrit223"/>.
[[Податотека:IWM-E-6724-Crusader-19411126.jpg|лево|мини|Британски [[Crusader тенк]]ови напредуваат во северна Африка.]]
Ред 114:
На 3 мај 1942, Јапонија ја започнала [[Операција Мо|Операцијата Мо]], чијашто цел била завземање на пристанишниот град Морсби, со што ќе можела да ги прекине комуникациските врски и рутите низ кои што поминувале залихите и ресурсите помеѓу САД и Австралија. Но Сојузниците возвратиле на ударот, по што јапонските сили биле принудени да се повлечат.<ref>Maddox, Robert James. ''The United States and World War II'', стр. 111–12.</ref> По бомбардирањата на Токио на 18 април 1942 од страна на сојузниците, уште попознати како [[Дулитлов Напад|Дулитловиот Напад]], Јапонија планирала окупирање на Мидвејскиот атол, со цел да ги поттикне американските носачи на авиони да возвратат на нападот, по што би биле уништени од страна на јапонските сили. Како диверзија, Јапонија ја започнала [[Кампања за Алеутиските Острови|Кампањата за Алеутиските Острови]] на 3 јуни 1942.<ref>Salecker, Gene Eric. ''Fortress Against the Sun: The B-17 Flying Fortress in the Pacific'', стр. 186.</ref> Кон почетокот на јуни, Јапонија ги започнала воените операции, но американските сили, располагајќи со разузнавачки информации од јапонските воени штабови, до кои што дошле кон крајот на мај 1942, свесни за стапицата поставена од страна на Јапонија, ја искористиле оваа можност за да и нанесат силен удар на империјалната јапонска морнарица.<ref>Ropp, Theodore. ''War in the Modern World'', стр. 368.</ref> [[Битка за Мидвеј|Битката за Мидвеј]] траела од 4 јуни до 7 јуни 1942, а завршила со одлучна победа на Сојузниците. Со својот капацитет за агресивна акција намален по Битката за Мидвеј, Јапонија одбрала да се фокусира на повторниот обид за окупирање на пристанишниот град Морсби, овој пат преку [[Кокода Трак кампања]]та, чија цел била окупирање на целата територија на Папуа.<ref>Weinberg, Gerhard L. ''A World at Arms: A Global History of World War II'', стр. 339.</ref> Кампањата започнала на 21 јули 1942, а завршила на 16 ноември 1942 со стратешка победа на Сојузниците. САД, од друга страна, планирале контра-напад насочен кон јапонските позиции во јужните делови на [[Соломонски острови|Соломонските Острови]], особено Гвадалканал како прва фаза да окупирање на пристанишниот град Рабаул, кој тогаш бил главна база на јапонските сили во југоисточна Азија.<ref>Gilbert, Adrian. ''The Encyclopedia of Warfare: From Earliest Times to the Present Day'', стр. 259.</ref> И двата плана преминале кон реализација од страна на Сојузниците, [[Битка за Гвадалканал|Битката за Гвадалканал]] започнала на 7 август 1942, а кон средината на септември 1942, јапонските сили, за кои што Гвадалканал сега станал приоритет, биле принудени да се повлечат кон пристанишниот град Морсби, каде што се соочиле со сојузничките трупи на САД и Австралија во [[Битка за Буна-Гона|Битката за Буна-Гона]], која траела од 16 ноември 1942 до 22 јануари 1943, а завршила со победа на Сојузниците.<ref>Swain, Bruce. ''A Chronology of Australian Armed Forces at War 1939–45'', стр. 197.</ref> Гвадалканал бил во центарот на фокусот и на двете страни, кои што вложиле многу средства и реурси, човечки и материјални, секоја со цел да извојува победа. Битката за Гвадалканал завршила на 9 февруари 1943 со стратешка победа на Сојузниците.<ref>Hane, Mikiso. ''Modern Japan: A Historical Survey'', стр.340.</ref>
Во Бурма, силите на Комонвелтот започнале две операции. Првата била офанзива во Араканскиот регион, уште попозната како [[Прва Араканска Офанзива|Првата Араканска Офанзива]], која започнала кон крајот на 1942, а завршила неуспешно, принудувајќи ги силите на Комонвелтот да се повлечат кон Индија кон почетокот на мај 1943.<ref>Marston, Daniel. ''The Pacific War Companion: From Pearl Harbor to Hiroshima'', стр. 111.</ref> Втората била офанзива во Бурма, уште попозната како [[Операција Лонгклот|Операцијата Лонгклот]], која започнала кон почетокот на февруари 1943, а завршила кон крајот на април 1943 со дубиозни резултати за Сојузниците.<ref>Brayley, Martin. ''The British Army, 1939–45'', стр. 9.</ref>
 
[[Податотека:Bundesarchiv Bild 183-B28822, Russland, Kampf um Stalingrad, Infanterie.jpg|лево|мини|Германски војници и оклопни возила напредувајќи кон [[Сталинград]], 1942.]]
Ред 132:
По Битката за Гвадалканал, Сојузниците започнале операции против Јапонија во водите на Тихиот Океан. Во мај 1943, американските сили биле испратени да ги елиминираат јапонските сили на Алеутиските Острови<ref>Thompson, John Herd; Randall, Stephen J. ''Canada and the United States: Ambivalent Allies'', стр. 164.</ref> и започнале големи операции за опколување на пристанишниот град Рабаул со завземање на островите кои го опколувале, а исто така ја започнале [[Кампања за Гилбертските и Маршалските Острови|Кампањата за Гилбертските и Маршалските Острови]] во ноември 1943, со цел да го пробијат јапонскиот одбранбен периметар, која завршила во февруари 1944 со победа на американските сили, а до крајот на март 1944 американските сили успеале и да ја постигнат својата цел за опколување на Рабаул.<ref>''Freedom from Fear: The American People in Depression and War, 1929–1945'', стр. 610.</ref> На 15 август 1943 завршила Кампањата за Алеутиските Острови со победа на Сојузниците. Со [[Операција Хеилстоун|Операцијата Хеилстоун]], која траела од 17 февруари до 18 февруари 1944, а завршила со победа на американските сили, била неутрализирана уште една голема јапонска база на Каролинските Острови. На 22 април 1944 Сојузниците ја започнале [[Кампања за Западна Нова Гвинеја|Кампањата за Западна Нова Гвинеја]], која траела до крајот на војната, кога завршила со победа на Сојузниците.<ref>Rottman, Gordon L. ''World War II Pacific Island Guide: A Geo-Military Study'', стр. 228.</ref>
Во Средоземното Море, Сојузниците ја започнале [[Инвазија на Сицилија|Инвазијата на Сицилија]], која траела од 9 јули до 17 август 1943, а завршила со победа на Сојузниците. Нападот на италијанското тло, заедно со претходните неуспеси на режимот на Бенито Мусолини придонеле за негово апсење кон крајот на јули 1943.<ref>O'Reilly, Charles T. ''Forgotten Battles: Italy's War of Liberation, 1943–1945'', стр. 32.</ref> По окупацијата на Сицилија, Сојузниците ја започнале [[Инвазија на Италија|Инвазијата на Италија]], која траела од 3 септември до 16 септември 1943, а завршила со победа на Сојузниците, додека во меѓувреме Италија капитулирала на 8 септември 1943.<ref>McGowen, Tom. ''Assault From The Sea: Amphibious Invasions in the Twentieth Century'', стр. 43–44.</ref> По капитулацијата на Италија, Германија реагирала со разоружување на италијанските војници на териториите неокупирани од страна на Сојузниците, преземање контрола врз италијанските територии<ref>Lamb, Richard. ''War in Italy, 1943–1945: A Brutal Story'', стр. 154–55.</ref> сè уште неокупирани од страна на Сојузниците и поставување серии на одбранбени линии.<ref>Hart, Stephen; Hart, Russell. ''The German Soldier in World War II'', стр. 151.</ref> На 12 септември 1943 германски тим на воени специјалци го ослободиле Мусолини, по што тој ја формирал марионетската држава [[Социјална Република Италија]]<ref>Blinkhorn, Martin. ''Mussolini and Fascist Italy'', стр. 52.</ref> на северните делови од Италија тогаш под окупација на Германија. Сојузниците се бореле низ повеќе одбранбени линии, сè додека не стигнале до главната германска одбранбена линија кон средината на ноември 1943, уште попозната како Зимската Линија.<ref>Read, Anthony; Fisher, David. ''The Fall of Berlin'', стр. 129.</ref> [[Битка за Монте Касино|Битката за Монте Касино]] траела од 17 јануари до 18 мај 1944, а завршила со стратешка победа на Сојузниците. [[Битка за Анзио|Битката за Анзио]], уште попозната како Операција Шингл траела од 22 јануари до 5 јуни 1944, а завршила со победа на Сојузниците. Кон крајот на мај 1944, со успешниот тек на овие две офанзиви, германските сили биле принудени да се повлечат, по што на 4 јуни 1944 Рим бил завземен од страна на силите на Сојузниците.<ref>Havighurst, Alfred F. ''Britain in Transition: The Twentieth Century'', стр. 344.</ref>
 
[[Податотека:Teheran_conference-1943.jpg|десно|мини|Лидерите на [[Техеранска Конференција|Техеранската Конференција]], од лево кон десно: Сталин(СССР), Рузвелт(САД) и Черчил(Велика Британија), 28 ноември-1 декември 1943.]]
Ред 147 ⟶ 146:
 
[[Податотека:Approaching_Omaha.jpg|десно|мини|Сојузничката [[Инвазија на Нормандија]], 6 јуни 1944.]]
На 6 јуни 1944, сојузничките сили преку Ла Манш, или Англискиот канал, се истовариле на северните брегови на Франција, тогаш под окупација на Германија, во областа Нормандија, уште попознато како [[Денот Д]] или [[Операција Оверлорд]], со што започнала [[Инвазија на Нормандија|Инвазијата на Нормандија]], која траела од 6 јуни 1944 до средината на јули 1944, а завршила со одлучна победа на Сојузниците, со што и официјално бил отворен западноевропскиот фронт. На 15 август 1944, со помош на сојузничките дивизии од Италија, биле завземени јужните делови на Франција, тогаш под окупација на Германија, уште попознати како [[Инвазија на јужна Франција|Инвазијата на јужна Франција]] или како [[Операција Dragoon|Операцијата Dragoon]].<ref>Weinberg, Gerhard L. A World at Arms: A Global History of World War II, стр. 695.</ref> По овие успешни офанзиви следела [[Битка за Париз|Битката за Париз]], која траела од 19 август до 25 август 1944,<ref>Badsey, Stephen. ''Normandy 1944: Allied Landings and Breakout'', стр. 91.</ref> а завршила со победа на Сојузниците и слободните француски трупи. По ова следела офанзива на Сојузниците низ Франција, по што силите на Оската биле принудени да се повлечат источно од реката Рајна до крајот на 1944. Сојузниците направиле и обид за [[падобранска инвазија на Холандија]] со [[Операција Маркет Гарден|Операцијата Маркет Гарден]], која траела од 17 септември до 25 септември 1944, но завршила неуспешно за Сојузниците.<ref>"Market-Garden", in Dear and Foot, ed., ''Oxford Companion to World War II'', стр. 877.</ref> Сојузниците исто така напредувале и во Италија, стигнувајќи до последната голема одбранбена линија на силите на Оската во Италија, [[Линија Готик|Линијата Готик]].
 
На 22 јуни 1944, советските сили ја започнале нивната стратешка офанзива во Белорусија со [[Операција Багратион|Операцијата Багратион]], која траела до 19 август 1944, а завршила со одлучна победа на советските сили, што довело до речиси целосно уништување на германската воена група Центар.<ref>The operation "was the most calamitous defeat of all the German armed forces in World War II". Zaloga, ''Bagration 1944: The destruction of Army Group Centre'', 7.</ref> На 13 јули 1944 советските сили ја започнале [[Лвовско-Сандомоерзка Офанзива|Лвовско-Сандомиерзката Офанзива]], која траела до 29 јули 1944, а завршила со победа на советските сили, по што силите на Оската биле принудени да се повлекуваат од западна Украина и источна Полска. Успешните офанзиви на советските сили биле поттик за полскиот и словачкиот отпор да организираат серии на востанија против силите на Оската, очекувајќи помош од советските сили, но најголемите востанија од овие, [[Варшавско Востание|Варшавското Востание]], кое траело од 1 август до 2 октомври 1944, и [[Словачко Национално Востание|Словачкото Национално Востание]], кое траело од 29 август до 28 октомври 1944, воопшто не биле потпомогнати од страна на советските сили, поради што и двете завршиле со неуспех.<ref>Berend, Tibor Iván. ''Central and Eastern Europe, 1944–1993: Detour from the Periphery to the Periphery'', стр. 8.</ref> Иако победата во востанијата ја однеле силите на Оската, нивните започнувања и крвавите задушувања биле дел од стратегијата на советските власти, кои што сакале со почнувањата и задушувањата на востанијата да ги скршат националистичките отпори во Полска и Словачка. [[Јаси-Кишиневска Офанзива|Јаси-Кишиневската Офанзива]], која траела од 20 август до 29 август 1944, а завршила со одлучна победа на советските сили, ги принудила силите на Оската да се повлечат од источна Романија. На 23 август 1944, [[романски крал Михаил I|романскиот крал Михаил I]], поддржан од романската армија и Советскиот Сојуз го симнал од власт романскиот диктатор Јон Антонеску, уште попознато како романскиот државен удар од 1944 предводен од страна на кралот Михаил I. По ова, Романија преминала на страна на Сојузниците. На 5 септември 1944 Советскиот Сојуз и објавил војна на Бугарија, која му се придружила на Тројниот Пакт на 1 март 1941. На 7 септември 1944, советските сили ја окупирале Бугарија наидувајќи на речиси никаков отпор. По ова, и Бугарија преминала на страна на Сојузниците. Во септември 1944, советските сили навлегле во териториите на Југославија, принудувајќи ги германските воени групи [[Воена група Е|Е]] и [[Воена група Ф|Ф]] на брзо повлекување кон Грција, Албанија и јужните и западните делови на Југославија. Југословенските партизани, предводени од страна на [[Јосип Броз Тито]] во тој период ги држеле под своја контрола тие делови од Југославија, по што започнале офанзива против германските сили, принудувајќи ги да се повлечат јужно кон Грција. Во северните делови на Србија, југословенските партизани, предводени од страна на Јосип Броз Тито, потпомогнати од страна на Црвената Армија и ограничена помош од страна на бугарските сили, сега на страна на Сојузниците, ја започнале [[Белградска Офанзива|Белградската Офанзива]], која траела од 14 септември до 24 ноември 1944, а завршила со победа на Сојузниците. Белград бил ослободен на 20 октомври 1944. На 29 октомври 1944, советските сили ја започнале [[Будимпештанска Офанзива|Будимпештанската Офанзива]], која завршила со [[Опсада на Будимпешта|Опсадата на Будимпешта]], која траела од 29 декември 1944 до 13 февруари 1945, а завршила со победа на советските сили потпомогнати од романските сили, сега на страна на Сојузниците, со што и Будимпештанската Офанзива завршила со победа на Сојузниците. По ова, и Унгарија преминала на страна на Сојузниците.<ref>Wiest, Andrew A.; Barbier, M. K. ''Strategy and Tactics Infantry Warfare'' стр. 65, 66.</ref>
 
Продолжената [[Советско-финска војна]], која траела од 25 јуни 1941 до 19 септември 1944 завршила со победа на Советскиот Сојуз, по што Финска била приморана да го потпише [[Московско Примирје|Московското Примирје]],<ref>Wiktor, Christian L. ''Multilateral Treaty Calendar – 1648–1995'', стр. 426.</ref><ref name=newton>{{цитирана книга|author=Steven H. Newton|title=Retreat from Leningrad : Army Group North, 1944/1945|publisher=Schiffer Books|location=Atglen, Philadelphia|year=1995}}</ref> потпишано на 19 септември 1944 во Москва, со кое морала да му отстапи дополнителни територии на СССР поради сојузништвото со силите на Оската, како и да ги легитимизира социјалистичките и комунистичките движења во Финска, а паралелно со тоа и да ги забрани сите движења во Финска кои што Советскиот Сојуз ги сметал за фашистички или про-фашистички ориентирани. По ова, и Финска преминала на страна на Сојузниците. Конечниот мировен договор помеѓу СССР и Финска бил потпишан во Париз на 10 февруари 1947, по [[Париска Мировна Конференција|Париската Мировна Конференција]], која што се одржала во престолнината на Франција, Париз, од 29 јули до 15 октомври 1946, со кој Финска била обврзана да му исплати 300 милиони американски долари на СССР во форма на воена оштета.
Ред 160 ⟶ 159:
[[Податотека:Soviet Znamya Pobedy.svg|200п|десно|мини|Знамето на победата поставено над зградата на Рајхстагот по нејзиното завземање за време на [[Битка за Берлин|Битката за Берлин]].]]
[[Податотека:AmericanAndSovietAtElbe.jpg|десно|мини|Американски и советски војници се сретнуваат источно од реката Елба, 25 април 1945.]]
На 16 декември 1944, германските сили ја започнале [[Арденска Офанзива|Арденската Офанзива]], позната под името [[Стража на Рајна]], историски уште попозната како [[Битка на Испакнатоста|Битката на Испакнатоста]], која траела до 25 јануари 1945, а завршила со победа на Сојузниците. Советските сили навлегле преку Унгарија во териториите под германска окупација во централнаСредна Европа. Германските сили почнале со повлекување од Грција и Албанија преку Југославија, по што на 20 март 1945, југословенските партизани започнале офанзива против германските сили во западна Југославија.<ref name="WorldArms758">Weinberg, Gerhard L. ''A World at Arms: A Global History of World War II'', стр. 758, 820.</ref> Во Италија, силите на Сојузниците биле задржани на Готик Линијата од страна на германските сили. На 12 јануари 1945, советските сили ја започнале [[Вистуло-Одерска Офанзива|Вистуло-Одерската Офанзива]], која траела до 2 февруари 1945, а завршила со победа на советските сили. Паралелно советските сили ја започнале и [[Источнопруска Офанзива|Источнопруската Офанзива]], која траела од 13 јануари до 9 мај 1945, а завршила со победа на советските сили.<ref>Glantz, David M. ''The Soviet-German War 1941–1945: Myths and Realities: A Survey Essay'' стр. 85.</ref>
[[Податотека:Yalta summit 1945 with Churchill, Roosevelt, Stalin.jpg|десно|мини|Лидерите на [[Конференција во Јалта|Конференцијата во Јалта]], од лево кон десно: Черчил(Велика Британија), Рузвелт(САД) и Сталин(СССР), 4 февруари-11 февруари 1945.]]
Ред 181 ⟶ 180:
[[Податотека:Japanese-surrender-mac-arthur-color-ac04627.jpg|десно|мини|Американскиот генерал [[Даглас МекАртур]] ја потпишува капитулацијата на Јапонија на бојниот брод „Мисури“, 2 септември 1945.]]
По одбивањето на барањето на Сојузниците за безусловна капитулација од страна на Јапонија, САД ги фрлиле првите [[атомска бомба|атомски бомби]] врз јапонските градови, по претходно издадена дозвола од страна на претседателот Труман, [[Малото момче]] врз Хирошима, на 6 август 1945, и [[Дебелиот човек]] врз Нагасаки, на 9 август 1945. На 9 август 1945 СССР започнал со [[Советска инвазија на Манџурија|Советската инвазија на Манџурија]], која завршила на 20 август 1945 со одлучна победа на советските сили. Јапонија капитулирала на 2 септември 1945, со што и официјално завршила Втората светска војна.<ref name="BritWarxiv" />
 
 
 
 
 
 
== Наводи ==
Ред 196 ⟶ 190:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Глобални конфликти]]
[[Категорија:Судири во 1939 година]]